Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Tubal - не си во тек - Stifini си даде оставка, откако признавањето беше повлечено од страна на сите Северно Американски ложи. 5-те Европски Големи Ложи кои го иницираа овој процес, изрично бараа на средбата во Берлин да не се формираат нови ложи во Франција и дека таквите акции ќе се сметаат за нерегуларни. Иако имаше најразлични идеи (вклучително признавање на една од регуларните, но непризнати ложи - доволно веќе сме зборувале за тоа што е регуларност, што е признавање), препораката во моментов е да се чека да се види разврската во ГЛНФ. Сите претпочитаат да се врати признавањето на ГЛНФ, но тоа ќе зависи од изборите кај нив и од промената на нивниот устав за да се врати во рамки на нормите за признавање од страна на останатите.
--- надополнето: 14 август 2012 во 18:37 ---
Петар - имаме една интересна ситуација тука...
Велиш - колку ли работи има кои се заташкани, а за кои не знаеме.

Значи... Јас треба да докажам дека не постои, нешто за кое што не знаеме дали постои - а ти сметаш дека самото тоа што јас не можам да докажам дека не постои е доказ за неговото постоење.
На ваква дебата би позавиделе и Тибетанските филозофи (кои имаат доста интересни теории околу непостоењето). ;)

Твојата лојалност е кон твојата идеја. На презентираните одговори во врска со одредени случаи (како П2 на пример), велиш - тоа е фабрикувано отпосле. На секоја ситуација за која има одговор, се вели - ама тоа масоните фалсификувале нешто, они можат, имаат доволно моќ да го направат тоа. Како што спомнав погоре - како да одговори човек на обвинување за нешто за кое не знаеме дека постои? Како да промениш претходно изградени ставови кои дури и кога ќе се негираат, се наоѓа оправдување (без притоа да има поткрепа за тоа оправдување)
--- надополнето: 14 август 2012 во 18:40 ---
Во контекст на дискусијава, туку што прочитав еден цитат од Антони Хопкинс... ќе го пренесам на англиски:
My philosophy is: It's none of my business what people say of me and think of me. I am what I am and I do what I do. I expect nothing and accept everything. And it makes life so much easier.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545

Зидарски, форумски партнеру! Во ниеден момент не помислувам да убедам или сменам некого. Моите амбиции за учество на темава се далеку поскромни. А да ги променам твоите ставови па ич -- возрасен чоек си, си направил избори во животот и консеквентно си ги тераш.

Која идеја бе зидарски? Дај обзнани ја мојата идеја, агенда, бутур. Која е таа црна идеја? Шо ќар иам ја од ова? За останатото, ќе се пишуеме и даље, претпоставувам. Форум е ова, а ти (покрај познавања и искуство) имаш доволно мерак и доволно инает да учествуваш на темава. И фино си е тоа, таман за добра дебата. а Цитатот на Антони Хопкинс ти е одличен. Ако тој ги одразува твоите ставови, тогаш во потполност се согласуваме.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Полека... не реков дека имаш агенда, ниту пак дека имаш некаква конкретна цел тука - се согласувам, форум, си правиме муабет.
Сакав да кажам - исто како како што јас сум "заслепен" (го ставам во наводници, затоа што не е баш најдобар избор, но не ми текнува поадекватен израз) заради мојата "вљубеност", така и ти си заради твојата ненавист кон масонеријата... се разбира ова така изгледа од мојата гледна точка (како што од твојата гледна точка се гледа мојата заслепеност).
Да, апсолутно се согласувам со ставот на Хопкинс.
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
а Цитатот на Антони Хопкинс ти е одличен. Ако тој ги одразува твоите ставови, тогаш во потполност се согласуваме.
Перо, сака овој тесаров да те пацифизира за да станиеш полениентен во твоите ставови према масонеријата додека тој и неговите другарчиња го остваруваат новиот светски поредок. Ова се веќе видени финти на манипулација од страна на масоните.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Перо, сака овој тесаров да те пацифизира за да станиеш полениентен во твоите ставови према масонеријата додека тој и неговите другарчиња го остваруваат новиот светски поредок. Ова се веќе видени финти на манипулација од страна на масоните.
Џабе, Шабане. Или, со технички речник: бадијала. Додека они да остварат комплетна контрола, отиде светов у сингуларитет. Така да брат, ја сум спокоен по теа питање.

п.с. Фала пуно на упозорење. Се цени, да знаеш!!!!!!!!
--- надополнето: 14 август 2012 во 22:02 ---
Полека... не реков дека имаш агенда, ниту пак дека имаш некаква конкретна цел тука - се согласувам, форум, си правиме муабет.
Сакав да кажам - исто како како што јас сум "заслепен" (го ставам во наводници, затоа што не е баш најдобар избор, но не ми текнува поадекватен израз) заради мојата "вљубеност", така и ти си заради твојата ненавист кон масонеријата... се разбира ова така изгледа од мојата гледна точка (како што од твојата гледна точка се гледа мојата заслепеност).
Да, апсолутно се согласувам со ставот на Хопкинс.
Фино, зидарски. Све си е на место. Само шо е ова „ненавист“? Озбилно прашувам. Не бев свесен дека сум се ненавистил до таа мерка.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
ненавист

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на непријателство, на одбојност.

Слично со: омраза (ж.)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
ненавист

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на непријателство, на одбојност.

Слично со: омраза (ж.)
Чоек се учи додека е жив. Фала. Иначе, ми се свиѓа шо заслепеноста ја ставаш у наводници а ненависта не. Ферски е, плус ја релоцира дискусијата на персонално ниво. И ја тука одма ќе ти признаам и ќе ја решиме. Откога знам за себе сум имал ненавист кон масонеријата. Понекогаш и слепа омраза, без наводници. Чисто спортски, без никаква оправдана причина. Така да, честитам за проникливоста. Ме фати жив.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.967
Поени од реакции
83.300
ненавист

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на непријателство, на одбојност.

Слично со: омраза (ж.)
Бре, бре, можев да се кладам дека си згрешил нешто у куцање, али ќе изгубев.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Tubal - не си во тек - Stifini си даде оставка, откако признавањето беше повлечено од страна на сите Северно Американски ложи. 5-те Европски Големи Ложи кои го иницираа овој процес, изрично бараа на средбата во Берлин да не се формираат нови ложи во Франција и дека таквите акции ќе се сметаат за нерегуларни. Иако имаше најразлични идеи (вклучително признавање на една од регуларните, но непризнати ложи - доволно веќе сме зборувале за тоа што е регуларност, што е признавање), препораката во моментов е да се чека да се види разврската во ГЛНФ. Сите претпочитаат да се врати признавањето на ГЛНФ, но тоа ќе зависи од изборите кај нив и од промената на нивниот устав за да се врати во рамки на нормите за признавање од страна на останатите.
--- надополнето: Aug 14, 2012 4:37 PM ---
Петар - имаме една интересна ситуација тука...
Велиш - колку ли работи има кои се заташкани, а за кои не знаеме.

Значи... Јас треба да докажам дека не постои, нешто за кое што не знаеме дали постои - а ти сметаш дека самото тоа што јас не можам да докажам дека не постои е доказ за неговото постоење.
На ваква дебата би позавиделе и Тибетанските филозофи (кои имаат доста интересни теории околу непостоењето). ;)

Твојата лојалност е кон твојата идеја. На презентираните одговори во врска со одредени случаи (како П2 на пример), велиш - тоа е фабрикувано отпосле. На секоја ситуација за која има одговор, се вели - ама тоа масоните фалсификувале нешто, они можат, имаат доволно моќ да го направат тоа. Како што спомнав погоре - како да одговори човек на обвинување за нешто за кое не знаеме дека постои? Како да промениш претходно изградени ставови кои дури и кога ќе се негираат, се наоѓа оправдување (без притоа да има поткрепа за тоа оправдување)
--- надополнето: Aug 14, 2012 4:40 PM ---
Во контекст на дискусијава, туку што прочитав еден цитат од Антони Хопкинс... ќе го пренесам на англиски:
My philosophy is: It's none of my business what people say of me and think of me. I am what I am and I do what I do. I expect nothing and accept everything. And it makes life so much easier.
Еве, ќе речеме дека масонеријата е чиста ко солза.
Сите скандали ги поттикнале членови - поединци кои ги прекршиле сите принципи и на масонеријата, без личен интегритет и заради лични и лукративни цели.

Оттука:
1. покрај сите „сита и решета“ низ кои се поминува за да се стане масон - како тоа за членови биле примени и вакви луѓе - творци на скандали од тешки размери?!

2. мора да се признае дека мистериозноста со која е обвиена масонеријата, па дури и денес (еве, мене не ми е јасно, и покрај што се трудам да прочитам низ темава, на кој начин се станува „подобар човек“ преку масонските ритуали, какви се спиритуалните и философските практики и слично), создава услови за сомнежи и конспиративни теории...
Особено што членови се и носители на јавни функции, активни членови на општествата кои станале тоа после членството во соодветна ложа...

Јас ќе си задржам здраво ниво на сомнеж, истовремено со љубопитноста да прочитам (и наназад низ темата) како се решаваат конфликтите на интерес. Веројатно останатите рботи кои ги спомнав погоре се дел од мистериозноста и понатаму....

Поздрав.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
1. покрај сите „сита и решета“ низ кои се поминува за да се стане масон - како тоа за членови биле примени и вакви луѓе - творци на скандали од тешки размери?!
И Јуда бил ученик на Исус и дел од најблиското негово опкружување. И Петар се откажал од Исус во кобната ноќ...
Некои луѓе не требало никогаш да влезат, па сепак, нашле начин (дали преголема доверба кај нивните спонзори, дали погрешна преценка), некои луѓе се промениле со текот на годините.
Колку од луѓето што ги познаваме се исти цел живот?
2. мора да се признае дека мистериозноста со која е обвиена масонеријата, па дури и денес (еве, мене не ми е јасно, и покрај што се трудам да прочитам низ темава, на кој начин се станува „подобар човек“ преку масонските ритуали, какви се спиритуалните и философските практики и слично), создава услови за сомнежи и конспиративни теории...
Особено што членови се и носители на јавни функции, активни членови на општествата кои станале тоа после членството во соодветна ложа...
Како што со секоја прочитана книга стекнуваме повеќе знаење, како што со секое пријателство стекнуваме повеќе добрина, како што со секоја молитва стекнуваме повеќе смирение, како што со секоја прошетка во природата стекнуваме повеќе енергија... Нема ништо спектакуларно ниту мистериозно во начинот на кој се станува "подобар човек". Разбирањето на одговорот, сепак, зависи од тој кој го поставува прашањето и неговата дефиниција за подобар човек и што може да направи некого подобар човек.
Јас ќе си задржам здраво ниво на сомнеж, истовремено со љубопитноста да прочитам (и наназад низ темата) како се решаваат конфликтите на интерес. Веројатно останатите рботи кои ги спомнав погоре се дел од мистериозноста и понатаму....
Поздрав.
Тоа е апсолутно твое право - и не ти се мешам во тоа.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
И Јуда бил ученик на Исус и дел од најблиското негово опкружување. И Петар се откажал од Исус во кобната ноќ...
Некои луѓе не требало никогаш да влезат, па сепак, нашле начин (дали преголема доверба кај нивните спонзори, дали погрешна преценка), некои луѓе се промениле со текот на годините.
Колку од луѓето што ги познаваме се исти цел живот?

Како што со секоја прочитана книга стекнуваме повеќе знаење, како што со секое пријателство стекнуваме повеќе добрина, како што со секоја молитва стекнуваме повеќе смирение, како што со секоја прошетка во природата стекнуваме повеќе енергија... Нема ништо спектакуларно ниту мистериозно во начинот на кој се станува "подобар човек". Разбирањето на одговорот, сепак, зависи од тој кој го поставува прашањето и неговата дефиниција за подобар човек и што може да направи некого подобар човек.

Тоа е апсолутно твое право - и не ти се мешам во тоа.
Твојот поетско-философски пост ми се допаѓа но мислам дека не го дава одгворот. Сепак, масонската заклетва не е само обврска, ниту пак масонските ритуали се само книга, ниту пак масонските браќа се обични браќа, а масонската филантропија не е случајно милосрдие.

Standing Still постави конкретно прашање за „техниката“ за персонално усовршување во масонеријата. Ќе цитирам еден масон по сеќавање: „Станувањето подобар човек не може да се објасни, ами да се живее. А ритуалите и симболиката се печат на тоа патешествие. Затоа конечниот одговор и не е можен. А „тајните“ (со и без наводници) се преточени во вековните масонски традиции, засекогаш сокриени од ненависните профани.“ Ти фаќа око ова, зидарски?
 
Тапетарот - јас го дадов истиот одговор.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
И Јуда бил ученик на Исус и дел од најблиското негово опкружување. И Петар се откажал од Исус во кобната ноќ...
Некои луѓе не требало никогаш да влезат, па сепак, нашле начин (дали преголема доверба кај нивните спонзори, дали погрешна преценка), некои луѓе се промениле со текот на годините.
Според моите верувања, споредбата е неумесна во најмала рака...
Ај да ги занемариме формалните забелешки дека во врска со познатиот карактер на Јуда Искариот и дека Христос на Петар и самиот му кажал дека три пати ќе се откаже од него, не сакам ни да повлекувам други парарели меѓу масонската организација и Христос.

Сфаќам која е поентата, ама пак ќе речам, паралелата е неумесна...

Колку од луѓето што ги познаваме се исти цел живот?
Ова е сосема вистинито, сакал - не сакал, човек се менува во текот на животот, во зависност од околностите (социјални, културни итн...), ама нели зборуваме тука за „внатрешниот човек“?

Како што со секоја прочитана книга стекнуваме повеќе знаење, како што со секое пријателство стекнуваме повеќе добрина, како што со секоја молитва стекнуваме повеќе смирение, како што со секоја прошетка во природата стекнуваме повеќе енергија... Нема ништо спектакуларно ниту мистериозно во начинот на кој се станува "подобар човек". Разбирањето на одговорот, сепак, зависи од тој кој го поставува прашањето и неговата дефиниција за подобар човек и што може да направи некого подобар човек.
Дефиницијата за „подобар човек“ може да ја тегнеме до Стамбол и назад, се сложувам, во зависност од личните преференци и сфаќања. Јас, сепак, прашувам за карактерот на „обредниот“ дел, за кој не очекувам одговор и тоа е она што го го ткае велот на мистериозност, оти за тоа не се зборува, нели, сте положиле заклетва и сте далезбор околу тоа... но, чуму мистерии, ако се работи за лично усовршување и зошто „елитистички“ пристап - ако таа вистина е конечна вистина, зошто да не е достапна за целото човештво - тоа е она што е корен на конспиративноста.

Сер Артур Конан Дојл во "The Valley of Fear" опишува една американска ложа и таа личи, да, на П2 и француската ложа. Или овие се поучувале од него, или и тогаш биле познати такви афери?!
Колку и да се работи за белетристика, а не за релевантна историска литература....

Тоа е апсолутно твое право - и не ти се мешам во тоа.
(y)
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
А јас го измислив цитатот, сакав само да видам дали држи вода. Значи, има надеж за мене.
Одлично се разбираме :).
--- надополнето: 15 август 2012 во 20:45 ---
Според моите верувања, споредбата е неумесна во најмала рака...
Ај да ги занемариме формалните забелешки дека во врска со познатиот карактер на Јуда Искариот и дека Христос на Петар и самиот му кажал дека три пати ќе се откаже од него, не сакам ни да повлекувам други парарели меѓу масонската организација и Христос.

Сфаќам која е поентата, ама пак ќе речам, паралелата е неумесна...
Поентата е дека кога може следбениците на најчистото нешто што некогаш постоело, да отстапат од истото - тогаш човек може да отстапи од се.
Ова е сосема вистинито, сакал - не сакал, човек се менува во текот на животот, во зависност од околностите (социјални, културни итн...), ама нели зборуваме тука за „внатрешниот човек“?
Зарем внатрешниот човек не се менува? Зарем надворешните промени не влијаат на внатрешниот човек? И зарем не е точно и обратното - внатрешните промени во човека, влијаат на неговите околности?
Дефиницијата за „подобар човек“ може да ја тегнеме до Стамбол и назад, се сложувам, во зависност од личните преференци и сфаќања. Јас, сепак, прашувам за карактерот на „обредниот“ дел, за кој не очекувам одговор и тоа е она што го го ткае велот на мистериозност, оти за тоа не се зборува, нели, сте положиле заклетва и сте далезбор околу тоа... но, чуму мистерии, ако се работи за лично усовршување и зошто „елитистички“ пристап - ако таа вистина е конечна вистина, зошто да не е достапна за целото човештво - тоа е она што е корен на конспиративноста.
Ритуалот и мистериите на масонеријата се неопходни за личното усовршување. Езотеричноста на масонеријата е дел од усовршувањето. Елитистички - зошто да не? И во секојдневниот живот, опкружени сме постојано со секакви луѓе - но за најблиски пријатели избираме само мал, одбран круг. Тоа елитизам ли е? Кога фудбалски клуб (многу аналогии давам со фудбал за човек кој не следи спорт :) ) ги бира најдобрите фудбалери - тоа е елитизам или здрав разум?
Што се однесува до "конечноста на вистината" - тоа е премногу субјективна категорија и масонеријата никогаш не претендирала дека ја содржи апсолутната вистина која треба да биде некакво откровение за човештвото. Тоа секој сам си го пронаоѓа во сопствениот систем на вера, верба итн.
Сер Артур Конан Дојл во "The Valley of Fear" опишува една американска ложа и таа личи, да, на П2 и француската ложа. Или овие се поучувале од него, или и тогаш биле познати такви афери?!
Колку и да се работи за белетристика, а не за релевантна историска литература....
(y)
Рудјард Киплинг во "The man who would be king" пишува за двајца англиски авантуристи, кои се пречекани од локалното население во Афганистан како богови, затоа што носат масонско обележје на себе. Имам неколку браќа кои во моментов работат во Афганистан - сосема поинакви приказни раскажуваат за нивниот престој таму...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom