Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
21 јуни 2012
Мислења
65
Поени од реакции
84
Пресметка помеѓу мафијашки кланови, изгледа имале некои нерасчистенки сметки ..
Не се работи за неисчистени сметки двајца од нив лично познавав и со сигурност тврдам дека зад себе немаат никакво мрачно минато
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.268
Поени од реакции
26.138
Мотивот на обвинителството прераскажно од албански адвокат, оти му сметале посетители на езерото:facepalm:
Живо ме интересира што разговарале меѓу себе гнидиве, дали тој доказ ќе имаме можност да го слупнеме, правници?
Типот рече дека транскриптот од телефонските разговори не биле и некој битен доказ. :vozbud: Инаку, најверојатно ќе имаме можност, ако судењето биде јавно. Валда нема одбраната да инсистира на затворено судење. Невини се, нема што да се крие.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Реализацијата на терористичкиот акт се случил на меѓу 19,40 и 19,50 часот, кога од близина од само еден и пол метар било стрелано во Цветанчо Ацевски (19), Кире Тричковски (21), Александар Накевски (18), Филип Славковски (200 и Борче Стевковски (45). Обвинителството тврди дека Алил Демири во жртвите пукал од пиштол, а Африм и Агим од автоматски пушки.
Смртна казна!!!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Цццц абе глувци да ги јадат пополека!!!!!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.207
Ако истрагата не го зема во предвид фактот дека егзекуцијата е извршена на најголемиот христијански празник, тоа значи дека се прават обиди да им се олесни на убијците, при одредувањето на мотивите!




Смртна казна!!!
...или амнестија.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.493
Поени од реакции
65.887
Јавна егзекуција за генетски пореметениве, набоди го на колец, да гледа цело Тетово, Гостивар, Скопје Струга Дебар Кичево и Куманово.
Чисто да знае нередниот што го чека ако пак помисли вакво нешто.
Не верувам во ресоцијализација на некој кој свесно убил 5 луѓе. Тоа треба да се уништи и да се зачува кислородот што го троши гнидата.
 
Член од
21 јуни 2012
Мислења
65
Поени од реакции
84
„Обвинителството како мотив ја гледа огорченоста на обвинетиот зошто излетници престојуваат на неговиот приватен имот. Му сметале рибарите кои доаѓале на езерото“

На здрав човек кои трезвено размислува зошто би му сметал некој кој лови риби небаре сомови и крапови има во таа тињата таму...вредно ли било поради тие полноглавци кои што таму ги ловеле да бидат ликвидирани на толку суров начин. Колку треба да си психопат да легнеш 4 невини деца за кои што допрва почнувал животот и да ги ликвидираш така што ќе им пукаш во чело, око, рака, нога, гради ..
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519
Деновите на убијците и нивните помошници им се избројани, вака или онака.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.268
Поени од реакции
26.138
„Обвинителството како мотив ја гледа огорченоста на обвинетиот зошто излетници престојуваат на неговиот приватен имот. Му сметале рибарите кои доаѓале на езерото
Ова е толкување на неписмениот адвокат, не официјално обвинение. Обвинението е јасно - тероризам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Се надевам само дека овој адвокатов пробува да ги заглави што повеќе со ваква одбрана, затоа што за ваков беден аргумент што си нема врска со реалноста јас и на него би му опнала 10 години.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.611
Поени од реакции
8.662
Изгледа јас не сум информирана. Овој Хаки као сам себе се пријавил?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.207
Јавна егзекуција за генетски пореметениве, набоди го на колец, да гледа цело Тетово, Гостивар, Скопје Струга Дебар Кичево и Куманово.
Чисто да знае нередниот што го чека ако пак помисли вакво нешто.
Не верувам во ресоцијализација на некој кој свесно убил 5 луѓе. Тоа треба да се уништи и да се зачува кислородот што го троши гнидата.
Ерм... овие се "наредните", што ги спомена.

Видоа дека во Македонија можеш да се извлечеш дури и со злосторства против човештвото, или ако претепаш човек до смрт. Доволно е само делото да си го направил поради омраза кон каурите. Сфатија дека цела албанско-муслиманска заедница ќе излезе да ги брани. Што и се случи, нели.

Е сега, ако некој кој влечел со трактор живи луѓе по ниви, или резбал, тепал и силувал невини граѓани, се извлече онака без ништо, тогаш по таа логика на овие ќе им дадат по 4-5 години, кои ќе бидат у ствари практично 2-3.

И тоа, само ако Али е задоволен од фелациото на Грујо и дозволи ете да бидат осудени овие, веројатно херои на Албанците и останатите Муслимани.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.611
Поени од реакции
8.662
Ајде правници, колку се лежи за тероризам?
Тешко дека се лежи 4-5 години.
А верувам, и 6 месеци да им дадат, нашиве тешко дека ќе ги милуваат по затворите :) Сами ќе се поубијат додека издржат затворска казна.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519
Изгледа јас не сум информирана. Овој Хаки као сам себе се пријавил?
Не сум сигурен ама мислам дека ваква е ситуацијата со него ако не е така нека ме поправи некој. Хаки прво беше заштитен сведок, ама откако Хаки го спука каки поради фактот дека и он и неговата поширока фамилија ќе биде елиминирана поради неминовниот хајв мајнд ментален склоп на нашите сограѓани ако застане против неговите, се премисли и стана еден од обвинетите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom