Абе јасно ни е и на нас дека ако сакаш ЛШ, треба да се носиш со екипи од рангот на Апоел, Бате, Динамо, ама факт е дека 4 пати по ред, немаме воопшто среќа, и ни паѓа еден од појаките противници, во ситуација кога има екипи кои се дааалеку од нивото на овие што ги набројав и ни паднаа на нас.. Исто така, треба и на нас, ама и на вас да ви биде јасно, дека преку ноќ не се стигнува во ЛШ, дека Вардар не е финансиски моќен во споредба со екипите кои играат ЛШ. Има екипи со далеку поголеми буџети, вложувања, па ЛШ им останува само сон, земете го за пример Салцбург, екипа во која се вложуваат големи пари веќе неколку години, екипа со одлично развиена младинска школа, па пак не можат да стигнат до групната фаза во ЛШ. Не треба оправдувањата да ги бараме во јаките противници, едноставно тоа си е реалноста, наше е од година во година да се подобруваме, па со тек на време да дојдеме и до тоа ниво кое го сакаме. Пред 3-4 години Динамо беше мисловна именка за нас и ни најголемиот вардарец немаше да се надева на пролаз даље против нив, а летово после 150 минути сеуште имавме активен резултат и бевме со реални шанси да ги елиминираме.