Убаво реков - потпрочитај низ форумов, имам објаснето се во детаљи...
Не се примаат луѓе што прв пат ги гледаш!
Има два начина да се влезе (во секој случај - кандидатот сам мора да побара членство, не може да му биде понудено!).
Првиот - ако познаваш некого, па тој гарантира за тебе.
Вториот - ако не познаваш никого, ти бива назначен "спонзор" (ова е англискиот термин, не знам кој термин се употребува во Македонија).
И во двата случаи - членовите на ложата мора да те запознаат добро, пред да влезеш.
Првин - мора да ти се назначи уште еден спонзор (мора да имаш два за да гарантираат за тебе, а за да го сторат тоа, првин мора добро да те запознаат). Потоа - се назначува комисија која те проверува. Комисијата се состои од тројца членови. Секој од нив се сретнува со тебе, во различен временски период и се запознава добро со тебе. Истотака - се сретнуваат со сопругата (или семејството со кое што живееш во моментот) и мора да имаш согласност од сопругата за членство.
Потоа - ако сите тие се задоволни од твојот карактер и се убедени во твоите чисти намери - дури тогаш те предлагаат на ложата за гласање. Сите членови на ложата мора да гласаат во твоја корист за да можеш да влезеш. Ако било кој од нив знае дека има нешто нередно во врска со тебе - нема да можеш да влезеш, и покрај тоа што и спонзорите и комисијата гарантираат за тебе.
Целиот овој процес е долготраен. Во различни јурисдикции е различно - но може да трае меѓу 3 месеци и 2 години. За тоа време - доста добро ќе те запознаат, верувај ми.