Uli Hoeneß
Präsident
- Член од
- 6 август 2010
- Мислења
- 14.403
- Поени од реакции
- 26.393
Ашковски на шестмесечна позајмица во Штромгодсет, со најава за тригодишен договор
Младиот македонски фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски ќе потпише шестмесечен договор со норвешкиот шампион Штромгодсет. Тој ги импресионираше членовите на стручниот штаб на овој клуб, како и раководните луѓе, на неколкудневната проба со тимот, па треба во наредните шест месеци да игра како позајмен играч во овој клуб. Доколку се биде како што треба, и Ашковски се наметне во составот во наредниот период, веќе е најавено дека потоа ќе следи тригодишен договор што левиот бек ќе го потпише во наредниот преоден рок.
Со оглед дека првенството на Норвешка е во тек, Штромгодсет во моментов се наоѓа на втората позиција на табелата со 30 освоени бода, шест помалку од лидерот Молде.
Стефан Ашковски е член на српскиот клуб Партизан, но последните две сезони ги помина на позајмица во Доњи Срем и во Напредак Крушевац. Сега се сели во Норвешка, каде ќе го носи дресот на Штромгодсет.