Мачки (општи дискусии)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
и зајаков мој пушта влакна летен период а сега поготово зошто формира грива ко лавче, јас ќе ги намокрам рацете и ќе поминам по тренерките, ништо нема, најефтин метод :ROFLMO:
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Имам еден проблем со маченцево мое.

Старо е отприлика 5 недели.
Е сега, од пред 2-3 дена почна да кака само, се си е супер. Сабајлево си се искака најнормално, и пред 2-3 саати земав јас да го какам, ама немаше ништо, а на влажното марамче остана трага од малку крвче, 2-3 точки така.
Сега пак се искака, се си беше најнормално, ама земав да му го избришам газето после какање, и имаше крвче на марамчето пак. Го проверив фецесот, со фецесот воопшто немаше никакви траги на крв.
Можно ли е прееска пробувајќи да го стимулирам јас, да му имам направено раничка во близина на анусот? Пошто мачето си е најнормално, си јаде, си трчка, си спие, нема никакви проблеми.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.351
Поени од реакции
11.801
Да ги испрскам за од болви нема гајле? месец ипол се стари
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Да ги испрскам за од болви нема гајле? месец ипол се стари
Ќе ги прскаш со прашок само, Нео Питроид мислам се вика. Откако ќе нанесеш убаво со прашокот ќе го истрљаш мачето низ раце и нема гајле. Немој со други чудесии и отрови.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Некоја препорака за храна со која ќе го одвикнам мачево од млеко?
Го храниме уште со шприц, ама го гледам дека се повеќе каса додека го храниме, па претпоставувам сака друго нешто да јаде.

П.С. За панираното пилешко на Whiskas ми спомнаа многу негативни мислења, па шо друго можам да му давам?

Sent from my GT-P3110 using Tapatalk
 
Немаш потреба да даваш толку пари за да купуваш храна. Зготви пилешко со ориз без зачини, исситни го пилешкото на мали делчиња и ете му одвикнување од прва (y) Мачка ти е карнивор, одма ќе забораи на млеко кога ќе и понудиш месо.
 
Може подетално рецептот?
Варено ли да биде или живо, шо како?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ставаш обескостено пиешко месо, исситнето на мали и ситни парчиња да се вари едно 10 минути пред да го ставиш оризот. Ти препорачувам кршен ориз, ем е поевтин ем побрзо се вари. Не ставаш никакви зачини. Ништо комплицирано. Све на све се вари едно 30 тина минути, и мешај цело време, зашто загорува оризот иначе :D е подетално од ова не може.
Освен, вклучи рингла, земи тенџере, сипај вода, сипак пилешко, после 10 минути сипај ориз, мешај, и извади после тоа ... хм, сум можела и покомплицирано, а да, исклучи шпорет откако ќе свариш све:D
 
L

Lu

Гостин

Или за да не се оптеретува цело време да меша, ќе си го стави на пониска температура да му се вари оризот, и ниту ќе има потреба цело време да меша, и ниту ќе му се загори :D
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Или за да не се оптеретува цело време да меша, ќе си го стави на пониска температура да му се вари оризот, и ниту ќе има потреба цело време да меша, и ниту ќе му се загори :D
Бреј, бреј, се домаќинки кога станува збор за храна на животните. Ајде да ве видам на дело у гурманско катче, згответе нешто за луѓе!!!:P
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Или за да не се оптеретува цело време да меша, ќе си го стави на пониска температура да му се вари оризот, и ниту ќе има потреба цело време да меша, и ниту ќе му се загори :D
@Lu, си го ускратуваш задоволството на мешање? Свашта...:ROFLMAO:
 
Член од
19 февруари 2014
Мислења
5
Поени од реакции
1
Дечки ај уште едно глупаво прашање и толку :D
Колку се способни мачкиве да ми го уништат мебелот. Јасно ми е дека во природа на мачката e да гребе, но само што купив нов мебел(кожа) и страв ми е парче да не ми го направи. Имам читано дека гребат по дрво за да ги острат ноктите, само ако фати да гребе по кожата, лесно се кине и ќе ја распарчи цела, ќе испадне џабе сум купувал нов мебел :D Некој да сподели искуство околу тоа? :)
Не ве замарам веќе, последно прашање е ова :D
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Епа друже едини спас е редовно да и ги потсекуваш ноктите(само врвчињата,она делчето ко кука што им е,ќе скопчаш ;)).Али и со исечени нокти пак имаат навика да гребат(јесда со помал интензитет али ја имаат).Ти препорачувам дур не ја научиш да користи гребалка,да ја покриваш кожата.Јас лично немам гребалка,пошто со сечени нокти на дрво штета неможе да направи,а гарнитурата ми е од цврст материјал што неможе да го распара.Али затоа столот у детска ми е од некој понежен материјал,и а не сум у соба,мајмунов ќе се качи на неа,ќе се оптегне и маме и ебава.:icon_mrgr:
 
Член од
19 февруари 2014
Мислења
5
Поени од реакции
1
не ни знаев дека постои такво нешто како гребалката, али изгуглав сега и видов што е тоа :D
другите што имате гребалка, ви помага тоа да ја држите мачката подалеку од мебелот ?
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Пред месец ипол се породи мачката, 3 мачиња, пред само 5-6 дена едно од мачињата го најдов мртво, немаше никакви знаци на труење, не ја знам причината за смртта, а пред само 2 дена едно од мачињата исчезна. Ги чував во подрум, па си помислив дека се бутнало негде, дека нема да им е прв пат... денес го најдов, т.е. најдов дел од него, една од шепите, не знам што може да биде. Има многу мачори во околината, претпоставувам дека тоа може да биде дело или на некој мачор или на некое куче... Не сакам и последното маче да го најдам мртво :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom