Што воопшто не е ни битно... затоа што тоа е ВЕРА. Ако авторите на книгата претендираат да шират нова религија - тогаш немаше да имам проблем со нивните ставови, а уште помалку со начинот на кој ги презентираат. Обидот да се презентира нешто како историја, а е претпоставка - е она што не ми се допаѓа.всушност неможе ад се докаже ни дека исус навистина живеел..
Со ова АПСОЛУТНО се согласувам! Затоа и дадов неколку примери за такви книги! Кога писателот пишува белетристика - тогаш ваквиот пристап е АПСОЛУТНО прифатлив и дури пожелен. Не се согласувам дека конкретните автори го имаат тој пристап и мислам дека токму тоа е проблемот.значи правиот писател (а тука би застанала на странат на авторите ) е оној кој ја бара и сваќа дека вистината не е ограничена од ограничените забележани факти туку дека често ежи во помалку опипливи обасти- култура, митови, легенди, преданија, духовниот живот на поединецот како и на цели народи. историјата за таков пистаел не е нежто заледено, скаменето и подврнато на лабараториски експерименти. за писателот знаењето не е заградено со цврсти прегради и не постојат ниту табуа ниту незнам какви озлогасени теми.. напротив тоа е еден органски и развоен процес..
Само за споредба (и конкретно книга која верувам ќе ви се допадне, заради темпларската тематика) - Jack Whyte има напишано извонредна трилогија, каде го прави токму тоа - ги руши сите можни бариери, сите можни предрасуди, ограничувања, ја предизвикува историјата. Но - пишува роман.
Да не бидам разбран погрешно - конкретната книга, како и книгите на Најт и Ломас се исклучително забавни и интересни за читање. Ги имам скоро сите нивни книги прочитано и многу ми се интересни самите идеи. Сепак - не го почитувам нивниот пристап и претставување на работите онакви какви што не се.