Вака, кога би бирал хамбургер од 80 денари што ќе ме засити ама не и најаде, и хамбургер од 90 што ќе ме најаде, сигурно ќе го изберам тој од 90.
Значи, никако немој да штедиш. Поарно крени ја цената за 10 денари, ама јадењето да биде стварно вкусно и стварно да најадува.
Секој што јаде у сендвичара, јаде за да се најаде, а не за да вкуси. Ако ми да вкусам, ќе си купам кроасанче од продавница.
Друга ствар: Обавезно имај сосови и во секое време салати. Тоа е она што го прави сендвичот вкусен. Дури и плескавицата да не ти е нешто нај сјана по вкус, сосовите вадат многу!
Друго, ако има стварно гужва, немора да го брзаш помфритот
Поарно ќе почекам уште 2-3 минути што не ми мењаат абсолутно ништо во денот и ќе си јадам добро спржен компир одколку да ми даеш нешто бљантаво. Тоа увек за пазувај го. Гужва ил не, сендвичот настојувај секогаш да ти е топтан.
Настојувај вработените да не бидат намќори. Ако гледам дека со сила ме служи, последен пат влагам таму.
Во глобала, тоа е тоа.
Факт е дека локацијата ти е многу битна, ама уште по битна ти е надмашноста над конкуренцијата.
Ја имам сендвичара пред зграда, па пак идам 200 метра понатака, да си купам од другата, зашто ги јадат на квалитет и услуга.
Дади ја сета сила што ја имаш на старт, за да изградиш некое име на сендвичарата и за да придобиеш редовни муштерии.
Мислам дека повеќе се живее од нив него од "помини-замини" купувачи
Со среќа бато, и, кога ќе отвориш, пофали ни се тука да ти поминеме да сефтосаме <3