- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Возобновувањето на монаштвото пред повеќе од една деценија во многу нешта значеше и отварање на манастирските порти за оние кои имаат потреба од духовен мир. Тоа всушност требаше да биде и почеток на денес популарно наречениот манастирски туризам. Главниот адут со кој Македонија ќе привлекува странски туристи. Експертите велат дека за развој на манастирскиот туризам како предуслов неопходно е да се има атрактивни манастири. За среќа, Македонија тоа го има во изобилство.
Денес Македонија има околу 30-ина живи манастири и уште трипати повеќе светилишта. Сите тие се отворени за туристи. Во нив се прераскажува историјата. Многу од приказните што ќе ги слушнете од монасите, активно сведочат за македонската самобитност. Еден од неопходните детали од архиереската одежда, митрите, што ги изработуваат сестрите од манастирот во Рајчица, нема да ги најдете во ниту еден друг манастир на Балканот. Нивната посебност е во тајната на византискиот стил и везови кои монахињите ги негуваат како традиција. Бигорскиот манастир во Дебарско-кичевската епархија е еден од неколкуте кој самоиницијативно инвестира во овој тип туризам. Моментално има простор да прими околу 100-тина гости во манастирските конаци. Сите тие, покрај духовниот мир можат да го почувствуваат и животот на монасите, од нивната исхрана па се до религиските обичаи.
-Бараме да има еден ред. Да се почитува типикот на манастирот. Посителите се задолжени да дојдат на една богослужба дневно. Да се запази редот и тишината. Да не биде тоа само туризам, туку луѓето да земат една поука, вели отец Јосиф, јеромонах во Бигорскиот манастир.
На другата страна од Македонија, исто така самоиницијативно во манастирскиот туризам инвестира и Струмичката епархија. Во изградба се мали конаци во Вељуса и во Водоча, а комплетно адаптиран за гости е манастирскиот комплекс Свети 15 тивериопополски маченици. Вакви примери има и во други манастири. Но приказните за изработка на митрите исто како и за иконите и фреските од ликовната колонија во Вељуса, приказните за исцелителската моќ на манастирите, нивните историски судбини, сето тоа се уште останува недостапно за странските туристи преку една организирана промоција. Се она што засега функционира како туризам е сведено на индивидуално ниво. Но и за него недостасува поддршка од државата. Црквата вели дека со оживувањето на манастирите ја покажала својата отвореност.
- Во Македонија имаме неодбележаност на нашите светилишта. Тоа е еден мал но голем проблем. Државата треба да ги одбележи тие светилишта, да ја подобри инфраструктурата, бидејќи голем број од нашите манастири во планинските предели зиме се отсечени, вели Архимандритот г. Арсеније од Струмичката епархија. Во изминативе неколку години, архиереите од различни православни цркви кои дојдоа во Македонија беа одушевени од историјата на Македонската црква. Еден од нив дури и јавно рече: "Луѓе, па вие имате се. Имате жива црква, а со тоа вие ја имате автокефалноста, дајте пренесете им ја оваа слика на останатите цркви".
Инфраструктурата и маркетингот се компонентите на кои мора да поработат државните власти. Странците велат дека ако една од алките во ланецот туризам не функционира, тогаш се руши целата приказна. За следната 2008 Министерството за економија ги најавува првите посериозни контакти со црковните власти, чие активно вклучување ќе биде неопходно за целосно профункционирање и адаптирање на манастирските капацитети.
Како што гледам нема тема за овој вид туризам, кој според мене има голем потенцијал бидејќи имаме премногу манастири.
Повод за темата е манастирот св.Ѓорѓи - Кнежино во близина на Кичево
За жал никогаш не сум имал прилика да го посетам манастирот па би сакал да прочитам искуства од оние кои биле.
http://www.knezino.org/
Секако на темата се пожелни и слики и искуства од другите манастири во Македонија, како и сместувачки капацитети и услови за ноќевање.