Разговор со д-р Новица Велјановски за културолошките рефлексии и за одгласот на АСНОМ
АСНОМ е настан кој трајно ќе ја поттикнува науЧната љубопитност
Овие документи и материјали се објавуваат прв пат и се надвор од наШата земја, а на научната јавност Ќе и бидат од корист не само за проучувањето на АСНОМ и македонската државност туку и за проучувањето на многу други праШања
Невена Поповска
Неодамна излезе од печат вашето најново дело монографијата "АСНОМ-културолошки рефлексии". Кажете ни што донесува оваа монографија?
Книгата се појави по повод шеесетгодишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, а во издание на една не многу позната фирма "ЕН-ЕС РЕКЛАМ". Со годишнината случајно се совпадна бидејќи дури оваа година Министерството за култура на Република Македонија, односно комисијата која ја раководеше академик Катица Ќулавкова ја прифати за печатење, а претходните комисии на двапати ја одбиваа без никакво образложение. Во македонската историографија до сега не е објавен научен труд кој на едно место ги разгледува културолошките аспекти од дејствувањето на АСНОМ во пошироката смисла на зборот. Под тоа го подразбираме образованието, културата, верата и некои прашањата сврзани со активностите на АСНОМ и неговиот Президиум за утврдување на македонскиот литературен јазик. На јавноста не и доволно познато какви напори правеле тие органи тогаш во исклучително тешки воени услови да го покренат образовниот и културниот процес во Македонија. Нема да згрешам ако кажам дека образованието и културата не само што добиле примат, туку биле организирани со невиден ентузијазам и преокупација кои ниту по шеесет години не може да се споредуваат со тогашните. Така, врз база на решенијата од АСНОМ, за кратко време завршиле активностите за оформување на македонската азбука и правопис, бил оформен систем од основни и средни училишта, организирано описменување и образование на возрасните, образованието на националните малцинства на мајчин јазик и друго. Од областа на културата не била запоставена речиси ниту една дејност, како на пример библиотекарската, архивската, музејската, сценската, кинематографската, книжевно-творечката, издавачката дејност, информативната (дневен печат и радиодифузната). За сите овие прашања се говори документирано. Документите потврдуваат дека државата го помогнала организирањето на верскиот живот, па така негира некои тенденциозни и неточни оценки за односот кон религијата.
Досега е многу пишувано за АСНОМ и неговите достигнувања за македонската државност. Вие се осврнувате на културолошките аспекти од дејноста на АСНОМ. Кои беа мотивите за еден ваков зафат?
За АСНОМ е пишувано и мислам дека тој е настан од исклучително значење за македонската држава и настан кој трајно ќе ја поттикнува научната љубопитност затоа што со тој чин се оствари она што ние денес го надоградуваме како држава. Пред десетина години кога ја пишував монографијата за АСНОМ и неговите државотворни димензии свесен бев дека и овие прашања кои сега ги обработувам се дел од нашата државност. Имав на располагање многу материјали кои што се однесуваа на образовно-културолошките процеси и пројави кои ги поттикна Првото заседание на АСНОМ, а потоа ги доразработиле неговите органи и тела. Но, бидејќи обемот мораше да биде ограничен, за овие апекти од дејноста на АСНОМ немавме доволно простор. Тогаш дојдов до идеја дека е нужна една нова монографска целина посветена само на ова прашање. Во меѓувреме се појавија и нови документи, особено за прашањето на јазикот, па така созреа потреба да се појави и оваа книга.
Овие денови, под ваша редакција, од печат треба да излезе и зборникот "Документи и материјали за одгласот на АСНОМ во соседните земји". Што можете да ни кажете за таа книга?
Всушност оваа е седма книга од серијата документи за АСНОМ која под моја редакција се објавува од 1984 година во издание на Државниот архив на Република Македонија. Продолжувајќи ја таа серија, Државниот архив на Македонија годинава со оваа книга се вклучува во одбележувањето на шеесетгодишнината од Првото заседание на АСНОМ. Во зборникот се опфатени 195 документи од разни архиви и библиотеки во соседните земји на над 700 страници кои говорат за одгласот на АСНОМ во сосдените земји: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговијна, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора односно сите поранешни југословенски републики сега самостојни држави. Од познати причини немавме можност да ги консултираме архивите во Република Грција. Меѓутоа имаме некои сеуште целосно непотврдени сознанија дека таму нема многу вакви материјали. Неколку документи од фондовите на македонското националноослободително движење во Грција се објавени и тие се во функција на поддршка на АСНОМ и неговата прифатливост за решавање на македонското прашање на сличен како во вардарскиот и во егејскиот дел од Македонија.
Документите што се поместени по азбчуен, односно и хронолошки ред, редакциски обработени објаснети со 706 објаснувања (фусноти) и со потребни регистри.. Од разбирливи причини најзастапени се оригинални документи од архивите во Република Бугарија, а помалку од другите држави.
Имајќи ја предвид содржината на документите какви се вашите оценки за одгласот на АСНОМ и македонската државност на Балканот, а во контекстот на актуелниот политички миг?
Веднаш по одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, а со тоа и прогласувањето на новата македонска држава, предизвикало видливи политички реакции. За да ги следи тие реакции, Президиумот на АСНОМ го задолжил Секретаријатот на Президиумот, бидејќи немало поверенство за надворешни работи. Создавањето на македонска држава како нов субјект на Балканот, наишло главно на позитивни, но имало и спротивни гледања. Среќна околност за афирмативниот однос кон Македонија била што таа во текот на Втората светска војна се избори за својата држава борејќи се на страната на антихитлеровската коалиција. Тоа доста придонело за прифаќањето на новата ситуација со Македонија како држава на Балканот. Но, во некои од споменатите земји, како на пример во Грција, Македонија не била со задоволство видена како државноправен субјект, туку само како дел од југословенската федерација. Нешто слично е и со Албанија, каде постоело антифашистичко движење кое соработувало со југословенското. По АСНОМ во Албанија мошне афирмативно се пишувало за Југославија, по малку и за Македонија искажувајќи им признание за помошта која Југославија му ја дала на антифашистичкото движење во Албанија. Позитивно е оценувано како се решавало националното прашање на Албанците во Југославија, кои се школувале на мајчин јазик, а имале и други права согласно Декларацијата на АСНОМ за правата на граѓаните. Уште во 1945 година пратениците на АСНОМ, а подоцна и на Народното собрание говореле на албански, однос на турски јазик. Некои права многу подоцна се стеснети, како впрочем и за другите народи. Имено биле напуштени изворните решенија на АСНОМ, а особено од Декларацијата за правата на граѓаните на Демократска Федеративна Македонија кога се донесувани уставните документи и централизацијата на федерацијата.
Најкарактеристичен е одгласот на АСНОМ и на македонската државност во Бугарија и во Србија. Во Бугарија, поради бројноста на македонската емиграција и определбата на Отечествениот фронт на Бугарија по 9-ти септември 1944 година да го поддржи конституирањето на македонската држава и да го признае постоењето на македонската нација, АСНОМ во таа земја добил забележлив одглас. Претседателот на АСНОМ и на македонската држава Методија Андонов - Ченто, командантот на ГШ на македонската војска Михајло Апостолски и други истакнати личности од војната повеќепати биле поканувани да држат трибини и говори за новите процеси во Македонија и развојот на македонската држава. Но, документите говорат дека имало и противници на тој процес особено некои граѓански партии групирани околу весникот "Свободен народ", уредуван од Крсто Пастухов, тогашен опозиционер. Бугарија по 9-ти септември 1944 година дала голема морална поддршка на Демократска Федеративна Македонија, но и материјала помош собирана од македонската емиграција во Бугарија или пак донирана од државата. Многубројни документи, статии и слично го оценувале АСНОМ како решение без алтернатива за македонскиот народ, најавувајќи го идното обединување на трите дела од Македонија. Сепак, тоа траело кратко. Подоцна, 1948 година, дотогашните изолирани антимакедонски ставови на опозицијата, станале политика на официјалната власт во Бугарија кон Македонија. Од неодамна се рехабилитирани и некои од осудените опозиционери.
Србија на своето Големо антифашистичко собрание во ноември 1944 година и официјално ја признала македонската држава и нација. Но и таму се јавила опозиција која не мислела исто. Така на пример, потпретседателот на владата Милан Грол, кој во владата на Тито влегол како претставник на југословенската бегалска влада во Лондон, во некои свои написи од тој период на индиректен начин го оспорил "кинењето на моравско-вардарската долина" со нова држава која дотогаш не постоела. На овие негови ставови најмногу реагирала јавноста во Словенија, каде во официјалните документи и особено во дневниот печат Грол бил остро нападнат за негирањето на македонската нација и држава од големосрпски позиции. Словенечките весници објавиле серии написи во одбрана на Македонија, а автор на некои од нив бил Моша Пијаде. Се разбира дека Словенија на ваков начин се бранела и самата себе од евентуален хегемонизам, но за Македонија било многу битно да ја има поддршката бидејќи прв пат создавала своја држава. Неочекувано, поддрчка на Македонија дошла и од Милован Ѓилас, Црногорец, тогаш од најблиските Титови соработници.
Би сакал да напомнам дека овие документи и материјали се објавуваат прв пат и се надвор од нашата земја. Уверен сум дека на научната јавност ќе и бидат од корист не само за проучувањето на АСНОМ и македонската државност туку и за проучувањето на многу други прашања. Тие ќе бидат корисни и за актуелни политички потреби, зашто и по шеесет години од Првото заседание на АСНОМ нашата државност не е ниту заокружена ниту пак загарантирана.
http://217.16.70.245/?pBroj=1477&stID=15121&pR=5
Клипот е од големите македонски демонстрации на МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА во 1922 г. со кои македонската емиграција бараше СОЗДАВАЊЕ МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ДРЖАВА т.е. МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ и НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА со ослободување на македонските окупирани земји од страна на окупаторите Грција, Бугарија и Србија. Јасно се гледаат пaролите МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНИЈА, MACEDONIA FOR THE MACEDONIANS, со ова се рушат тезите на српско-бугарско-грчките ментори дека Македонците се измислица на Тито. Македонската политичка организација е создадена 1922 г. во Форт Вејн и се бореше за Македонија на Македонците. Во 1926 г. во Македонската Политичка Огр. се инфилтрира бугарскиот шпиун Шкартов, подоцна и Лебамоф (чии бизниси беа финансирани од Софија) и ја уништуваат Македонската Политичка Орг., правејки ја еден бугарски пропаганден центар, бркајки ги вистинските основачи и првите членови и ја прекрстија 1927 г. во Македонска Патриотическа Огранизација. Од 1927 г. таа организација работеше антимакедонски.
Macedonia for Macedonians
United Macedonia
Macedonians from whole world unite!!!
its time to put end on athenian bulgarian serbian albanian lies!!! Macedonia United Forever
This clip is from the biggest мacedonian demonstration of the MACEDONIAN POLITICAL ORGANISATION in the year 1922 with which the Macedonian emigration asked for INDEPENDENT MACEDONIAN STATE AND MACEDONIA FOR MACEDONIANS and asking back the occupied territories from the ocupators Greece,Bulgaria and Serbia.
The Macedonian political organisation was formed in the year 1922 in Fort Vejn and fought for Macedonia to Macedonians.
In the year 1926 the Bulgarian spy Shkartov and later Lebamof too entered the organisation and started destorying it by making it a bulgarian propaganda center and by chasing away the real founders of the organisation.
In the year 1927 the Maceonian political organisation was renamed into “Македонска патриотическа организација”(Macedonian patriotic organisation) and from that time this organisation started doing antimacedonian propaganda.