Tubal - не си во тек - Stifini си даде оставка, откако признавањето беше повлечено од страна на сите Северно Американски ложи. 5-те Европски Големи Ложи кои го иницираа овој процес, изрично бараа на средбата во Берлин да не се формираат нови ложи во Франција и дека таквите акции ќе се сметаат за нерегуларни. Иако имаше најразлични идеи (вклучително признавање на една од регуларните, но непризнати ложи - доволно веќе сме зборувале за тоа што е регуларност, што е признавање), препораката во моментов е да се чека да се види разврската во ГЛНФ. Сите претпочитаат да се врати признавањето на ГЛНФ, но тоа ќе зависи од изборите кај нив и од промената на нивниот устав за да се врати во рамки на нормите за признавање од страна на останатите.
--- надополнето: 14 август 2012 во 18:37 ---
Петар - имаме една интересна ситуација тука...
Велиш - колку ли работи има кои се заташкани, а за кои не знаеме.
Значи... Јас треба да докажам дека не постои, нешто за кое што не знаеме дали постои - а ти сметаш дека самото тоа што јас не можам да докажам дека не постои е доказ за неговото постоење.
На ваква дебата би позавиделе и Тибетанските филозофи (кои имаат доста интересни теории околу непостоењето).
Твојата лојалност е кон твојата идеја. На презентираните одговори во врска со одредени случаи (како П2 на пример), велиш - тоа е фабрикувано отпосле. На секоја ситуација за која има одговор, се вели - ама тоа масоните фалсификувале нешто, они можат, имаат доволно моќ да го направат тоа. Како што спомнав погоре - како да одговори човек на обвинување за нешто за кое не знаеме дека постои? Како да промениш претходно изградени ставови кои дури и кога ќе се негираат, се наоѓа оправдување (без притоа да има поткрепа за тоа оправдување)
--- надополнето: 14 август 2012 во 18:40 ---
Во контекст на дискусијава, туку што прочитав еден цитат од Антони Хопкинс... ќе го пренесам на англиски:
My philosophy is: It's none of my business what people say of me and think of me. I am what I am and I do what I do. I expect nothing and accept everything. And it makes life so much easier.