http://www.bezpardon.mk/krvava-tepachka-na-pazarcheto-vo-chento-frchele-kamen-a-palki-i-tupanitsi/
Раскрвавени глави, тупаници и дрвени палки, двајца повредени, две едници на алфите и полицико комбе – вистинска драма на пазарчето во Ченто вечеравечер околу 20 часот.
Очевидец на целиот настана за БезПардон ја раскажа целата случка.
Според неговиот исказ 5-6 Албанци, еден од нив постар на околу 50 години, другите по дваесетина, ја затворале тезгата на пазарчето кога покрај нив поминал еден Македонец на околу 20 годишна возраст. Тие нешто му пререкле, го испровоцирале, а набрзо вербалната расправија прераснала во тепачка. Македонецот се здобил со удар од дрвена палка, целата лева стана од главата му била во крв, најверојатно од силниот удар се здобил и со потрес на мозок. Иако сам, успеал да се бори и со камен го удрил постариот Албанец.
Ги разделиле “алфите“ кои пристигнале со два џипа и едно полицско комбе. Очевидецот вели дека видел како само Македонецот е приведен во комбето, а останатите останале покрај тезгата на пазарот.
Од МВР ја потврдија тепачката која се случила на улицата Маџари во близина на пазарчето во Ченто. Во тепачката учествувале од едната страна Б.Ј. (29) , а од другата М.С.(19), С.С. (47), Р.С.(20) и Р.С.(19). Случајот е пријавен како нарушување на јавниот ред и мир, а сите учесници се добиле со кривични пријави. Од МВР информираат дека најповреден е Б.Ј. кој ја почнал тепачката. Кај него е констатирано присутво на алкохол и тоа 2.30 промили и почнал да вика и да го навредува семејството кое ја пакувало тезгата. Од таму почнала и тепачката.
Нека иде во темата за внатрешни случувања пошто гледам дека е затворена...
Очевидецот кажува едно, МВР друго и апси само Македонци, а невините Албанци кои патем користеле дрвени палки не се уапсени.
И како да не се буди гневот после