Македонски специјални единици (полициски и воени)

С

Спенсер

Гостин
Тој на Е.Б.Р е најдобар, некако многу моќно изгледа :)
btw за ЕБР требаше ли војска...?
за ЕБР??? мислам дека не... амблемот на Е.Б.Р. е ''копија'' на амблемот на пСО, само шо е однаопаку... сепак изгледа многу јако...
 

MARTIN BT16

волк
Член од
31 август 2008
Мислења
61
Поени од реакции
4
не ама треба колку шо знам да си полиција па да влезиш во ова единица
 
С

Спенсер

Гостин
не ама треба колку шо знам да си полиција па да влезиш во ова единица
не... зависи од конкурсот... дали е цивилен или службен... ако е цивилен,секој има право... т.е. средно да имаш 4ти степен,да не си осудуван и слично...
 
С

Спенсер

Гостин


еве ги шкорпионите, т.е. дел од нив... со полна воена опрема...

(копирајтед-алвархансо)
 
С

Спенсер

Гостин
еве една интересна слика од обуката на новите тигри на голак,2001...



јаки фризури имаат:ija:
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
562
Поени од реакции
10
Ако има некој лого од Специјалнава единица Волци ако може да го постира овде ми треба могу брзо.
 
С

Спенсер

Гостин



^- неколку слики од ЕСН ВОЛЦИ!

^-стариот амблем на ЕСЗ-ТИГАР


хммм... видете каков ''калаш'' имаат тигрите...


камуфлиран волк...на пат кон својата позиција...:vozbud:


е ова се чизми,во вистинска смисла на зборот... вакви имаат ЕСЗ, гледам ЕБР носат некој друг модел... квалитет 100%! словенски планика:vozbud:

.... извадок од еден текст....
"Ни го згазија достоинството и ни ја опоганија честа со која ја браневме сувереноста на Македонија. Тоа боли исто колку и шрапнелите на ОНА - вели Стојан. - Немаше да попуштам ама се заканија со судски извршители дека ќе ни земат се од дома. За нас не се грижам, ама децата на улица ли да ги оставам? Затоа почнав на рати да ги враќам парите. Во нашиот случај секој си толкува како му одговара. Од една страна, осигурителните компании каде бевме осигурани велат дека во Македонија во 2001 имало војна, ама ние не сме биле осигурани за во воени услови, а од друга страна, државата вели дека немало војна за да се заштити самата. А ние сме во средината, во небрано, за нигде. Нека кажат еднаш засекогаш што ни се случи во 2001, па да си бараме чаре. За тоа ли гиневме, за да си играат мајтап со нас. Јас уште како дете кога ја облеков униформата се заколнав дека ќе ја бранам татковината и тоа за мене е свето", ја почнува Цветанов својата приказна.
Стојан како постар водник во МВР со гордост го прифатил повикот да им се приклучи на безбедносните сили во 2001, иако имал 46 години и можел да не отиде во кризните региони. Како припадник на тогашните посебни полициски сили, заминал во тетовскиот кризен регион. Бил распореден и учествувал во борбите за ослободување на Тетовското кале во март 2001.
"Го издржавме огнот на ОНА. Тетовското кале беше слободно. Кога се качивме горе затекнавме само купишта кинеска муниција, нивната полска болница, купишта ѓубре и дупки од к*ршуми по лицата на светците од фреските во црквата", се навраќа наназад Стојан. По три месеци патролирање меѓу селата Селце, Лавце и Гајре, тој и неговите колеги биле на нова задача во селото Матејче каде се водеа едни од најтешките борби со паравоената ОНА. Матејче е кобно за Стојан. Таму бил ранет и од тогаш си ги носи терористичките шрапнели во неговото тело.
"Во Матејче беше страшно. Почнав да се присетувам на 1980 кога како специјалец во тогашната полиција бев 18 месеци на Косово кога беа албанските немири и демонстрации. ОНА со големи сили и вооружување се обидуваше да ја заземе полициската станица во Матејче. Имаше тешки борби. Тогаш беше гранатиран наш тенк и јас го извадив Владо од Смојмирово кој беше во тенкот кога го погодија. После тоа бевме засолнати во една куќа на три ката. Дожд од к*ршуми и гранати паѓаше на сите страни. Во еден момент куќата беше опколена, а во неа бевме јас и еден колега од 'тигрите'. Се чудевме што да правиме. Ако не фатеа живи ќе не масакрираа како што правеа тие луѓе нелуѓе. Во куќата имаше многу автомобилски гуми и одлучивме да ги фрламе под прозорецот и да скокнеме од трети кат на гумите. Но, само што скокнавме не засипаа со гранати. Тогаш не ранија и двајцата. Беше ноќта во 21 часот на 31 мај. Одеднаш до нас падна граната. Од силниот звук оглувевме, а од силната светлина во ноќта заслепевме. Почувствував силна болка. Шрапнелот од гранатата најверојатно од минофрлач почна да ме боде по телото. Чувствував како ми блика крв под панцирот. Шрапнелите мене ми се зарија во левата страна, во раката и во дланката, а на колегата речиси му го откинаа десниот бут. Немаше други, и колку можевме се влечевме еден со друг и некако успеавме да стасаме до полициската станица. Бевме спасени", се сеќава Стојан на кобната битка.
Болничарите веднаш го качиле во комбе и право за Скопје, во Воената болница. Лекарите констатирале тешки повреди, прострелни рани. Го спасиле Стојан, ама шрапнелите останале во телото. Командата наредила Цветанов да си оди дома. За него војната била завршена.
"Не сакав да си одам. Не сум јас воспитан да си ги оставам другарите, а јас да си одам дома. Одбив наредба да си одам, ама командата беше посилна и ме донесоа дома. Кога ме видоа сопругата и децата се шлогираа. Не можам ни да замислам колкав стрес беше тоа за нив. По неколку дена мои колеги го донеле во полициската станица во Ново Село мојот панцир целиот црвен од крв и полн со шрапнели. До неодамна се чуваше во станицата, ама сега е раздолжен и којзнае каде е мојот воен спомен. Место тој спомен, сега имам други спомени во мислите. Постојано во глава ми се црните униформи што ги носеа големи и лудо храбри припадници на ОНА кои дефинитивно не беа само Албанци. Постојано се сеќавам на коњите кои беа натоварени со бојлери полни со експлозив што ги праќаа кон нас и ги активираа кога ќе стасаат до нас и постојано во глава ми е кажувањето на некои колеги дека ОНА своите загинати ги фрлала во некој бунар и ги потпрупувала со негасена вар", со мачнина се присетува Стојан.
Тогаш почна деградирањето. По војната прво ме поставија да патролирам како позорникар, иако имам лекарски уверенија дека не сум способен за таа должност. Потоа ме поставија за возач, ама како да возам со шрапнелите во раката и во дланката. На 12 декември 2006 се случи најголемата деградација. Ме преместија на должност контрола на границата. Мојот случај е само еден од многуте. Зар вака ни се оддолжува државата што ги ризикувавме животите за неа", вели Стојан.
Цветанов не сака многу да зборува за парите што треба да ги враќа. Вели, него повеќе го боли згазеното достоинство. Свесен дека одлуката на Врховниот суд не може ништо да ја смени, се надева на добрата волја и на разбирањето на премиерот Никола Груевски и на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која може да ги повлече тужбите што МВР им ги поднесува на бранителите за враќање на исплатената отштета....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom