Матични клетки

Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Не знам дали знаевте, но можат матични клетки да се вадат и од млечните заби како и од умниците.
Имам читано дека тие матични клетки од млечните заби, за разлика од оние од папочната врвца, можат да третираат помалце болести.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Мит, исто е :)
Финтата е што во млечните забите има количински многу помалку клетки отколку во папочната врвца. За некои болести е потребен поголем квантитет на матични клетки, па затоа се користат оние од папочната врвца.
 

Henri

Бивш Будала
Член од
29 јуни 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
имате емисија за матични клетки на аб канал т.е како дел од емисијата убавина и здравје , во 16. 15 часот.
 

Немирлика

all I need is love, friends & a piano☺
Член од
15 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
126
...Ова ми беше темата што ја бранев на државната матура годинава... Имам доста информации во врска со матичните клетки , ќе споделам неколку, а ако некој го интересира нешто повеќе, слободно нека ми пише :)

Со помош на матичните клетки за сега е можно да се излечат повеќе од 75 болести меѓу кои спаѓаат различни малигни заболувања, вродени заболувања, пореметувања на имунитетот , пореметувања на крвта и на метаболизмот.


Папочната врвца е етички најприфатлив извор на матични (стем) клетки. Нив ги има и во самиот ембрион (ембрионалните матични клетки даваат голема надеж во лекување на најразлични болести, меѓутоа околу ова постои голема контроверзност, поради јавување на етички, филозофски и верски проблеми бидејќи нивното изолирање би значело уништување на еден нов човечки живот!). Значи, изворите на матични клетки во човечкиот организам се :

  • Крвта од папочната врвца на новороденчето (најпогоден и најсигурен извор)
  • Коскената срцевина на возрасниот човек (најболен пат на изолирање)
  • Периферната крв на возрасниот човек (како најсиромашен извор)
  • Масното и сврзното ткиво на човекот
  • Млечните заби кај децата

    Постојат два вида на терапии со матични клетки
    :

    - Автологна (со сопствени клетки)
    - Алогена (со клетки од доброволен давател)
    (предноста на автологното над алогеното лекување е во тоа што во случај на одреден број на заболувања, телото на болниот може да ги отфрли туѓите матични клетки)

Главната цел на биоинженерингот на матичните клетки е да овозможи контрола на нивната диференцијација. Доколку тоа се постигне, нивната примена во терапевски цели би била навистина огромна. Една од можните примени е генерирање на различни типови на нервни клетки, кои би се користеле во лекувањето на неврогенеративните болести како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест, потоа лица со оштетувања на коцкената срцевина и слично. Би била исто така можна и продукција на цели ткива, со што би се овозможило регенерација на мозокот после мозочен удар, или регенерација на срцевиот мускул после инфаркт. Матичните клетки би можеле да се користат и за добивање на цели органи како што се: црн дроб, бубрези, срце, очи, па дури и делови на мозок, што претставува голем предизвик за научниците, но бара време, голем напор и истрајност.
Едно е сигурно – кога човекот ќе ги открие сите тајни на матичните клетки, тоа ќе биде права револуција во модерната медицина!
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Почнав да се интересирам за матичните клетки.
Ги читам мислењата на темава од 2009 година, и можам да кажам дека сега има неколку промени.
Цената е намалена на 1.500 евра.
Освен во странство, клиниката Св. Лазар овозможува чување на матичните клетки во Македонија, 20 години.

Мене како што ми кажуваа, навистина сум импресионирана. За самото дете од чија папочна врвца се земат тие, шансата да се спаси со матични клетки е 100%. За негови блиски роднини е 75%.

Е сега финтата е што ајде сега ќе ги дадеш тие пари за да ги зачуваш клетките. Арно ама не дај Боже да ти затребаат за десетина години, да не испадне после дека за да ги искористиш е 100.000 евра па за џабе си ги чувал. Прашав и ми кажаа пример за леукемија. Без матични клетки, би коштало 100.000 евра да се спасиш, а со матични клетки 10-15.000 евра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom