- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
Македонците во Бугарија сакаат да бидат признати како народ
Дарко Штаргоски
04.12.2010 17:33
Македонците во Бугарија не се против бугарската државата туку сакаат само да бидат признати и почитувани како народ.
Ова беше истакнато во Прилеп на одбележувањето на 30 годишнината од функционирањето на единствениот весник на Македонски јазик во Бугарија „Народна волја“.
Весникот сега излегувал слободно иако во минатото дури бил и конфискуван. Основната цел на весникот била да ја каже вистината за македонската историја и култура.
„Луѓето во целото бугарско општество, бугарската држава и бугарските власти треба да разберат дека ние сме за љубов, соживот и за меѓусебно почитување“, изјави Јан Пирински, уредник на весникот „Народна волја“.
Македонците од Бугарија обвинија дека живеат под страшни притисоци од страна на властите кои на секој начин преку огромни пропагандни кампањи се труделе да го растурат нивното движење. Македонците се плашеле да се декларираат дека се Македонци. Се пожалија и дека не добивале никаква помош од Македонската влада.
„Немаме никаква соработка со македонската влада, никаква помош немаме од тука, а знаеме дека сепак тие им помагаат на нашите браќа од „Виножито“. Луѓето се плашат да кажат дека се Македонци, бидејќи можат да ги избркаат од работа, се плашат дека нема да им дозволат да учат нивните деца“, вели Стојко Ѓеоргиев, член на ОМО „Илинден Пирин“.
„Непрекинато се пишува, непрекинато се кажува на радио, телевизијата во Бугарија секој ден објавува информации дека нема Македонци“, истакна Георги Радулов - Радуле, соработник на весникот „Народна волја“.
Македонците од Бугарија истакнаа дека нивната идна цел ќе биде отворање на повеќе вакви медиуми кои ќе ја шират македонската култура кај нашиот источен сосед.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=131175