Стварно, шкендија очигледно е во голема криза, дали 10 играчи останаа во клубот, незнам како ќе ја преживеат сезоната уопште ако се во волку лоша состојба...
И точно, освен Пелистер сите други во мртва точка стојат некако, ете и Вардар некое засилување донесе но и доста клучни играчи ги изгубија па во секој случај не се засилени во споредба со лани. Напротив, ако си отиде Костовски ондак и дефинитивно ослабени ќе бидат за разлика од последниве две сезони...
Мислам дека идната сезона главни фаворити ќе бидат Вардар, Работнички, Пелистер и Металург и би требало горе доле да бидат сите 4 тука негде, изедначени... Шкендија би требало да има најголем пад во споредба со последниве сезони, а и од новациве Гостивар и Еурокрем не очекувам нешто посебно и мислам дека они до година пак во втора лига ќе играат... Ренова и Напредок би требало да бидат негде во средина и да обезбедат опстанок но без нешто посебно да се јаки или некои фаворити да бидат, а и Турново би требало да биде отприлика како нив доколку Блажевски и Балдовалиев го напуштат клубот како што се предвидува... Останува само за Македонија ЃП, Брегалница и Шкендија да се види, за нив е тешко да се предвиди (пред се за Брегалница и Шкендија) оти и двата клуба се во криза. Македонија ЃП ќе се бори за опстанок, не очекувам нешто повеќе од нив...