Според исказот на приведениот полицаец Јаким Трифуновски даден во истрагата, тој тргнал да ја носи 10 годишната ќерка кон училиште, кога видел дека едно лице седело потпрено на задниот дел од неговото возило Хјундаи, а друг стоел до него. Други тројца се движеле по тротоарот. Едниот од нив го познавал, живеел во близина, а другите двајца ги видел прв пат. Трифуновски се обидел да го стави ранецот на ќерка му на задното седиште,кога лицето што било потпрено на возилото му рекол:
„Уште еднаш ако го паркираш, ќе ти го искршам !“
Полицаецот ништо не одговорил. Тогаш пришол тој што живеел во близина, го фатил Трифуновски за јакната и му рекол:
„Знаеме кој си, знаеме дека си полицаец , те знаеме многу добро. Немој во иднина да го паркираш возилото овде зошто ќе ти го искршиме и тебе ќе те убиеме“.
- Знаејќи дека ќе дојде до тепачка, се завртев и ја ставив ќерката на совозачкото место и со нога ја затворив вратата.
Тогаш тројца почнале да го удираат со боксови и клоци,а Трифуновски само ја слушнал ќерката како плаче. Тогаш дошле други двајца и едниот од нив се стрчал кон страната од совозачот обидувајќи се да ја отвори вратата и да го извади девојчето од возилото. Тој почнал да вика:
„Ќе ве убијам и тебе и девојчето. Сите ќе ве убиеме“.
Во тој момент Трифуновски го извадил пиштолот што го носел на појасот и викнал:
„Тргнете се, бегајте, ќе пукам!“
Тогаш тој што се обидувал да ја отвори вратата рекол:
„Пукај, да ти е...ам мајката полициска“ .
Ова е исказот кој полицаецот го дал во истрагата во Гостивар