Еве нешто за Хувер што не е конспиративен муабет изваден по неговата смрт.
КОИНТЕЛПРО е програма на ФБИ од 1956 до 1971 во периодот кога Хувер е шеф на бирото. Всушност Хувер е и
идејниот творец на програмата. Откако аферата се открива самиот Хувер кажува дека програмата е готова, но сепак смета дека тоа не е добро за интересите на САД.
Комитетот што Сенатот го избира да ги разледа архивите, открива безброј неправилности, лимитирање и оневозможување на човековите права па дури и брутални пресметки.
Еве го нивниот извештај. Интересно е што во тие документи има вршење на нелегални активности по директна наредба на Хувер, како што е на пример
растурањето на Black Panther Party.
П.С. Во извештајот на Church Committee најдов еден интересен пасус.
Оттука се поставува прашањето како може човек што е шеф на разознавачки и полициски организации да се смета за високоморален и да добие највисоки почести во организација во која моралот на човекот се става на прво место.