- Член од
- 16 март 2014
- Мислења
- 46
- Поени од реакции
- 66
@Ile*** @KrstevДа си земиш брат, да дај Господ многу поќе да си земиш од еден половен мерцедес. Ова не е сарказам!!!
Секој шо заработва со пот и своја мака има поддршка од мене.
Во постот не ме сфати, не можи да работиш земјоделие ако немаш блага веза од тоа (никогаш не си ни работел, на пример како мене). Немаш нива сопствена или немаш апсолутно никакво предзнаење за било што, пошто каде каде потешко ќе ти биди.
Е сега разликата помеѓу тој што пробал и тој што не пробал е тоа што првиот може да има успех како тебе, а вториот да се прашва што би било кога би било...
Од др страна, ризикот е... да те фати едно невреме (а машала ги има секој втор ден) и да му се еби мајка и на род и на сè - што не му го посакувам на никој, али е ризик.
Мене ме фати невреме . Град . Требаше да имам 8 тона оваа година ама лани , токму пред да престанат со растење ластарите ги тури град , сите родни гранки што требаше оваа година да родат беа искршени и оваа година ми родија само тие ниските што имаа минимална штета од градот .Ми се плачеше . Ама не е страшно . И јас унапред си праеб математики "олку ќе вложам - онолку ќе заработам" ама таа математика скоро никогаш не е точна . Е сега колку ќе има појма немам . Ама колку и да е , ќе бидам задоволен и си ја научив лекцијата - полека , без брзање и без алчна математика . Не е страшно затоа што знам дека малината постојано се обновува со нови изданци а кога веќе човек е навлезен во таа работа , ќе најде и начин да ги заштитит - противградна мрежа , само кај мене моментално парите се проблем , или осигурување .
Има многу луѓе во Србија , што се од град па дошле в село ама не да работат туку да вложат . Зборувам за "новокомпонирани" земјоделци . Земаат земја под наем на 10тина години, како под кирија или после 10 години насадите му ги оставаат на оригиналниот сопственик и слично . Зборот ми е што тие луѓе имаат пари и играат на сигурно , многу вложуваат и 99% од парите ќе ги врата + заработка . Плаќаат експерти агрономи , работници , се советуваат со искусни малинари , се поврзуваат со големи фирми за откуп . Така има и овде , во Македонија , само се помалце . Но , освен парите во вложувањата , нема друга разлика помеѓу вас и нив . И тие врска немаат . Многу е важно човек да не се плаши од неуспех (а знам дека кредит + неуспех е зезната работа) и важно е ако ја започнеш работата , заврши ја до крај . Јас зедов кредит за малината да ја посадам , за корењата , за хладњачата , за се. И толку бев блесав што никого не прашав како се сади правилно . Огромна грешка направив , доцна ја забележав ама се полека се средува , со напор и работа , се разбира . А можев да прашам, да се советувам ,а не да се правам паметен . И тоа се среди .
Малината оваа година се очекува да биде над 2 евра- таа конвенционалната ,а органската(каква што јас одгледувам) врска немам но знам дека е минимум 30% поскапа . Оваа година очекувам 3 тона род , но за тоа ќе ви кажам најточно после 1 месец . Сега сум во екот на бербата дневно берам по 25 до 30 кг од малата парцела (600-700м2) а другата парцела (4000м2) ја започнувам со берба утрово .
Поздрав .