ima povredeni demonstranti od SOPSTVENATA POLICIJA alooo ovie navistina saka da izlezi gragjanska vojna imaat pravo lugjeto da se dvizat kade sakaat ne smeat tie da interveniraat so upotrbuvanje na oruzje
Друже и ти да си цајкан и да дојде некој пилиштар да ти изведуе и да те мава со камења, и ти би му опнал една... па да не знае на кај да фати. Се повикуваше на протести, не да се прави неред и да иде да се провоцира во Бит пазар... Овие само ја прават поголема.
И баталете да читате/гледате ПлусИнфо, Сител и К5... сите се исто срање. Инаку, на Телма имаше видео дека полицијата реагира... кај и да е би требало да го објават и на интернет.
(ФОТО) Млади лица со заканувачки пароли протестираат низ Скопје
Неколку стотици млади, главно припадници на навивачки групи, се собраа доцна попладне пред зградата на Владата за да го искажат својот револт поради неодамнешното убиство на петмина луѓе во близина на селото Смилковци.
Протестот по кратко време ескалираше, по што учесниците, кои извикуваат и заканувачки и навредливи пароли кон етничките Албанци, почнаа да фрлаат камења кон полицајците. Физичката пресметка се случи откако полицијата не им дозволи на дел од учесниците да го преминат мостот „Гоце Делчев“ и да се упатат кон Чаршијата.
Силни полициски се распоредени на придотите кои водат кон Старата чаршија, за да не се дозволи пристапот на повеќето од групи млади протестанти. Полиција е распоредена и кај споменикот на Скендер Бег.
Сепак, мостовите и улиците не се целосно затворени. полицијата дозволува поминување на автомобили и на обични минувачи, кои не се дел од толпата демонстранти.
Пред зградата на Владата, младите лица извикуваа пароли како „За Албанци гасни комори“, „Мртов албанец, добар албанец“, „албанска полиција“, „Чиста Македонија“, беа дел од паролите на демонстрантите. Тие носат и натпис „Почивајте во мир“. Најавите дека ќе се организира ваков протестен собир доаѓаа во текот на целиот ден на социјалните мрежи.
Извор:
Дневник