Македонски фудбалери во странство

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.168
Поени од реакции
25.825
Ашковски на шестмесечна позајмица во Штромгодсет, со најава за тригодишен договор

Младиот македонски фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски ќе потпише шестмесечен договор со норвешкиот шампион Штромгодсет. Тој ги импресионираше членовите на стручниот штаб на овој клуб, како и раководните луѓе, на неколкудневната проба со тимот, па треба во наредните шест месеци да игра како позајмен играч во овој клуб. Доколку се биде како што треба, и Ашковски се наметне во составот во наредниот период, веќе е најавено дека потоа ќе следи тригодишен договор што левиот бек ќе го потпише во наредниот преоден рок.

Со оглед дека првенството на Норвешка е во тек, Штромгодсет во моментов се наоѓа на втората позиција на табелата со 30 освоени бода, шест помалку од лидерот Молде.

Стефан Ашковски е член на српскиот клуб Партизан, но последните две сезони ги помина на позајмица во Доњи Срем и во Напредак Крушевац. Сега се сели во Норвешка, каде ќе го носи дресот на Штромгодсет.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Трајковски (Варегем), Зајков (Рен), Дамчевски (Бреда), браќата Бабунски, Ристовски (Парма), Сулејманов (Јанг Бојс), Димитриевски (Гранада), Ибраими па и Георгиевски. Последните двајца се надевам ќе најдат добар клуб. Во тие играчи е надежта за да се израдуваме некогаш. Можеби има уште некој надежен, но на тие ми текна засега.
Ибраими играше вчера за Марибор пак се врати пошто беше на позајмица и изигра далеку најслабо, што ќе му е друг тим за на клупа да седи и он па и Георгиевски ако оди во Бундес сигурно ќе седи пишуваше нешто за во Астра ќе идел. Чист пример Тричковски кој е готов со кариерата уште сега удри за пари не му е до играње него.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Хасани како ги поремети Ливерпул и на крај голче :D
 
Ф

Флеш

Гостин
Го има голот на видеово, пред тоа и пречка имал
Среќен сум за него ,што конечно најде одличен клуб каде што е прифатен и супер возвраќа со добри игри .... Неколку пати лани беше клучен играч со неколку гола ... Оваа година очекувам да даде повеќе голови :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
791
Поени од реакции
218
Ке му биде трудно нa Нaумовски, зaшти во Левски имa добри голмaни, но ке видим, дaли тои е по-добaр од тех.​
 

Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.585
Поени од реакции
1.121
Висар Муслиу потпиша за Сент Гален
Фудбалерот на Ренова и младински репрезентативец на Македонија, Висар Муслиу, потпиша петгодишен договор со швајцарскиот прволигаш Сент Гален, објави „Алсат-М“. Талентираниот дефанзивец веќе ги договорил сите детали и се наоѓа во Швајцарија, каде веднаш му се приклучува на својот нов тим. Ова е уште еден одличен трансфер на млад македонски фудбалер во Швајцарија, по договорот што го склучи Таулант Сулејманов од Работнички со Јанг Бојс. Тој ќе замине во Швајцарија во зимскиот преоден рок, откако ќе наполни 18 години.

Трансферот на Висар Муслиу во Сент Гален го реализирал агентот Бесим Иса.

„Со големо задоволство можам да истакнам дека Висар Муслиу потпиша петгодишен договор со швајцарскиот клуб Сент Гален. Долг период се работеше на овој трансфер и сега конечно можеме да потврдиме дека е реализиран“, изјави за „Алсат-М“, агентот Бесим Иса.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.168
Поени од реакции
25.825
Јаховиќ (Ријека), Трајковски (Варегем) и Мојсов (Бран) скапаа на клупа. Првите двајца кон крајот ги пуштаат по 15-20 мин. :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom