Mercury
ФК Победа
- Член од
- 23 септември 2013
- Мислења
- 1.042
- Поени од реакции
- 485
Далибор, Фатон....и компанија ...рацете понастрана од Победа
Синоќешното дерби од 12-тото коло на Првата лига во кое Вардар ја совлада Победа со 2-1 пред целокупниот македонски фудбалски аудиториум потврди многу работи....Ова беше е само уште една во низата потврди зошто и ,,Тунгузија,, е пред нас на ранг листата....Кога за исходот на натпревар од нашата ,,најквалитетна,, лига се прашуваат судиите(особено тие од калибарот на Мустафи, Ѓорѓевски,Ецковски, Бартон...-некои -подобро упатени велат тие што ги делегираат решаваат се а овие се само извршителите) јасно е зошто фудбалот ни е дно. Апсолутно во право е доскорешен делител на правдата кој ќе рече:Кога ќе го видам делегирањето 100% гарантирам како ќе заврши секој натпревар...Не е ова никакво алиби за Победа... Но овој досегашен дел на првенството, овие 12 кола од Првата лига повеќе од очигледно е дека Победа е трн во окото на луѓето во црно...Не зацрнија одземајќи ни најмалку 5-6 бодови....Рацете понастрана од ПОБЕДА. Зарем не е срамно, ниско и нехумано кон фудбалерите да им го одземате нивниот труд, да газите по нивното залагање, да им брцкате во џебовите-тие се пофесионалци и од фудбалот живеат....вие им го земате лебот....Со кое право си земате за право да ја кроите судбината на Победа. Клуб кој е репрезент на најфудбалскиот град во државава....Клуб во кој приватни компании, нивните сопственици и граѓаните одвојуваат за да ја фиинансираат Победа....ДО КОГА ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ЏЕЛАТИТЕ НА МАКФУДБАЛОТ. Ова под најитно мора да престане. Никој нема право да се поигрува со туѓите пари, егзистенција ....на крајот на краиштата и нервите.Фудбалот не се игра за судиите...Го играат фудбалерите за публика, а судиите се тие што се поставени да ги спроведуваат на терен правилата на фудбалската игра-да арбитрираат. Никако да креираат резултати....исходи...клупски судбини.... Господа сватете дека ова никаде не води.... Незадоволството се таложи.... Ја прелеавте чашата...Оставете ја Победа.... Тргнете ги рацете од момчињата во црвено-бели дресови... Оставете ги нека си ја работат работата за која се ионака скромно платени... Не се рчкајте со клубот и градот Прилеп... Многумина се замерија и не зацрнија сезонава... И токму заради нив сме таму каде сме на табелата.... За волја на вистината има и сопствени грешки... слаби игри и неискористени шанси... Ако Цветаноски синоќа погодеше за 0-2 во 50-тата минута можеби и ќе победевме... ама можеби и ќе имаше поголема судиска лакрдија... Ѓорѓески една таква среде Прилеп инсценира минатата второлигашка сезона...кога поради него клубот беше драконски казнет .... Но тоа е интерна-клупска работа и за тоа си има ред... Но некој отстрана да ни ја крои капата... Тоа нема да биде дозволено....невидени досега 7 минути продолжение...куп слободни на и околу 16 метри, класични неколку ситуации на игра со рака не се судат за нас...помошнико крева офсајд...главнио као не гледа....4-тиот се отепа од трчање да ја враќа топката на варарци....грнчаров со лакт во 30 секунди во глава ги удира и Гешоски и Цветаноски...без санкција...за Балотели само жолт картон за насилничко туркање на Крстески... Што треба да се случи за некој да се освести и да ги тргне рацете од Победа...и не само од Победа.... Има и други клубови што се жалат на арбитражата оваа сезона... Треба ли некој да настрада па тогаш...пост фестум да се реагира. Не дај боже!!! Оставете ги фудбалерите на теренот да играат фудбал... Вие само судете, тие што делегирате....не правете шеми....Нека победи тој што е подобар и ќе заслужи, а не тој што вие сте намислиле и зацртале..........