Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Лошо сум ја напишал, треба 5(ts-2)/4 = ts , со средување се добива решението ts = 10h, tf = 8h. :D Брзата слепи ги раѓа.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 16:31 ---
Најди ги сите трицифрени природни броеви за кои важи: сумата на кубовите од цифрите е еднаква на самиот број.
Пример 153 = 1 + 125 + 27.
Остануваат уште три такви броја.

Eве едно решение
370 = 3^3 + 7^3 + 0^3
Остануваат уште две решенија?
 
Тревата содржи 80% вода
Сувото сено содржи 20% вода
Колку тони трева се потребни за да се добије еден тон сено?
 
i = (S * p)/100
Во сувото сено има 20% вода а 80% сува материја
За сеното најнапред пресметуваме колку килограми сува материја има во еден тон сено.
Ѕ = 1000
р = 80%
i = ?
Со користење на познатата формула i = (S * p)/100 = 800 кг
Сега пресметуваме колку трева е потребно за да се добие еден тон сено. Тревата има 20% сува материја и 80% вода, А ние бараме во колку трева има 800 кг сува материа
Значи
i = 800 кг
р = 20%
Ѕ = ?
S = ( i * 100 )/р = ( 800 * 100 )/20 = 4000 кг = 4 тони
Значи победник е Branchez - честитаме
 
Пронајди ги сите трицифрени броеви кој се деливи со 7, а збирот на цифрите со кои е напишан бројот е 8.

Како пример еве едно решение:
Тоа е бројот 350
350 : 7 = 50
3+ 5 + 0 = 8

Имам уште 4 решенија
 
Пронајди ги сите трицифрени броеви кој се деливи со 7, а збирот на цифрите со кои е напишан бројот е 8.

Како пример еве едно решение:
Тоа е бројот 350
350 : 7 = 50
3+ 5 + 0 = 8

Имам уште 4 решенија

Толку и јас добив, уште 4 решенија :)
161/7=23
224/7=32
413/7=59
602/7=86
 
Пронајди ги сите трицифрени броеви кој се деливи со 7, а збирот на цифрите со кои е напишан бројот е 8.

Како пример еве едно решение:
Тоа е бројот 350
350 : 7 = 50
3+ 5 + 0 = 8

Имам уште 4 решенија

161 : 7 = 23
224 : 7 = 32
413 : 7 = 59
602 : 7 = 86

Najdov 4 broja, ama mozhe da ima ushte.

Edit: Me prevaril DaniBMW :)
 
Oдреди три прости броеви, на кои производот им е пет пати поголем од нивниот збир
Или математички напишано
a * b * c = 5 * ( a + b + c )
 
Таткото Ѓоре имал четири сина: Коце, Андреј, Стевче и Ивица.
Еден ден им напишал на синовите:
Јас морам да излезам, ќе одам на Скопско лет. На масата во дневна ви оставив пари за искачање. Секој нека земе по една четвртина од парите, за да ви се најдат за во град.
Прв во дневна влегол Коце. Ги преброил парите, земал 1/4 и излегол.
Втор во дневна влегол Андреј но незнаел дека пред него влегол Коце. И Андреј ги преброил парите земал 1/4 и излегол.
Трет влегол Стевче. И тој незнаел дека пред него влегле Коце и Андреј. Ги преброил парите земал една четвртина и излегол.
Последен во дневна влегол Ивица. И тој не знаел дека пред него влегле неговите браќа. И тој ги изброил парите и земал една четвртина и излегол.
Кога се вратил таткото Ѓоре, се изненадил, гледа на масата останале 405 денари.

Колку пари оставил таткото Ѓоре?
Колку пари земал Коце?
Колку пари земал Андреј?
Колку пари земал Стевче?
Колку пари земал Ивица?
 
Таткото им оставил 1280 ден.
Коце зел 320
Јас сум зел 240 :D
Стевче зел 180
Ивица зел 135
останале 405
П.С. кај ги погаѓам се овие задачи... кога и да влезам на темава, ваква задача има :/
 
Најди го најголемиот троцифрен број напишан со цифрите: 1,2,3,4,5,6,7,8 и 9, во кој цифрите не се повторуваат и кој собран со сите броеви добиени со преместување ( пермутирање ) на истите цифри го дава бројот 2220

Појаснување со пример, нека бројот е 543
Со преместување на неговите цифри ќе се добијат уште 5 броја: 534,453,435,354 и 345
И ако се соберат овие шест броја се добива
543 + 534 +453 +435 +354 +345 = 2664
Знали слично треба да се најде но збирот да биде 2220
 
532+523+253+235+325+352=2220
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom