Како и што очекував Шкендија со тесен резултат дојде до победа против Металург. Се гледаше дека сеуште не е воигран тимот, освен тоа Неџипи влезе некаде на средина на второто полувреме. Игравме без суспендираните Усеини и Демири.
Се на се оваа победа е многу значајна, мотивацијата се крева и тоа пред тешко гостување како што е во Штип против Брегалница.
Мечот почна смирено, и двете екипи не притискаа по противничкиот гол. Металург имаше блага иницијатива, во првото полувреме по една кардинална грешка на Бериша, мислам Несторовски беше со глава ја погоди гредата.
Во второто полувреме Шкендија се разбуди и се обидуваше да направи нешто, но без конкретни шанси.
Дојде моментот кој сите го чекаа, во игра влезе големото засилување Ндерим Неџипи кој беше пречекан со стоечки овации. Со неговото влегување, играта на Шкендија се промени. Црвено-црните беа поопасни кон голот на Металург и се направија 2-3 чисти шанси кои не знаеа да ги искористат. Вреди да се спомнат зицерите на Буњамин Шабани и на Изаир Емини кои се најдоа очи в очи со голманот благодарениа на пасовите на Неџипи, промашија од 4-5 метри од голот.
Кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши без победник, на околу 25-30 метри од голот на Металург судијата досуди слободен удар за Шкендија. Првин кај топката отиде Неџипи но потоа дојде Емини и по краток разговор Неџипи отиде во шеснаесетникот на противникот.
Емини упати долга топка на втората статива, Положани највисок во скокот и голема радост на Градскиот Стадион во Тетово, Шкендија дојде до водство.
Публиката почнаа да скандираат. Прво викаа Шкендија, Шкендија потоа името на стрелецот, за на крај да кулминира со песната "Besa-Besë"!
Видео од голот: