Да отварам ли тема за Македонско првенство 2012/13?
После цел хаос што владее во федерацијата, најпосле изгледа првенството ќе почне на 05.08.2012 (следната недела). Ждребката ќе биде во среда на 01.08. Денеска имало состанок на кој им е напоменато на екипите дека мора да преминат во Акционерски друштва во предвидениот рок.
Засега само Вардар, Турново и Силекс преминаа во АД. Тетекс и Шкендија се на прагот, а ветување дека ќе го испоштуваат рокот дале и Пелистер, Дрита, Работнички, Металург, Брегалница и Ренова.
Само од Напредок нема никакви најави. Дали е можно лигата да почне со 11 екипи? Сепак мислам дека ќе им попуштат до крај...
Еве ви колку да не серете дсека на Вардар му се попуштало, сда имаше строги правила сега само 3 клуба ќе имаше во прва лига
Не очекува можеби и најочајната сезона...
Очекувам најслаба гледаност на мечевите во лигата... Искрено незнам како би привлекле публика на Вардар со толку неатрактивни противници. Шкендија е пред колапс па сигурно и они ќе имаат помалку публика, е очекувам во Битола да има многу публика пошто се вратија во прва лига и плус имаат добар тим, и пред се во Штип пошто Брегалница има големи амбиции...
Понеатрактивни мечеви немало никогаш. Дрита, Турново, Металург, Ренова се куртонски клубови, слаба Шкендија сигурно нема да има иста гледаност, бар со Работнички ради ривалство на терен и добар фудбал се збирале поголем број гледачи али во ситуација во каква што се тешко дека и тогаш би имало многу публика, останува само со Пелистер и Брегалница да има повеќе гледачи...
Според мене Вардар има најдобар тим и убедливо сме најголеми фаворити за титулата. Минчо напразно фрла пари, носи куртонски играчи, тимот нема никаков напад, и одново ќе има големи проблеми да даде гол, иако очекувам да бидат втори или трети. Ренова ја гледам како добар кандидат. Негуваат поофанзивен стил на игра, плус ни се незгоден противник, очекувам еден од нив или Металург да финишира како втор.
Мило ми е што Брегалница има одличен тим годинава, плус не запираат со засилувањата. Го донесоа и Ристе Наумов екс играчот на Вардар, сега ќе носеле и некој Аргентинец, сосема солиден тим ќе имаат. Истотака драго ми е и што Пелистер ќе има добар тим. Можеби за други сезони со овој тим едвај би се спасиле, ама во престојнава очекувам да бидат во први 5.
Овие 5 тима очекувам да бидат во први 5, Тетекс би требало да биде тука позади нив, а ќе видиме како ќе се одвива работата во Шкендија. Со ваков тим и хаосот во моментов ништо чудно дса бидат кандидати за втора лига.
Не се дадени уште составите на клубовите па неможам многу да коментирам. Според мене Работнички е истотака голем кандидат за втора лига. Незнам со кој памет ќе играат со толку млад тим. Освен Крсте Велковски немаат ниеден друг поискусен играч...
Дрита вака така склопија солиден тим. Го земале и Туневски од кај нас, и доста други поискусни засилувања.
--- надополнето: 27 јули 2012 во 21:23 ---
ЕДИТ: Само што висдов дека Баже Тодоровски останал во Работнички, а го донеле и Горан Тодорчев. Не се веќе толку сериозни кандидати за испаѓање
Муабетот е дека на 6-7 екипи квалитетот им е доста сличен, па и 2-3 засилувања прават огромна разлика...