Малини - најпрофитабилен бизнис

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.172
Поени од реакции
15.982
Јас бев пред некоја година заинтересиран ама не најдов сигурен пласман.
Сега ме заинтересира бизнисов со боровинки, но и таму не знам како е пласманот а неможам да ја најдам и теткава за да ја прашам подетално.
Imash u tetovsko eden sho vrshi otkup na malini.
 
M

Macedon1um

Гостин
Јас бев пред некоја година заинтересиран ама не најдов сигурен пласман.
Сега ме заинтересира бизнисов со боровинки, но и таму не знам како е пласманот а неможам да ја најдам и теткава за да ја прашам подетално.
Контактирај ги преку фб нивни е брендов

Пласман организиран за боровниците нема а не е малку инвестицијата, за малина има од пред некоја година во Јанчиште - Тетово
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
ВАко влегувате во земјоделските води мислам дека е најдобро и претходно да се припремите да си го спакувате п-одот и да го продавате или у ваш маркет,на пазар или да го пласирате во некои маркети,се останато е претерано ризично,тоа со ниски откупни цени,тешко наоѓање берачи и аргати(а и скапи станаа по 150 ден. од саат надоле не идат)....Сето ова ќе ве заебе,ама ако имате машинче за пакување и ладилник и ќе си го пласирате п-одот вие самите тоа е веќе нешто друго
 
Член од
30 декември 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Полека Иле .
Кој сака - може да почне , полека . Треба искуство . Јас горе споменав дека многу се залетав што како почетник насадив 5000 квадрати , ако не ме поддржеа од дома моите роднини со нивните напори и физичка и психичка сила и работа ништо немаше да биде како планот и амбициите што ги имав замислено на почетокот . Убавата работа е во тоа што се вработува работна сила . Немој да мислиш дека со 1 година работа ќе се збогатиш . Ова што моментално јас ти го пишувам други лица по српските форуми го пишуваа за младите и неискусни "новокомпонирани" малинари . Дали има пари во работава ? Ќе ви кажам за месец дена . Дали е потребен труд , напор и посветеност ? Потребно е се .
А за математикава тоа ти оди негде вака пресетено по лице или едно земјоделско стопанство (семејство) :
1.За почеток насади 5 декари или помалце - за да влезиш во шема со работава без многу трошоци ,
2.Спремај си минимум 6000 евра за да ги покриеш сите работи работи како подготовка на земјиште - орање , дрљање и фрезирање минимум 3 пати пред садење . Околу 300 евра
3.Саден материјал - сертифициран од 40 до 60 денари по корен за сорта виламет - средна цена 45- ланска - 8000 корења х 45 денари =360 000 денари =5853 рвра(може да се земе субвенции) ИЛИ саден материјал несертифициран (не може да се земе субвенции) 15 до 25 денари од корен - ланска цена 20 денари, 8000 х 20 =160 000 денари = 2600 евра .
3. Систем за наводнување капка по капка - мојот е италијански - 11 денари од метро - капалки лиени на 30 цм , секоја пушта скоро по 4л на час . 1750 метра х 11 денари = 19250=313 евра
Моторна вакумска пумпа на бензин - кинеска Зонгженг - 10000 денари =162 евра
Тотра , жабици - стегачи , спојници , затворачи , текомати , редуцири , инјектор за прихрана(кој сеуште го немам купено) и други ситници за системот = 130 евра .
4.Купив половна минусна комора 70 кубици = 5100 евра - на чекање + монтажа и фреон 800 евра = 5900 евра .
5.Гајби - холандези за малина - тие деновиве треба да стигнат . Има во Охрид и Гевгелија . Тие во Охрид се 70 денари мислам а тие во Гевгелија 30 . Ќе земам и од двете по 50 гајби за проба . = 100 евра вклучен е и карго .
6. Минимум двајца берачи кои ќе работат најверојатно 8-9 часа со вклучена пауза - 1000 денари дневница + нешто за ручек и пијачка = скоро 1000 евра за двајцата за нецел месец .
7, АГРОНОМ - 3-5 пати во годината по 3000 за секое доаѓање на терен + програма за заштита и средства за прихрана и заштита = 600 евра .
Груба математика 11000евра влог до крајот на годината . Реални трошоци .
П.С. Шпалир 1000 евра .
Јас сакам да купам трактор Антонио Караро - скоро 40 000 евра , специјален за овопратници и пластеници . )А веќе кредит имам-така да ќе го сонувам наредниве неколку години ). Прва класа трактор . 75 хектари со 1 трактор не се работаат .

Сакам да ти кажам , да те поучам . Не сакам да ме сфатиш погрешно .Ако си од работа јас се што можам да те поучам и уходам , ќе ти помогнам . А ако не си , џабе ќе си ги фрлиш и парите и времето . Ако си од работа - работај на планот и истражувај како да почнеш - не чекај помош од државата - и тие толку можат . Знаеш како е , не сакам да коментирамшто се случува со народов и државава никој не е слеп .
Друга работа е тоа што некогаш е подобро да платиш работници- и тие да се задоволни , да се вработаат колку толку . Зашто , џабе ќе имам јас ако нема тој до мене што седи .- Не знам дали ќе ме сфатиш во врска со берачите .
Добра е замислата ти што ја имаш пишано погоре за ова со здружување не знам како би било освен како една земјоделска задруга , 100% те поддржувам ,јас сум за таква идеја, . Може и гореспоменатите материјали и средства да бидат со пониски цена така,
Мене денес ми ја монтираа комората , и се уште ми се тресат нозе како ќе се справам со рати , кредити , дали ќе има добар род , дали ќе издржи времево да не падне град , дали ќе најдам пласма поради помалите количини (1ва година ми е и не знам колку принос да очекувам ) и што уште не . Ама мора да се оди напред . И затоа не гледам назад , гледам напред-да стигнам .
Доколку си решен да работиш , секој миг што се мислиш да започниш или не - го губиш .

Поздрав .
I sega sto ke kazete kako ste zadovolni od proizvodatvoto na malina?
Автоматски споено мислење:

Sakame i nie da zasadime okolu 4-5 dekari pa me interesira nekoj so iskustvo,dali e isplatlivo
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom