Мамо, тато ... решение ?!

  • Креатор на темата Чек Он Ит
  • Време на започнување
Ч

Чек Он Ит

Гостин
Вие сте родители (ако не сте замислете), сакате најдобро за вашето дете, правите се за да го воспитате правилно, но еден ден вашето дете ви соопштува дека неговата девојка останала трудна, или пак обратно вашата ќерка е трудна и е возрасна не доволно за да се сноси со такви одговорности ... И што превземате вие ... Како на вашето дете ќе му помогнете?! Кое е за вас најдоброто решение ... Дали има разлика полот воопшто, дали вашето дете е машко или пак женско ... Ако е женско дали вие како родители ќе ја принудите/советувате вашата ќерка за абортус ? Или пак нема да бидете воопшто при себе да му помогнете на детето или пак уште полошо да го оставите тотално само на себе ?

П.С Озбилна е темата и ќе ве замолам на исти такви одговори ... :toe:
П.С2 Извинете ако има иста или слична тема, барав ама не видов слична ...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Се разбира дека и покрај се, без разлика за каква ситација се работи. Нема шанси да го напуштам моето дете, секогаш ќе бидам тука за да му помогнам и да го поддржам, а ако останала трудна - ако е женско, не би и препорачала абортус, затоа што сум најжесток противник... Мислам дека ќе бидам покрај неа и јас ќе и помогнам околу тоа. Ако е машко и неговата девојка е трудна, мислам дека би му рекла дека треба да ја прифати одговорноста и да биде покрај девојката и да го прифати нејзиното решение какво и да е, а не да избега.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се водам од желбата ако е женско што она сака.Ако сака да го абортира тоа дете поради х причини јас сум тука до неа и ќе и дадам секаква подршка.Ако сака да го роди исто така ќе ја подржам максимално и ќе и помогнам да го изградиме тоа дете како своја личност(и ќе бидам пресреќна што имам таква ќерка и внуче).
Ако е машко моето дете,ќе се обидам да дознаам што всушност решила девојката која е од него трудна,и секако ќе го поучам да го почитува нејзиното решение пред се.Ако тоа било авантура за една ноќ,он мора да си ги сноси последиците од тоа и да се справи со тоа како двајцата ќе решат,но во никој случај нема да го советувам ако не ја сака да ја земе за жена,зошто мора така,зошто тој брак однапред е осуден на пропаст,без љубов.
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
сеа зависи од годините....но ако е керка..сосема ке ја подржам...дали сакала абортус или ке го задржи...тоа е ...веке се случило нема вракање назад..ке ја подржам во се! и ке настојувам кон задржувањето на детето бидејки би била пресрека кога би добила внуче!
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Би го го/ја подржувал синот/ќерката во што и да одлучи,но доколку сметам дена возраста не е соодветна би советувал да се иде на варијантата абортус,со што синот/ќерката би можеле нормално да го завршат школувањето.
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Има разлика дали е машко или женско,дали ќе дава или ќе зема пари за алиментација!
 

Pece_nt

Dezuren Samoubiec
Член од
1 февруари 2007
Мислења
198
Поени од реакции
3
pa ne bi prevzemal nisto loso pa toa e moe dete i jas mozebi sum vo nekoj del sto ne sum go sovetuval moeto dete kako da se grizi za sebe i kako treba da vnimava na sebe. bez razlika dali e masko ili zensko jas vo nikoj slucaj nema da se otkazam od ona sto jas sum go napravil i ona sto toj go napravil ili taa go nosi vo sebe i toa e covecko sustestvo.
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Ke go/ja podrzam.Vo nikoj slucaj ne bi ja ostavil ana cedilo,sepak taa mi e kerka ili sin i vo nikj slucaj ne bi se otkazala od moe dete.I ne bi ja sovetuvala za abortus
 
С

Сатори

Гостин
Не е важна многу мојата одлука, затоа што секогаш решението останува на син ми или на ќерка ми.Тука сум и како матријална и како духовна подршка за секое евентуално решение.
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Би си го подржала детето и неговата/нејзината одлука.Што и да одлучи јас ќе бидам тука да помогнам колку што можам сепак колку и да згрешил/а и колку и да е глупо да се има дете на млади години требало да се мисли порано и да не дојде до вакви работи.Мое е да ја советувам, а сега он/а и да и ги отворам малце поубаво очите, а другото зависи од неговата/нејзината одлука
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.405
Поени од реакции
5.962
Сега сите викате би го подржала ама не е баш сеедно кога ќе ви дојде на глава. Тешка е ситуацијата и треба многу да се размисли додека се донесе конечната одлука и да се земат во предвид сите околности.
Знам повеќе такви примери кои завршиле на ваков или онаков начин но во секој случај најважно е што ќе одлучат они самите. Родителите треба да се погрижат да не дојде до таква ситуација ако нивните деца не се доволно возрасни за тоа. А доколку дојде веќе нема назад.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
BusHav напиша:
Има разлика дали е машко или женско,дали ќе дава или ќе зема пари за алиментација!
Туууу пусти капитализам, само за пари да се гледало бреееееј :pos2::pos2::pos2:

Шала на страна тоа исто така многу битен момент кој не смее да се запостави.
Ама кај мене ако е под 20 години добива прво две три чврги и по една заушка (нормално не ептен силна), па после има едно добри два три саати да издржи држаење предавања од моја страна што како, и после заклучок е дека „грешката “ е направена, ако станува збор за ќерка од мене го добива ветување за целосна подршка за раѓање на зачнатиот плод, во случај да сака да абортира, пак следува уште неколку саати предавања, па после се остава да размисли, и да сфати дека кога не сакала/сакал на полесниот начин да ги научи обврските и проблемите во животот сега ќе ги учи на потешкиот начин, и за тоа самата/самиот си е крива/крив, и мора да живее со последиците од неговите/нејзините постапки.
Ако е над 20 години, е тогаш нема потреба од толку предавања и замарања, се седнува на еден краток муабет, му / и ги кажувам сите проблеми и прашања со кои ќе терба да се соочи поради новнастанатата ситуација и понуда за безрезервна подршка (нормално во педгошки размери безрезервна).
 
Член од
12 март 2007
Мислења
140
Поени од реакции
1
BusHav напиша:
Има разлика дали е машко или женско,дали ќе дава или ќе зема пари за алиментација!
znaci ako e masko postotreba da dava alimentacija treba devojkata da se cisti alal da ti e ako site taka razmisluvale kade ni e krajot.jas licno bi gi podrzuvala vo sto i da odlucat sepak toa e niven zivototi sekoja odluka na ovaa prasane nosi svoj rizik posebno za devojcinata
 

*P|nK_G|rL*

~Pretty in Pink~
Член од
21 мај 2006
Мислења
761
Поени од реакции
5
Нормално дека ќе ја/го подржам без разлика каква одлука ќе донесе.. Грешката е веќе направена... Можеби малку ќе викам зошто не внимавале и.т.н. но ќе морам да бидам смирена...Таа или тој треба да одлучи што ќе прави понатаму.. Можеби ќе бидам загрижена(ако се работи за млади), дека можеби е премлад/а, дека нема да успее да биде и мајка/татко и ученик/студент во исто време...дека ќе го запостави неговиот/нејзиниот живот и.т.н......

Но сеа морам да знам за која возраст се работи? Ај точно кажи отприлика за колку мислиш? Би требало да не мислиш за 14 години нели? ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom