Мали трикови за поубав изглед!

.

  • .

    Гласови: 25 47,2%
  • .

    Гласови: 7 13,2%
  • .

    Гласови: 15 28,3%
  • .

    Гласови: 6 11,3%

  • Вкупно гласачи
    53

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
TWEETY*** напиша:
Iscisteto go liceto.

Prv cekor e cistenjeto na liceto ,na koe treba da mu se posveti osobeno vnimanie.Mlekoto za cistenje e idelano za otstanuvanje tragi od sminka i stetni materii nastanati pod vlijanie na atmosferskite zagaduvaci: nanesete go na parce vata i lesno masirajte go liceto.kozata izmijte ja za da gi otstranite evntualnite ostatoci od mlekoto za cistenje, izmesani so necistotijata.Cistenjeto zavrsete go so mienje na liceto vo ladna voda- toa e dobro za steganje na kapilarite i pottiknuvanje na mikrocirkulacijata.
Rezultat:Kozata povtorno ke izgleda svezo.
Toчно дека млекото убаво го чисти лицето, меѓутоа после масажата на лицето со млеко, убаво е остатоците на нечистотија да се отстранат со тоник, па потоа да се нанесе крем.
Јас на овој начин го чистам лицето и после чистењето со тоникот кожата ми има посебен сјај, изгледа свежо, плус е мазна и мека:vozbud:
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Масажата е една од најстарите техники кои се применувале за лекување, опуштање и во козметички цели, а се спомнува уште во стара Индија, Кина, Јапонија, Грција, Рим...Освен што се користи за нега и релаксација таа му помага на телото побргу да се опорави од повредите или операциите. Едноставно кажано таа ве прави поздрави, повитални, помлади, поубави и поотпорни.

Против подбрадок
По некој килограм повеќе и лошото држење се доволни тој да се појави. Како да се ослободите од него? Прво, подигнете ја главата смеејќи се, а со надлактицата десет пати поминете преку брадата од едното до другото уво. Потоа десет пати на истиот начин, притискајќи, поминете со раката од градната коска, преку вратот до брадата, секогаш од долу спрема нагоре. Со ваквата масажа ја подобрувате циркулацијата и го зацврстувате ткивото. Употребете масло со екстракт од пченични никулци кој содржи многу витамин Е.

За почеток на денот
Оваа масажа со масло се темели на ајурведа методот. Нејзината особеност е во тоа телото да го истриете со бадемово масло пред утринското туширање, што според ајурведа методот го поттикнува опуштањето на животната енергија капха.
Најпрво со двете раце опфатете го зглобот на левата нога и неколку пати со притискање поминете од горе надолу по потколеницата. Потоа на ист начин масирајте ја натколеницата, а истото повторете го и со десната нога.
Потоа фатете го зглобот на левата рака со десната и притискајќи поминете долж целата рака се до рамената а потоа повторете го тоа со другата рака. На крај истријте го телото со масирачки движења истовремено нанесувајќи бадемово масло и завршете го третманот со ладно туширање.

За опуштање
На дланките се наоѓаат безброј нервни завршетоци кои се во директна врска со поедини органи. Еве едноставна техника која опушта. Намачкајте ги рацете со масло и притоа полека повлекувајте ги прстите. Со врвовите на прстите на едната рака нежно тапкајте ја дланката на другата рака. На крајот, околу една минута со прстите од едната рака притискајте го делот помеѓу палецот и показалецот на другата рака. Токму на ова место се наоѓа акупресурната точка "долина на мирот". За оваа масажа совршено одговара препарат со екстракт од арника и масло од семки од грозје. Линолната киселина, одлично ја негува рапавата кожа на рацете.

Против стрес
Децата се караат, телефонот ѕвони, а вие сте на вратата спремни да излезете... И покрај се исклучете се малку и затворете ги очите. Со показалецот и средниот прст притиснете ја коската на челото околу 2 см над веѓите околу 2 минути повремено тријте ги, а смирувачкото дејство иосвежувањето ќе бидат поголеми ако употребите малку масло од нане.

За мазна кожа
Кожата на усните е околу 20 пати потенка од кожата на лицето па не е чудо што толку често пука. Еве како повторно можете да ја направите мека и мазна. Помешајте 1/2 лажица масло од јојоба со 1 капка етерично масло од ѓумбир. Гингерол, основната состојка на ѓумбирот одлично ги лекува пукнатините на усните. Најпрвин маслото втријте го во аглите на усните па со спирални движења преминете на горната и долната усна.

За одморни очи
Ако очите ви се црвени и уморни, ви препорачуваме масажа со кинеска метода "зан зху", односно масажа на "точката свиткан бамбус". Оваа точка се наоѓа меѓу веѓите и коренот на носот. Промасирајте ја со палецот кружејќи 8 пати лево и 8 пати десно, а останатите прсти навалете ги на границата на челото и косата.

Против брчки
Она што сигурно го забавува стареењето на кожата се маслата од никулци и оревчиња бидејќи се богати со витамин Е, кој ги одржува нишките колаген еластични и ги штити клетките од слободните радикали. Нивното дејство се зголемува со масажа која дополнително ја засилува лимфната циркулација, крвоток и го снабдува ткивото со кислород. Ослободените хормони на среќа ги опуштаат мускулите на лицето па брчките помалку се познаваат. Масажата почнете ја од средината на челото кон надвор, како и од носот и брадата кон слепоочниците. На крај кожата само благо исштипкајте ја.

За нозе во форма
Сите кои поминуваат голем број часови во текот на денот стоејќи или седејќи добро знаат колку нозете патат. Бидејќи крвта многу тешко патува од долу нагоре на вените на нозете потребна им е мускулна активност или масажа. Ставете ги и двете раце на свиокот на коленото од левата нога и десет пати силно потегнете кон доле. Повторете го истото почнувајќи од стапалата кон коленото. Истата вежба направете ја и со другата нога, а циркулацијата дополнително ќе ја забрзате ако употребите етерично масло од рузмарин или чемпрес.

За враќање на енергијата
Кога сред работниот ден ќе почна да ве совладува заморот, не посегнувајте веднаш по кафето. Истиот ефект го има и масажата на ушите. Фатете ја ушната школка со прстите и протријте ја малку, постепено, од врвот од крајот. Веднаш ќе почувствувате струење на енергијата бидејќи телото ќе почне да произведува допамин - хормон кој мотивира. Оваа масажа е ефикасна без било какво масло.

За поубави сништа
Ладните стапала нервираат, особено кога сакате да потонете во сон. Имено, телото навистина почнува да се одмора дури кога ќе направи потполна рамнотежа на својата температура. Во еден сад малку загрејте 3 лажици сусамово масло и со него добро измасирајте ги стапалата. Со палецот три пати со благо притискање преминете преку секој ножен прст, од врвот кон коренот. Верувајте, ќе се чувствувате затоплени и пријатно уморни - спремни за в постела
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Suva koza!?
Napolnete ja kadata so topla voda, vo koja ke sipate 2litra polnomasno mleko. Na vaseto telo nanesete maslinovo maslo i vlezete vo vodata.Ostanete vo kadata 15 minuti.
OVaa kupka ke pomogne kozata da omekne i da bide mazna.

Ovesno brasno za dehidrirana koza
Ako kozata vi e dehidrirana i bez sjaj obidete se da ja osvezite na sledniot nacin: Napolnete ja kadata so topla ovda i dodajte dve race ovesno brasno. Za da ja omeknete izmesajte 3-4 lazici jabolkov ocet i 2 lazici pavlaka, pa smesata sipete ja vo kadata.Ostanete vo vodata 15 minuti.

Limon za cirkulacija
Ako nozete vi se oteceni i ve bolat, sekoja vecer pravete ja ovaa kupka.
Isecete na kriski 6 limoni i ostavete gi da otstojat nekolku casovi vo studena voda (korata ne ja lupete).
Potoa iscedete go limonot i procedete go dobieniot sok, pa ovoj ekstrat sipete go vo kada.Osatnete vo voda 15-20 minuti.

Laden tus za cvrsti gradi
Za da go sprecite opustanjeto na tkivoto na dojkite i da imate cvrsti i ispraveni gradi, sekojdnevno tusirajte gi na ovoj specificen nacin:
po voobicaenoto sekojdnevno tusiranje, nasocete ja vodata od tusot samo na gradite i toa da se dvizi gore-dolu, so kruzni dvizenja. Naizmenicno pustajte ladan i topla voda.Tusirajte se taka 5 minuti.
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Ricinusovo maslo za cvrsti trepki

Pred spienje na kapacite na ocite nanesete tenok sloj ricinusovo maslo. Toa ke gi zacvrsti trepkite i ke gi oladi ocite. Ako imate temni podocnaci, okolu ocite vtrijte nekolku kapki kokosovo maslo_Oblasta okolu ocite moze da ja neguvate i so sok od krastavica i kopmir.Mesavinata ostavete ja 15 minuti na ocite i potoa izmijte ja.
 
Член од
8 мај 2007
Мислења
13
Поени од реакции
0
За една кожа да изгледа добро, потребна е системска и правилно одбрана нега.

Постоја два вида на нега на кожата, секојдневна-тоа е серија од чекори кои секоја девојка или жена треба да ги прави за да има здрава и убава кожа, и специјална нега-тука се вклучуваат производи кои се нанесуваат два пати неделно, пред се наменети за некоја конкретна состојба на кожата. Тука спаѓаат маските, пилинзите, серуми, кремовите за околу очи и др.

Секојдневна нега на кожа
1. Прво лицето се чисти со лосион или млеко за отстранување на шминка, доколку таа е нанесена. Потоа чистењето продолжува со гел или крема за чистење на лице (кремите за чистење се посоодветни за нормална до сува кожа, а пак геловите се за комбинирана до мрсна кожа).
Тониците се едни од најзапоставените препарати за употреба при нега на лицето. Неговата цел на користење е да ги отстрани нечистотиите кои останале по нанесување на гелот или кремата за чистење. Ја освежува и тонизира кожата, го подобрува крвотокот, ја враќа нормалната ph вредност на лицето и ги намалува порите.
По тоникот се нанесува крема за лице за повраќање на нејзината влажност и еластичност. Кремите за лице можат да имаат и дополнителен ефект- заштита од сонце, редукција на брчки, лифтинг ефект, обезбедувње на колген, еластин и др.
Постојат и хидратантни лосиони кои се користат во замена за крема, но тие се исклучиво наменети за масна кожа.

Нашето тело ги регенерира клетките за време на спиењето, тоа е процес кој се случува и во кожата. Клетките на кожата се едни од најбрзо создаваните клетки во телото, а тој процес е уште побрз во сон. Затоа е важна употребата на ноќните креми, за да и обезбедат на кожата хранителни состојки неопходни за ноќна регенерација.


 
Член од
8 мај 2007
Мислења
13
Поени од реакции
0
Специјална нега на кожата

Тоа се чекори кои ги правиме еднаш-два пати неделно, за да се справиме со некои специфични состојби на кожата, но и да обезбедиме периодичен третман за подобрување и обновување на состојбата на кожата.

Ексфолијација
Тоа е процес на отстранување на мртвите клетки од површината на кожата, и на тој начин се открива чистата, здрава и убава кожа. Ексфолијацијата се дели на два типа. Скраб- кој е поагресивен и соодветно поефективен, и се препорачува кај луѓе со поголеми дефекти(дамки, брчки, белези), но и за нормална до масна кожа. Се нанесува на лицето веднаш по употреба на гел или крема за чистење, се втријува со лесни движења врз сеуште влажната кожа, и потоа обилно се плакне со студена вода. Пилнг-маска- исто е производ кој ги отсранува мртвите клетки, но нејзиното дејство е помеко, и е соодветна за сува и чувствителна кожа, но без големи проблеми. По нанесување се чека 15 минути да се исуши, при што се осеќа затегнување на лицето. потоа се отстранува со лупење, потоа лицето се измива со студена вода и се нанесува хидратантна крема.

Маски за лице
Се користат со векови за да го направат лицето уште поубаво и попривлечно. Во нивниот состав има состојки за длабоко чистење, растителни естракти, минерали, витамини и други состојки кои на кожата и ги даваат најнеопходните хранливи материи, а истовремено ја штитат од слободните радикали и од негативното влијание на стресот.
Исто така ги ублажуваат и сокриваат предзнаците на стареење.
Видот на маската се определува според типот на кожа, на пример на масна кожа и одговараат маски од глина бидејки глината ги апсорбира масните секреции од кожата и ги чисти порите во длабочина. На комбинирана кожа и одговараат слични маски, со тоа што истите кај овој тип на кожа би се нанесувале само во Т-зоната. Кај сува кожа се препорачиваат хидратантни и потхранувачки маски за лице.
Постојат различни видови на маски- потхранувачки, овлажнувачки, за отстранување на мозолчиња, за чистење и други. Се нанесуваат на исчистено и тонизирано лице, во тенок слој, се чека 10-15 минути, и во тој период треба да се избегнуваат нагли движења на лицето. Потоа лицето се плакне со студена вода и се суши и потоа се нанесува хидратантна крема. Се употребуваат 1-2 пати неделно.

Крема за областа околу очите
Кожата во областа околу очите е најтенка и многу деликатна. Таму нема масни жлезди и ткиво и поради тоа овој дел од лицето не е заштитен од штетни надворешни фактори. Топлото сонце или силниот студ во текот на зимата и нанесуваат повреди на кожата во оваа област. Но на оваа област не и се обрнува внимане се додека не се појават првите белези на стареење. А тогаш е веќе многу доцна, бидејки прво е потребно коригирање на настнатите проблеми.
Нанесувањето на вакви видови креми би требало да започне по 25-годишна возраст, а кај лицето со изразито чувствителна и тенка кожа, дури и порано. Редовното нанесување на ваквите креми и даваат влажност и еластичност на кожата, и го успоруваат создавањето на брчки, исто така ги намалуваат утринските отоци и ги прават темните кругови околу очите побледи и понезабележливи. Кремата се нанесува со лесни тапкања, со четвртиот прст кој се смета за најмек, за да се избегне енергичното триење поради лесната можност за истегнување и оштетување на овој нежен дел од лицето. Нанесувањето се врши од надвор кон внатре во областа под очите и врз горниот капак на веќе исчистено лице.
Геловите за очи се слични со кремовите за таа област, но се прозрачни и полсни по состав. По нивна употреба се чуствува ладење на окото. Препорачливи се за масна, чувствителна кожа и кожа со акни.

Производи за кожа со акни или кожа склона кон образување на акни
Причините за појава на акни можат да бидат поврзани со возраста, со хормонални причини, со пркумерна загаденост на животната средина или со слабата хигиена. Користењето на специјални козметички призводи има за цел да ги отстрани воспаленијата и црните точки кај кожата кој е склона кон создавање на акни. Производите го спречуваат пркумерното излачување од стимулираните масни жлезди, го спречуваат развојот на бактерии по површината на кожата и дејствуваат против-воспалително.
Се нанесуваат според упатствата- некои врз целото лице, а други- врз воспалените делови и врз акните.

 

Fatty

Режи :)
Член од
2 јуни 2006
Мислења
427
Поени од реакции
5
za poubav izgled nema nisto podobro od ednostavnosta, bez mn tintranje, stavanje kilo pudra ili neznam ti kakvi sminki so ja mn mn i ne se razbiram...neznam dali e bolje zaso ja sum mn ednostavna ili zaso mi e zgrozeno od takvi presminkani tipki...
 
Ч

Чек Он Ит

Гостин
Тајната на убавиот тен
  • Добро и лесно варење на храната
  • Перфектно здравје на црниот дроб
  • Разновидна, умерена и здрава исхрана
  • Физичка активност, пешачење, пливање, свеж воздух
  • Вежбање длабоко ритмичко дишење
  • Еластични и здрави капилари од кои зависи како кожата ќе биде исхранета. За капиларите е одговорен витаминот P (пиперка, зелена салата, цвекло,див костен, хељда, јајца)
  • Витаминот А е задолжен за убавина и сјај на кожата. Морковот е посебно богат со овој витамин, а истовремено и дава потемнет изглед на кожата
  • Витаминот F го одржува и подмладува горниот дел од кожата (растителни масла, особено маслиновото)
  • Витаминот Е го спречува стареењето на кожата и се справува со брчките (сончоглед, маслинки, соја, пченични клици, орев, лешник, бадем)
  • Млекото како храна како да е првенствено створено за тоа да ја помогне убавината и чистотата на кожата
  • Свежа, сирова храна е пресудна за убавината
  • Влага, односно шетање по дожд и магла. Влагата за кожата е исто што и кислородот за човекот. Најдобар пример за тоа се жените во Англија, каде има повеќе дожд и магла отколку сонце, а тенот им е совршен. Секако место магла и дожд, може да употребите краставицата која одлично ја влажи кожата. Наредете кругови краставица по лицето или едноставно истријте го лицето и вратот со парче краставица
  • Задоволство со себе и животот - само расположена жена е убава жена
  • Редовен сон е пресуден и го препородува тенот на лицето.
Природен пилинг на лицето

Две раце трици попарете ги со врела вода (или чај од жалфија, рузмарин или камилица). Потоа додадете една белка. Смесата добро се меша за да стане густа каша. Потоа смесата ја ставате на лице и чекајте да се исуши. Пред сосема да се исуши, масирате ја кожата на лицето со кружни движења и истовремено отстранувате ја маската. На крајот измијте го лицето со чај од камилица.
На ист начин можете да направите пилинг на лицето и со други материјали:

  • Мелени бадеми и мед
  • Овесно брашно и мед
  • Квасец и млеко
  • Пченкарно брашно и чај
  1. Еве и еден мој совет :
Користете маслиново масло за косата, на оштетената и сува коса и дава сјај, волумен и ги зацврстува влакната.
Лицето го прави меко и еластично. Дланките и телото, истотака.
Ги зацврстува ноктите.

Маслиновото масло го бива за се ИСПРОБАНО.
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Мали нешта кои оставаат впечаток

Не е потребно да давате луди пари или да висите во козметички салони за да изгледате супер. Има некои мали нешта кои често ги забораваме а кои сепак оставаат впечаток. Во продолжение имате еден список со совети за перфектен изглед и умерена самодоверба.
1. Секогаш грижете се за ноктите. Ужасно е да се виде дама со излупен лак или нерамни нокти. Одделете малку време за рацете и нозете во викендот и цела недела ќе се радувате на прекрасни нокти. Може да користите неутрални бои, француски маникир, но не ги изоставајте и лаковите кои брзо се сушат.
2. И стапалата имаат потреба од грижа. Истријте ги добро стапалата и намачкајте ги со соодветен крем. Можете да ги почувате нозете во млака вода и морска сол и секако не заборавајте го педикирот.
3. Кожата на лицето треба да биде во перфектна состојба. Ако немате време да посетите козметички салон за длабинско чистење, можете да користите соодветна козметика. Направете си пилинг на лицето еднаш неделно и никогаш не си легнувајте со шминка.
4. Меката кадифена кожа лесно се постигнува. После капење намачкајте се се хидратантен лосион за тело и од време на време правете си пилинг, посебно на грбот и деколтето.
5. Очите ви се подуени од ненаспаност или од солзи. Откако ќе се напиете чаша чај ставете ги изладените кесички на очите.
6. Косата. Од секогаш косата е симбол на женственост а ние ја оставаме на волјата на судбината. Правете маски за косата, ако е истоштена не претерувајте со фарбањето и хемиските средства. Чешлајте ја внимателно, заштитете ја од сонце, студ и ветер.
7. Лошиот здив остава впечаток и тоа лош. Ако пушите, секогаш имајте со вас мастики или јадете јаболки (тие ја неутрализираат миризбата), ако откако сте ги измиле забите лошиот здив останува, отидете на заболекар. Често пати проблемите се од забите.
8. Шминката е важна, но во брзањето наутро не секогаш останува време за тоа. Затоа скратете ја процедурата. Задолжително ставете крем за лице, потцртајте ги очите, ставете маскара и кармин. Тоа е доволно за да изгледате убаво. Сепак дневната шминка треба да се слаба.
9. Оформувајте ги веѓите убаво и внимателно. Веѓите често се занемаруваат, но така изгледаат ужасно. Секогаш во чантата имајте пинцета во случај ако забележите некои непотребни влакненца.
10. Убаво е кога нозете ви се нежни. Вие сами знаете како да го постигнете тоа. Само треба да им одделите време.
11. За да ја одржувате фигурата обично е потребно да држите строги диети или да вежбате напорно. Нормално прекрасно е да трчате наутро во паркот или да се испотите во фитнес салата, но ако немате можност ќе треба да се задоволите со малку гимнастика дома. Малку стомачни вежби и неколку склекови наутро можат да направат чуда. Одделете по 10 минути секој ден и ќе се зачудите од резултатот.
12. Многу е корисно да испиете една чаша топла вода со лимон наутро отколку пред спиење. Таа го разбудува системот за исхрана и го подготвува за доручек.
13. Многу жени наутро не доручкуваат, а тоа е голема грешка. Еден балансиран доручек е задолжителен. Ако го пропуштите тоа важно хранење преку целиот ден ќе треба да го дополнувате поткаснувајќи нешто што е многу калорично.
14. Исправете се. Не заборавајте да одите исправена со исправени раменици и дигната брадичка. Стапнувајте лесно и имајте рамномерно темпо.
15. Чувствувате се секси. Купувајте си прекрасна долна облека. Точно дека е малку поскапо но знаете дека е квалитетно, и вие ќе се чувствувате прекрасно. Може и некој друг да се почувствува така кога ќе ве види.
16. За да изгледате убаво важно е да избирате соодветна облека за вашата фигура. На дамите со манекенски мерки најлесно им е затоа што нив се им стои добро.
А за останатите еве неколкку совети.
Знаете дека црното намалува, затоа користете го овој факт.
Потцртајте го она кое ви се допаѓа - куса сукња, длабоко деколте.
Ако не ви се допаѓаат колковите, одбирајте широки пантолони или раскроени сукњи.
Ако проблемот е стомачето тогаш пантолон со висок струк и подолга блуза ќе го решат проблемот.
Високите потпетици помагаат во издолжување на фигурата.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
може ке ми го избрижат постов, али секој пост на темава е копи пасте...лошо ја сватиф или не мора да се ваши мали трикови за поубав изглед...
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Сакам шприцер!:kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom