Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Да, точно е...
"Тајната" е нешто што не може да се каже со збор, не може да се слушне од некого, не може да се прочита. Можам да ти зборувам со денови, и повторно - нема да разбереш, затоа што само оние кои се посветени знаат за што точно зборувам. Многумина влегуваат во братството со идеја дека ќе ја дознаат тајната - но со самото тоа што мислат дека таа треба да им биде сервирана, принесена, кажана - реално значи дека не се спремни за таа Тајна. Затоа што таа е духовна, емоционална, нешто што не постои, нешто што е секогаш присутно. Нешто што го знаат оние кои се внатре и е мистерија за оние надвор.
Така што - можеме да зборуваме до бескрај за масонството, симболизмот и тајната... како што впрочем еве правиме веќе 54 страници...
Да, Ненезиќ мислам дури дека е првиот ГМ на Југословенската Ложа по нејзиното обновување во 90-тите и е многу заслужен за обновувањето на масонството на Балканот. Но - подоцна, заради расцепување на нивната ложа и заради одредени немасонски поведенија, го изгуби признанието и во моментов мислам дека е член на непризнатата Српска ложа.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Имам неколку прашања за господин zidarski кој би сакал да ми ги одговори.

На кој начин масоните всушност ја градат нашата иднина покрај меѓусебното (на членовите ) интелектуално и духовно градење ?
Дали во масонските редови имало некој позначајни конфликти кој можеби случајно довеле до немири помеѓу 2 или повеќе држави ?
Дали некој членови од масонските одреди биле ликвидирани од страна на други масони ?
Дали масон може да биде секој човек кој има углед , стабилен карактер и е христијанин ?
Дали масоните се навистина задолжени за крстоносните војни ? (Прочитано од книга)
Дали поранешниот римски папа водеше отворена (вербална) војна против масонството или беше погрешно сватен ?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Имам неколку прашања за господин zidarski кој би сакал да ми ги одговори.
Со задоволство.

На кој начин масоните всушност ја градат нашата иднина покрај меѓусебното (на членовите ) интелектуално и духовно градење ?
Објаснував доста на форумов. Во организирана форма - разни донации, програми за поквалитетно образование, програми за подобрување на здравството и слично... Индивидуално - илјадници откритија кои го подобриле животот на луѓето... Почнувајќи од пеницилинот, па до компјутерите...

Дали во масонските редови имало некој позначајни конфликти кој можеби случајно довеле до немири помеѓу 2 или повеќе држави ?
Не. Масонските конфликти се решаваат исклучиво и само во рамки на масонското право и никогаш не смее да се дозволи да излезат надвор од ложите. Тоа е интерна и приватна работа - како кавга во едно семејство и по никаков начин не влијае на јавниот живот.

Дали некој членови од масонските одреди биле ликвидирани од страна на други масони ?
Не. Доста често има вакви тврдења, но кога некој член ќе направи нешто нерегуларно - бива исклучен од братството. Тоа е поголема казна од се друго.

Дали масон може да биде секој човек кој има углед , стабилен карактер и е христијанин ?
Не мора да биде Христијанин, може да припаѓа на било која вероисповед, се додека верува во Бог, во Виша Сила. За останатото - да, треба да има углед (не да е познат, тоа се две различни работи), да има стабилен карактер и почит од средината во која живее и работи.

Дали масоните се навистина задолжени за крстоносните војни ?
Не. Ако мислиш на средновековните - тогаш масонството сеуште не постои (не во оваа форма во која е во последниве 5 века). Ако мислиш на современиве - во администрацијата на Буш немаше масони.

Дали поранешниот римски папа водеше отворена (вербална) војна против масонството или беше погрешно сватен ?
(Ако мислиш на Јован Павле Втори) Напротив. Тој е првиот папа по 200 години кој почна со затоплување на односите меѓу католичката црква и масонството. Во 1986-та година ја тргна забраната за католици да членуваат во масонството, која беше на сила речиси два века (иако многу католици членуваа во ложите и покрај тоа).

Доколку имаш и други прашања, повели.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Имам само уште едно прашање.
Доколку членот биде исклучен од братството и после тоа се обидува да го саботира целото братство или одредени членови , што се превзема ако знаете дека правични мерки (тужби) ќе ја разурнат суштината на братството (односно во процесот на судењето ќе бидете принудени да изложите или вие , или тужениот , факти кој може да ја загрозат состојбата на членовите на масонската ложа )?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Најмногу што може да направи, односно "саботира" - е јавно да изложи имиња на членови, за што тие можат да го тужат по цивилен пат. При таква тужба, сосема сигурно е дека ќе ја добијат, затоа што секој член при зачленувањето се согласува со тоа дека нема да дава во јавност имиња на други членови и потпишува таква изјава.
Тоа е доста непријатна ситуација, затоа што има луѓе кои сакаат да не се знае за нивното членство - за да го заштитат своето семејство и самите себе си од разно-разни екстремисти. Искрено - не сум слушнал да се случило нешто вакво.
Освен тоа - ниту има што да му се направи на истиот, ниту пак има потреба.
Што тоа може да издаде? Тајната?! Погоре објаснив во врска со тајната. Може да земе и да ги каже точно знаците за распознавање, лозинките, целиот ритуал... и повторно човекот кој ќе го дознае тоа нема да биде масон и ќе биде распознаен при обид да влезе во ложата.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
А дали доколку масон признае дека извршил кривично дело , или додека е член на масонската ложа биде оптужен за кривично дело , дали истотака ќе биде избркан?
И при примањето на членовите , на кој начин податоците на членот се проверени ??
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Доколку човек има извршено било какво кривично дело - не може да се зачлени.
Откако ќе се зачлени, ако изврши било какво кривично дело - бива исфрлен од ложата.
Се проверува на ист начин, на кој се проверува кога аплицираш за работа или за кредит. :smir:
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
zidarski da ne ima nekoja posebna e-kniga za masonite ako ma prati mi link po pp
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Има илјадници е-книги, ама не знам што точно те интересира, што точно бараш.
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
472
Поени од реакции
15
Пирамидата е пред се присутна во американското масонство, не толку во европското. Пирамидата не е довршена на тој симбол. Односно - симболизира дека трудот не е завршен, дека сеуште има да се гради, да се усовршува, да се унапредува човекот. Тоа е вечно градење - секогаш има потреба да се биде подобар.
Окото што гледа се е чисто Библиски симбол - од Стариот Завет. Бог, секогаш и секаде гледа Се. Односно, во масонството, поуката е дека дури и да ги скриеме нашите дела и мисли од луѓето, Бог секогаш и секаде не гледа, затоа треба да сме исправни и во делата свои, но и во мислите и срцата - затоа што само така можеме да застанеме пред Него, кога ќе ни дојде денот. Како што реков - ова е чисто Библиска референца.
Всушност тој знак го има и на американскиот долар..па сега видете каква улога имаат масоните во американската политика и се општо
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Всушност тој знак го има и на американскиот долар..па сега видете каква улога имаат масоните во американската политика и се општо
Mislam deka ovaa bese veke elaborirano i ne e umesno povtorno da se vrtime vo krug.Ke podsetam samo na plejadata umetnici,naucnici i sl i ke zaprasam a zosto ne gi komentirame delata na Da Vinci vaka ili onaka znaejki deka e mason i golem umetnik,da ne zboruvam za naucnite otkritija od masonite niz vekovite.Luge porakata e deka DA TUKA SME POMEGJU VAS I AKTIVNO UCESTVUVAME VO OPSTESTVOTO SE SO CEL DA GO NAPRAVIME POUBAVO MESTO ZA ZIVEENJE OSTAVAJKI BAREM MAL BELEG ZAD NAS koj ke sluzi kako gordost i motivacija na idnite nasi braka koi prepoznavajki gi nasite simboli ke dobijat pottik da izdrzat na patot koj go izbrale posveten na boga i na lugeto okolu sebe.
Ne znaci deka drugite masoni koi se pomalku slavni od slavnite iminja vo istorijata se pomalku vredni oti site nie sme isti-ednakvi pomegjusebe.Znaci ne ima sekade (da kumanovec-kumanovac ima ne i u kumanovo)
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Од моја гледна точка со тоа што го има масонскиот знак на доларот тие имаат улога на градители на новиот свет.
Поинаква улога не гледам каква би имале .
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Ke mi kaze li nekoj dali organizatorite na strumickiot karneval se masoni...........oti mislam deka vidov vo lozata kaj sto sedea zirito,imase masoni...mislam 90%????.....ne znam dali bea od makedonija.pozzz:salut:
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
А од каде знаеш дека беа масони?! По што ги позна дека се масони?! Мислам 90%...:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom