Грција бесрамно лаже за правата на Македонците
05.12.2005 Грчките дипломати продолжуваат бесрамно и многу да лажат пред меѓународни организации за правата на македонското малцинство во Грција, соопшти денеска „Виножито”, партијата на македонското малцинство, со седиште во Лерин.
Повод за ваквата оценка е последниот настап на грчки дипломати и други политичари на Парламентарниот комитет за правни прашања и човекови права на Советот на Европа, чија седница неодамна се одржа во Париз.
Во соопштението испратено до Макфакс, „Виножито” реагира на изјавата на грчкиот дипломат Јоргос Ајфантес, кој тврдел дека мал дел од населението што го зборува „македонскиот идиом”, имал право да го зборува јазикот и право да го изучува во приватни училишта.
Ајфантес, тврдејќи дека не постои македонско малцинство во Северна Грција, не сакајќи, признал за лошиот третман на државата кон малцинствата: „Мнозинството од нив (Славофоните) не сакаат да станат припадници на малцинство, бидејќи припадноста на малцинство значи да бидеш маргинализиран”, изјавил Ајфантес.
„Виножито” оценува дека досега никој како Ајфантес, не успеал со толку малку зборови да ја опише вистинската состојба со правата на малцинствата во Грција.
Партијата на Македонците потсетува дека Грција е една од последните земји-членки на Советот на Европа, што ја немаат ратификувано Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, иако „лицемерно, беше меѓу првите при потпишувањето во 1997”.
Обидувајќи се да го оправда ваквото доцнење, грчкиот дипломат Јоргос Ајфантес изјавил дека „Историски, малцинствата биле користени за распад на држави, како што беше случајот со Југославија. Затоа Грција не ја ратификува Конвенцијата”, изјавил Ајфантис.
Тој уште ги обвинил, „Малкумината од Виножито” за сецесија, тоа „се луѓе кои се залагаат од сецесија и приклучување кон ФИРОМ”, помогнати со луѓе од ФИРОМ”, изјавил Ајфантес.
На состанокот присуствувале и други грчки пратеници и политичари, меѓу кои и поранешниот шеф на дипломатијата Теодорос Пангалос, кој додека беше министер во Скопје во 2000 година изјави дека во Егејска Македонија немало Македонци, туку само „педери, комунисти и наркомани”.
Грција не обезбедува основни малцински права
На културната манифестација што еднаш годишно ја организира штипското здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија присутните гости од Бугарија повторно проговорија за обесправеноста на македонското население во земјата која ќе стане дел од европското семејство.
„Комитетот на министрите им препорачува на властите во Бугарија да се сретне со ОМО Илинден и да преговараат за човековите и национални права на Македонците согласно рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата”, рече
Јордан Констадинов, ОМО Илинден.
Во последните 16 години од постоењето на ОМО Илинден неговите членови често се прашуваат
што прават македонските власти по прашањето како да се заштитат правата на македонското малцинство во Бугарија.
„Ние не правиме контакти со македонските влади. Ни тие не бараат, ни ние ги бараме. Македонија треба да има политика, социолози, психолози кои треба да следат, да знаат каква е состојбата на населението во Пиринска Македонија, во Егејска Македонија, тоа е работа на државниците и политичарите”, вели Констадинов.
Поради ускратеното право за слободно здружување и другите репресивни мерки врз македонското население во Бугарија,
околу 300 членови на ОМО Илинден доставиле вкупно 5 тужби против бугарската држава до Европскиот суд за човекови права.
Она што најмногу ги засега е негирањето на македонскиот јазик, религија, култура и традиција.
Макфакс
05.10.2005 Грчките власти се уште не успеале да ги обезбедат основните човекови права за малцинските групи во општеството, вклучувајќи го и македонското - оцени денеска угледната меѓународна организација за заштита на човековите права Амнести интернешнл.
Извештајот на АИ, „Грција: Надвор од фокусот: Правата на странците и малцинствата се уште се сива зона”, го документира неуспехот на властите во Грција да обезбедат човековите права на малцинствата, емигрантите и азилантите.
„Групи во регионот на Лерин (Флорина) го бараат своето право за самоидентификација како Македонци”, наведува АИ во делот од извештајот насловен како „Меѓу постоењето и прикривањето: (Не)видливоста на малцинските групи”.
Амнести во извештајот ги регистрира судските случаи, како што е одбивањето на судот во Лерин во 2003 да ја регистрира „Куќата на македонската култура” и покрај тоа што според Европскиот суд за човекови права, со таа одлука се прекршува правото на здружување.
АИ го бележи и прогласувањето за виновен архимандритот Никодимос Царкњас, поради формирање црква без дозвола на властите.
Во забелешките на документот на АИ, се наведува дека има различни податоци за бројот на македонската популација во Грција, властите проценуваат дека бројот „на оние што говорат Словенски” е до 10.000, додека проценката на организациите на Македонците изнесува 200.000.
Организацијата констатира дека „Муслиманското малцинство од Тракија” е единствената група на грчки граѓани на кои им се признати одредени права како припадници на малцинство, со Договорот од Лозана од 1923.
Грција забрзано ги продава имотите на Македонците избегани за време на граѓанската војна, тврдат децата бегалци од Егејска Македонија.
Уплашена дека под притисок на европските закони нема да може долго да се противи на нивното враќање, Грција ги продава или подарува имотите на Македонците во Грција, тврдат Македонците родени во Егејска Македонија.
Тие од меѓународниот суд за човекови права во Стразбур наскоро ќе побараат грчката Влада да добие времена забрана за продавање на македонските имоти.
„Оние имоти кои ги користеле некои досега под одредени услови им викаат сега, купете ги по цени што одговараат и на луѓето да ги купат”, изјави Ѓорѓи Доневски, претседател на Здружение на деца бегалци од Егејска Македонија.
„При претпоставка ако ние, кои сме сопственици на тие имоти, се вратиме, да нема каде да се вратиме, во тој случај може да ти рече, ќе ти платиме обесштетување, само да те нема, значи да не се вратиш никогаш”, додаде Доневски.
За Македонците сеуште постои црна листа на која се наоѓаат активисти за правата на бегалци од Грција, тврди Ѓорѓи Плуковски, роден во Грција, а сега државјанин на Канада.
Тој на 4 август не успеал да влезе во Грција со образложение дека ја загрозува националната безбедност на Грција и други европски земји.
Нему му било објаснето дека согласно 2 закони на грчката Влада од 2001-ва и 1997-ма, не може да влезе во Грција. Предходно во јуни тој преку Италија со канадски пасош непречено влегол во Грција и престојувал во своето родно село Поздивишта, во Костур.
„Јас на службеникот му предложив да одам. Ако веќе јас сум опасен за вашата сигурност, ви предлагам, притворете ме, па да видиме за што се работи и еднаш засекогаш да се разјасни работата, да можам да си одам, да си имам имање, да си имам се како што треба”, рече Ѓорѓи Плуковски, македонски активист од Канада.
За своите проблеми бегалците постојано ги информираат македонските власти, но од таму нема официјален одговор. Неофицијално, од МНР им велат дека сеуште не е момент за реакција за да не се влошеле односите со јужниот сосед.
Тие сметаат дека со новата практика, Грција да издава писмено образложение за забраните за влез, ќе можат полесно да се изборат за своите права во меѓународните институции каде ќе ги достават и сите документи со кои се потврдува дека се сопственици на својот имот во Грција.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=2846
http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=142028#post142028
Бугарија продолжува со дискриминација на Македонците
На културната манифестација што еднаш годишно ја организира штипското здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија присутните гости од Бугарија повторно проговорија за обесправеноста на македонското население во земјата која ќе стане дел од европското семејство.
„Комитетот на министрите им препорачува на властите во Бугарија да се сретне со ОМО Илинден и да преговараат за човековите и национални права на Македонците согласно рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата”, рече
Јордан Констадинов, ОМО Илинден.
Во последните 16 години од постоењето на ОМО Илинден неговите членови често се прашуваат
што прават македонските власти по прашањето како да се заштитат правата на македонското малцинство во Бугарија.
„Ние не правиме контакти со македонските влади. Ни тие не бараат, ни ние ги бараме. Македонија треба да има политика, социолози, психолози кои треба да следат, да знаат каква е состојбата на населението во Пиринска Македонија, во Егејска Македонија, тоа е работа на државниците и политичарите”, вели Констадинов.
Поради ускратеното право за слободно здружување и другите репресивни мерки врз македонското население во Бугарија,
околу 300 членови на ОМО Илинден доставиле вкупно 5 тужби против бугарската држава до Европскиот суд за човекови права.
Она што најмногу ги засега е негирањето на македонскиот јазик, религија, култура и традиција.
Macde in Macedonia:icon_roll