Мачки (општи дискусии)

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
еден другар има мачка. постара е малце и се омачи летово, ги раздаде мачињата и си задржа едно
го крстил бист :). му праев мајтап за името ама кога појдов еднаш кај него( гледавме натпревар во светското) малце го задевнав мачорот, и почна да ме демни и од слепи агли да ме напаѓа, ни утакмица е виде ни ништо. ко некоја нинџа беше мачево, цело време каса, се беси и греби
а немаше 3 месеци
страшна работа
 
L

Lu

Гостин
Барам да купам Сијамско маче,женско и да не е постаро од 2 месеци.
Кој има мали сијамчиња нека ме контактира на ПП.
 
Член од
8 ноември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
6
Леле колку прекрасни фотографии од мачки и мачорчиња. И јас сум глоем љубител. Си имам маче, мало и слатко, бушавко и кафено, ама сакам повеќе. Сакам жолто маче, црно, сиво, зелено, портокалово, бело, сино... :pos2:
 
L

Lu

Гостин


Ориентална мачка е ова или пак? Колку пари чини една ваква мачка?
Да,ориентална мачка е,еве и од википедија нешто за неа http://en.wikipedia.org/wiki/Oriental_Shorthair

Само во Македонија мислам дека нема ваква раса на мачка.
А и да ја има,бидејќи е многу ретка сигурно е скапа.
 
L

Lu

Гостин
Многу убав Сијамец :wub:

Него ај ако сакаш кажи ми нешто повеќе за неговиот карактер.
Бидејќи јас барав подолго време мало Сијамско маченце и конечно најдов и утре ќе одам да го купам,машко ќе биде,2 месечно.
Па дека ќе биде иста раса Сијамче и машко исто како твоето веројатно ќе имаат и сличен карактер кој е одлика на Сијамците.
Имам слушнато дека Сијамските мачки имаат многу јак и понекогаш остар карактер,а јас ќе го чувам во стан значи нонстоп дома ќе биде,нема да го пуштам надвор и плус тоа чувам и куче од расата Пудла па и тоа се мислам како ќе се прилагодат.
За Пудлата нема гајле ја имам дресирано да не реагира на мачки и е многу паметна,него за Сијамчето ми е како оно ќе се прилагоди на почеток спрема кучето.
 
L

Lu

Гостин
Само што си купив 2месечно Сијамско маченце,многу е слатко,вечер или утре ќе ставам слики да го видите бомбончето :wub:
Пред да го земам си мислев како ќе се прилагоди спрема кучето,бидејќи во стан нонстоп ќе се заедно,но се изненадив ова малово Сијамчево одма отиде накај кучето ич не се исплаши и си се издушкаа и легна кучето и ова малово одма до него легна на фотеља за да си се стопли од крзното на кучето.
Баш ми е мило што одма моментално се спријателиа и еве ги сега си спијат заедно на фотеља.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Ова е дефинитивно најдепресивниот мачор што го имам видено!

 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Многу убав Сијамец :wub:

Него ај ако сакаш кажи ми нешто повеќе за неговиот карактер.
Бидејќи јас барав подолго време мало Сијамско маченце и конечно најдов и утре ќе одам да го купам,машко ќе биде,2 месечно.
Па дека ќе биде иста раса Сијамче и машко исто како твоето веројатно ќе имаат и сличен карактер кој е одлика на Сијамците.
Имам слушнато дека Сијамските мачки имаат многу јак и понекогаш остар карактер,а јас ќе го чувам во стан значи нонстоп дома ќе биде,нема да го пуштам надвор и плус тоа чувам и куче од расата Пудла па и тоа се мислам како ќе се прилагодат.
За Пудлата нема гајле ја имам дресирано да не реагира на мачки и е многу паметна,него за Сијамчето ми е како оно ќе се прилагоди на почеток спрема кучето.
Значи вака,мачето е супер се гали,ама не секогаш кога ти ќе посакаш туку обратно.Обично спие само кај еден член од семејството,а за пудлата мислам дека пудлата ќе бега од него,дека и комшиите имаат и кога мачоров ќе ја види она почнува да цивка.
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
68
Поени од реакции
13
Иам маче, машко е, Марко се вика, целото е црно со зелени очи. Абе убавец е, само нејќе да се гале и овие денови многу шета по моми :D
Општо, многу сакам мачки, многу се специфични суштества.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Мачкава цела вечер ја немаше и кога дојде сабајле и дадов парче салама, ја изеде на брзина и поврати.. Ми се чинит и дека бојана на очине и е сменета некако чудни и се.. Шо мој да му е? Да ја носам на ветринар?
 
T

Tetro

Гостин
Персиско маче ги шокираше своите сопственици кога се појавило од машината за перење алишта, откако ја преживеало целата програма за перење, вклучувајќи и центрифуга.

Персиско бело маче, старо четири месеци, преживеало перење и центрифуга во машината за алишта, каде случајно влегло, а сопствениците не го забележале.

Сопствениците на мачето Кимба, момчето Брендон Роџерс и неговата мајка Линда од Сиднеј, биле шокирани кога од машината, по завршувањето на перењето, го извадиле и домашното галениче живо, влажно и малку зашеметено.

Линда вели дека мачето незабележано влегло во машината за перење пред да ја вклучат програмата, за среќа на ниска температура.

Најсреќен бил Брендон, а мачето потоа го однеле на ветеринар, каде примило интравенозна терапија за да закрепне од шокот и од дејството на детергентот и ладната вода.

„Навистина е зачудувачки како преживеа, но сепак тоа е само еден од деветте животи на мачката“, изјави Брендон.



http://www.taratur.com/node/15840
 

Kajgana Shop

На врв Bottom