Мамо, тато ... решение ?!

  • Креатор на темата Чек Он Ит
  • Време на започнување

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
sekoj roditel majka i tatko sekogas go misli najdobroto za svoeto dete
Kolku da e golem i seriozen problemot normalno deka bi ja/go podrzal.
Site dobro znaeme deka od mali noze generaciite sakaat da gi iskusat site dobri i loshi strani na zivotot normalno toa nosi i svoj posledici..
Vo nikoj slucaj ne bi dozvolil da toj ili taa si go upropastat zivotot...
Zaedno sme posilni i zaedno ke preprodime i uspeeme da rabotite gi vratime vo normala..Sekoja odluka sto ke bide donesena od nego/nea kako roditel sekogas ke ja podrzam so Nadez deka toa ke go/ja napravi posrekna i povesela
 

*LiL Mermaid*

part of our world...
Член од
3 јули 2007
Мислења
352
Поени од реакции
6
prvo srce ke me slupa...a dalje...resenieto ke bide negovo...e sea dali ke go podrzam vo odlukata zavisi od vozrasta....nemozam na 14 god da go/ja podrzam da stane roditel..ali ako taka resile so nego sum...dete ti e!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Sto bi napravil? Bi napravil seriozen muabet so deteto dali ke ja snosi taa odgovornost, tuka bi organiziral psiholog/psihijatar zaedno site petorica (jas zena mi kerka/sin mi i deckoto/devojkata mu. Ako ne se spremni na pocetokot togas bi im podpomognal finansiski dodeka ne najdat rabota (2-3 godini). Posle toa ke gi ostavam sami na sebe.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Ќе го поддржам на тој начин што ќе му кажам да го абортира. Можеби звучи сурово, но колку и да е тешко, на сметка на својата иднина ќе се откаже од него. Па ако на 15 години роди, кога тоа дете ќе заврши средно, факултет? Како прво на 15-6 години детето не е толку зрело за само да решава дали сака дете, па и да го роди, сигурно ќе го остави на терет на мајката, која ќе мора да се откаже од се во својот живот за да му се посвети на детето.

Но голема улога игра и таткото на детето. Тој може или да даде целосна поддршка во ситуацијата, или воопшто да не ја даде, затоа што сепак бебе е голема обврска, особено за тинејџер.

Се на се, воопшто не оправдувам задржување на бебе во тие години, затоа што и за мајката и за детето би било подобро така, а кога ќе дојде вистинското време да се создаде семејство, тоа да се случи без никакви проблеми.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
125
Поени од реакции
0
Јас лично сум против абортуси! Еве се ставам во улога на родител и ако ќерка ми е бремена никогаш не би и предложила нешто такво. Ке се обидам да го најдам соодветното решение но тоа никако!!! Подобро на млади години да стани мајка отколку абортусот да и го одземе тоа право за цел живот.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Епа во секој случак ќе го подржам детето. Мислам секако дека прво ќе се шокирам, шлогирам и ќе кревам паника малку, али откако ќе размислам... Ако се над 16 години тогаш мој совет ќе биде да го задржат детето. Значи ако е син да ја прифати одговорноста, ако е ќерка да го роди, затоа што јас ќе и помагам и ќе се потрудам да и го олеснам целиот процес на чување и издигање здраво и нормално детенце. А ако се помали тогаш стварно не би знаела што да кажам... Не би сакала ќерка ми да поминува низ абортуси, али пак е страшно и да раѓа... Не знам, најверојарно ќе пропушти една година у школо и после тоа повеќе јас ќе бидам со моето внуче, а она ќе мора да се посвети на школото и се надевам ќе извлече некоја поука од сето тоа. Али, како и да е, секогаш ќе пружам максимална поддршка!:toe:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Во секој случај мој совет ќе биде да го задржи детето. Не гледам причина различно да реагирам ако е машко или женско. И во двата случаи тоа се мои деца и јас како родител треба да ги подржам. Единствено се бунам за абортусот..веќе се имам изјаснето во друга тема дека сум против.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Ех, драги мои “родители“, тешко прашање, м?
Немојте да се фокусирате на моментот на раѓање/абортус, туку размислете што потоа. Мене тоа повеќе би ме засегнало. На детето не му требаат баба и дедо (колку и да се млади, енергични, зафатени), туку дом и семејство и доволно возрасни и зрели родители кои ќе го воспитуваат и создадат човек, а не обврска која ќе ја префрлат на родителите.
И ако тоа ќе го “поддржите“ деттето во одлуките. Зборуваме за малолетници. Додека не наполнат осумнаесет години, родителите се одговорни за нив пред законот и исто така се одговорни за вакви покрупни одлуки. Не може да се абортира без потпис и одобрение на родител. Не може ниту да се склучи брак без одобрение на родителите. Значи конечната одлука е ваша, не на децата.
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Replika za Saladin.
Ako ne se spremni na pocetokot togas bi im podpomognal finansiski dodeka ne najdat rabota (2-3 godini). Posle toa ke gi ostavam sami na sebe.[/quote]


Od mene ovoj film nikogas nema da go doziveat. Ako taka napravam na moeto dete - da go ostavam samo, na cedilo, togas ni jas ne sum bil dostoen da go imam toa dete (sin ili kerka).

Znaci - sto i da bide tuka sum za cel zivot za nego i kako moralna i kako materijalna poddrska.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Има разлика дали е женско или машко, како и да е сепак е тоа мое дете и ќе му мислам најдобро на свет. Ќе го подржам во одлуката кое самото со партнерот ќе ја донесе, нема премногу да се мешам само ќе подржувам пошто несакам утре јас да бидам виновна за несреќата на моето дете. Со внимателно размислување, согласно со околностите и ставот на партнерот ќе се одлучи дали детето да се задржи или не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom