Мачки (општи дискусии)

Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Пред месец ипол се породи мачката, 3 мачиња, пред само 5-6 дена едно од мачињата го најдов мртво, немаше никакви знаци на труење, не ја знам причината за смртта, а пред само 2 дена едно од мачињата исчезна. Ги чував во подрум, па си помислив дека се бутнало негде, дека нема да им е прв пат... денес го најдов, т.е. најдов дел од него, една од шепите, не знам што може да биде. Има многу мачори во околината, претпоставувам дека тоа може да биде дело или на некој мачор или на некое куче... Не сакам и последното маче да го најдам мртво :(
Кога веќе едно, поарно да го преместиш некаде кај шо ти се движиш повеќе, а помалку се движат маалските мачки и кучиња. :) Знам оти е нај-obvious совет, ама друго решение не верувам да има. :)
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
не ни знаев дека постои такво нешто како гребалката, али изгуглав сега и видов што е тоа :D
другите што имате гребалка, ви помага тоа да ја држите мачката подалеку од мебелот ?
Не знам дали до сега веќе зема маче но те гледам ептен си во двоумица, сакаш да земеш но се плашиш што те чека, па можеби ти треба потурнување и разјаснување. :)

Значи сите недостатоци кои мачките ги имаат ќе ги заборавиш во момент кога мачето ќе ти стапне дома. Навика за WC, кај и стои храната, водата, каде и е послано за спиење и сл. ќе ги научи брзо. Може еднаш двапати да згреши но биди трпелив. Ако и обезбедиш ниска кутија со песок доволно е еднаш двапати да и покажеш кај стои и сама ќе си оди кога има потреба. Миризливиот песок е ефтин и мене ми трае 2 месеци одприлика, немој на секое идење во WC да и го менуваш, така нема да ти трае ни недела, ќе си оцениш. Мачката нема да иде во WC ако песокот и е многу загаден и тогаш може да се олесни во некој ќош.

Сувата храна за мачки е ефтина, особено ако ја купуваш рефус. Јас на мојата и давам по некогаш и од мојот оброк пошто кога ќе намириса нешто што и се допаѓа иди тргни ја. Сака мевце, риба, костени, пченка, тиква и такви работи. Не треба да и се дава блага храна дека неможат да ги преработуваат шеќерите, исто немој луто и презачинето.

За гребење по намештај и теписи, точно е дека гребе, така ги оштри ноктите. Јас не и ги сечам ноктите на мојата, но мене само по теписи ми гребе или ако оставам некоја голема картонска кутија (од машина, фрижидер и сл.). Некоја голема штета ми нема направено, момеби некое конче отпарала, но кожата не верувам дека ќе и биде интересна, они сакаат нешто порапаво каде ќе можат да ги заријат ноктите. А можеби кожата ќе и биде омилена хаха, не знам. Сепак за секој случај покривка на намештајот или купи и cat tree ако си загрижен. Мојата ако ја фатам на дело и и свикам не престанува, знае дека со дерење неможам да и наштетам, но ако станам и тргнам накај неа ја снемува за секунда. :D

Кога ќе ја земеш однеси ја на ветеринар чисто за разговор, ќе ти даде по некој совет и ќе ти каже на која возраст се вакцинира и сл. Вакцината е 500 ден и еднаш годишно се вакцинира до 4-5 год мислам, ветеринарот знае најдобро. Апчиња за глисти се препорачуваат на 3 месеци по 20 ден е половинче за мала килажа, за мало маче можеби и четвртинка. Јас не одам на секои 3 месеци одам 2 пати годишно и не е воопшто проблем. Мојата мачка ја чувам во стан, ја имам повеќе од 10 години и до сега само двапати има фатено болви, еднаш самите се изгубија одкога им го уловив главниот, вториот пат на ветеринар и ставија ампула и изумреа. Некој и ги донесе болвите од надвор, инаку кај во стан ќе фати.

Јануари/февруари и уште некој рандом месец ги фаќа нагон за парење и знаат да мјаукаат и да бидат напорни навечер. Мојата не е стерилизирана, не ја стерилизирав на време и така остана. Сега на 10 год нема поента а и помалку замара. Значи не е страшно и да не ја стерилизираш/кастрираш, ниту ќе умре ниту ќе се поремети хормоснки, само ќе биде досадна кога ќе јанфати циклус за парење (2-3 пати годишно, по една недела плус минус им трае).

Зависи од раса до раса, мојата е краткодлака и проблем со влакна немам многу. Само на пролет некој месец два дур ја смени, проблемот кај мене е што е бела и повеќе се познаваат. На алишта немам влакна дека ги чувам во шифоњер и не ги оставам рандом по столици и фотељи. Проблеми со влакна повеќе имаат овие што чуваат раси како ангорка, персиска и др. што имаат долго влакно.

Мачките гризат и гребат. Некогаш гризат кога си играат или предупредувачки но не стискаат многу за да не те повредат но ако те гризне ако ја гњавиш и е нервозна знае и да те прегриза па инда пушти малце крв. Не паничи не е ништо страшно и најверојатно си го заслужил! Си играат многу, сакаат да се закачкаат па бегаат. Или те бркаат низ куќа ако ти им бегаш. Врвки обожаваат!

Немораш да ја бањаш, мачка е. Освен ако излегува надвор од стан/куќа тогаш да. Инаку ако ја чуваш дома таа ќе се лиже со саати на ден и ќе биде чиста. Мачките не мирисаат. Но ако ти дозволува да ја бањаш и ти си ок со тоа, претпоставувам нема штета. Јас и оставам чиста вода па она сама си брца нозе и се лиже па после и менувам чиста вода.

Животни се, но пак сакаат внимание. Ако сум во една соба и отидам во друга одма ме следи, не сака да седи сама. Ако работам на компјутер она се качила на куќиштето и ме демне. Ако легнам да гледам ТВ ќе дојде да се мази. Јас и имам едно мекичко како ќебенце послано за спиење и најчесто таму спие, но зимно време преферира да спие со мене до нозе, под јорган или пак на термо печка. Си сака топло. Пошто е чиста не ми пречи. Некад се будиш и осеќаш тежина на гради, отвараш очи и ја гледаш мачката си се оптегнала на тебе. Дури спијам не ме пипа, може да дојде само да ме душне. Јас сум многу толерантен и и давам повеќе слобода. Доколку несакаш да ти се качува на постелнина или не знам регали и сл. ќе мора од мала да ја учиш што и е дозволено, но не знам колку ќе има ефект, сепак не е куче да го дресираш.

Се плаши од мали деца што ја тегнат и и врескаат во фаца па не е толку толерантна кога ја галат, брзо и здосадува и знае предупредувачки да гребне или касне, затоа не ја оставам сама пошто лесно и ги читам сигналите (body language) и знам кога е доста. Има разни карактери на мачки од тотално пасивни кои спијат и предат по цел ден до агреснивни и активни така да земи го мојот случај со резерва.

И така. Не се преоптеретувај многу и земај. Интересно животно, кога ќе се преврти на грб за да ја галиш и чешкаш, или ако си излезен кога се враќаш те чека на врата таква целата среќна дека си се вратил (не и е за храната стварно!). Пеглаш тазе перена кошула, таква мириса на омекшивач, ти идеш до WC да се средиш и се враќаш и ја наоѓаш мачката оптегната на кошулата и ти ја прави најневината фаца евар и толку немоќен си. :D

Мачка не е за секого, но ако можеш да им прогледаш низ прсти за тие неколку недостатоци и ако не те иритира нивниот своеволен карактер ќе бидеш богато награден. Сакам општо животни но мачки ми се слабост.

Ова е најискрен одговор што ќе го добиеш, без да ти кријам детали. Сам одлучуваш.
 
Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Вдомив маченце старо е околу месец и половина.Му купив ваква храна за јадење.Што мислите добра е?Пошо гледам со млечен фил се внатре.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Вдомив маченце старо е околу месец и половина.Му купив ваква храна за јадење.Што мислите добра е?Пошо гледам со млечен фил се внатре.
Немам искуства со хранава, ама имам читано дека други не си поминале ко шо треба со неа. За алтернатива не знам.

Е сега, друго ми е мене прашањето, каде можам да најдам поефтина кутија за песок? Нешто пример докај 2-300 денари, пошто у Џамбо и у петшопови шо гледам по 5-6 стотки се.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Немам искуства со хранава, ама имам читано дека други не си поминале ко шо треба со неа. За алтернатива не знам.

Е сега, друго ми е мене прашањето, каде можам да најдам поефтина кутија за песок? Нешто пример докај 2-300 денари, пошто у Џамбо и у петшопови шо гледам по 5-6 стотки се.
Купи еден пластичен леѓен, јас имам дома еден правоагоголен, во него ставам песок и мачката без проблем си врши нужда таму. Не ти треба специјална кутија за песок.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Вдомив маченце старо е околу месец и половина.Му купив ваква храна за јадење.Што мислите добра е?Пошо гледам со млечен фил се внатре.
Јас ти препорачувам исто да земеш друга храна, ама ако му се допаѓа па продолжи, што знам. Иако според мене подобра алтернатива е да му свариш малце пилешко мевце без никакви зачини со ориз, и да му го испасираш, да му ставиш многу малце млекце колку да му биде кашесто, поздраво е од ова, барем додека да наполни 2-3 месеци, после тоа премини на ваква храна, и исто ставај и по малце млекце да не му биде многу сува, ќе им биде подобро на стомачето така.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Купи еден пластичен леѓен, јас имам дома еден правоагоголен, во него ставам песок и мачката без проблем си врши нужда таму. Не ти треба специјална кутија за песок.
Makes sense. Thanks.

А некоја финта како да го неутрализирам мирисот?

Пошто се две, и не можам да нафтасам на чистење фекалии, и штом се вратам у соба ме удира еден таков тежок мирис. :/ :D
 
L

Lu

Гостин
Makes sense. Thanks.

А некоја финта како да го неутрализирам мирисот?

Пошто се две, и не можам да нафтасам на чистење фекалии, и штом се вратам у соба ме удира еден таков тежок мирис. :/ :D
Купи квалитетен песок, и редовно чисти ги грутките што ќе се прават од мочката, и изметот.
Јас ти препорачувам исто да земеш друга храна, ама ако му се допаѓа па продолжи, што знам. Иако според мене подобра алтернатива е да му свариш малце пилешко мевце без никакви зачини со ориз, и да му го испасираш, да му ставиш многу малце млекце колку да му биде кашесто, поздраво е од ова, барем додека да наполни 2-3 месеци, после тоа премини на ваква храна, и исто ставај и по малце млекце да не му биде многу сува, ќе им биде подобро на стомачето така.
Се е ОК со советот, освен млекото.
Наместо млеко (благо кравјо) треба да се дава јогурт или кисело млеко со малце вода разматено.
Вдомив маченце старо е околу месец и половина.Му купив ваква храна за јадење.Што мислите добра е?Пошо гледам со млечен фил се внатре.
Whiskas е средна класа ... исто како и Kitekat, Friskies, Darling, Miglior Gatto ...
Полоши од оваа се оние грчките што ги има во Веро, и Daya од Кам маркет.

Најквалитетни дехидрати за мачки што можеш да ги најдеш во Македонија ти се: Hill's, Royal Canin, Eukanuba.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Makes sense. Thanks.

А некоја финта како да го неутрализирам мирисот?

Пошто се две, и не можам да нафтасам на чистење фекалии, и штом се вратам у соба ме удира еден таков тежок мирис. :/ :D
Кутијата чувај ја на тераса за да не ти мириса и купи специјален песок кој ја сузбива миризбата колку толку. Ваљда не ти е во соба кутијата? :)
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Проблемот е у тоа шо живеам со цимери и не сакам да им го окупирам просторот, па единствено ја имам мојава соба на располагање.

Па, предлог за добар песок, некаков освежувач за воздух? Сода бикарбона прочитав некаде дека помага.

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Луѓенца помоЌ! :sick:

Моментално имам две мачиња, и супер се сложуваат. Едното е многу мирничко, и каде и да го оставам ќе се заигра и не прави проблем, арно ама другиов е како испратен од ѓаволот, буквално не можам ред да ставам со него, се пробав.
Муабетот е вака, кога и да седнам на лаптоп, он скока и не ме остава ни да пипнам нешто, ако е буден кога јадам скока на масата и нема ручек, он е главен. Ако дојде другото маченце да се гали, не иде у обзир да го чепнам ако он види. Страшно е љубоморен и посесивен, и секако пробав. Да не заборавам - неуморен е. У 3 сабајле станува и скока на сите страни, треска, превраќа како улав. :oops: Не се спие од него. Пробав да го преместам во ходникот, мјаука, се дере, гребе. Саат време го чекав да престане ноќеска и не престана, на крај во 6 заспа он, заспав и јас со него, цела вечер си дежурав додека ми изиграваше шеф. :facepalm:

Пробав да ги разделам во различни соби, тогаш па и двете цвичат. Се` пробав, а ситуацијата си останува иста. Он да е во мојата соба со другото маче и да преврти се наопаку и да си легне у 6 сабајле. Ова со денови е вака. Не ми е жал кога ми цвичи а е оставен у друга соба, знам дека од внимание го прави тоа, ама не се трпи бре. :eek:
По џамови и по завеси е прв да се искачи, немој да му избега нешто, еве сеа го гледам дечко ми од сабајле сто пати го симнува, па му вика НЕ, као трпеливо да разбере дека не може таму, ама џабе е, можам само да снимам компилација од 500 саати како дечко ми вика НЕ. :pos:

Инаку педерчево е старо 2ипол месеца, и знам дека му е пролазна фаза, ама додека да му помине не можам секоја вечер да се штрекам бе, душа немам веќе.
Имал ли некој ваков преварант у куќа и како сте се справиле. Да купувам ли некои справи, тенкови, да затворам и да оставам ли да цивка со саати додека да сфати дека нема назад (цела куќа ја крева увис, срам ми е од комшиите, мислам дека и они го слушаат :mad:). Кај и да го ставам од него цела куќа ечи се додека не е во мојата соба. :tapp:
 
Член од
16 април 2013
Мислења
20
Поени од реакции
4
Здраво нов сум на форумов и барам совет и помош,
Имам две мачиња ги зедов пред 10 дена и се беше во ред во првите 5-6 дена, е од тогаш навака едното маче има пролив и никако не му престанува, му давав вода од ориз со ориз, му држев 24 часовен пост т.е. не му дававме ништо да јаде, сега го наранив со малку пилешко сварено во вода и набрзу од кога го изеде веднаш имаше пролив. Некој совет за тоа како вие сте им помогнале на вашите мачиња во вака ситуација
Фала однапред
 
Член од
12 април 2010
Мислења
491
Поени од реакции
143

И мојот е ваков ист, 2 години напуни таков улав си остана :D Мислев со кастрирање ќе се смири али јок.
Пробај да го трчаш 15-20 минути пред да легнеш ( ја на мојов топчиња од хартија му фрлав и ми ги враќаше ко куче :)) па откако ќе се истрча дај му да јаде и ќе легне да спие па ваљда до сабајле ќе бидеш мирен.
Ја со овој така правев али више ме мрзи и се навикнав во 5 да ме буди секој ден, прво сере па јаде :LOL:
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Здраво нов сум на форумов и барам совет и помош,
Имам две мачиња ги зедов пред 10 дена и се беше во ред во првите 5-6 дена, е од тогаш навака едното маче има пролив и никако не му престанува, му давав вода од ориз со ориз, му држев 24 часовен пост т.е. не му дававме ништо да јаде, сега го наранив со малку пилешко сварено во вода и набрзу од кога го изеде веднаш имаше пролив. Некој совет за тоа како вие сте им помогнале на вашите мачиња во вака ситуација
Фала однапред
Ако не е прочистено од глисти тоа ќе да е.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Леле. :eek:
И после кастрирање не се смири?! Тешко мене. :place:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom