Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
А инаку ова е при некоја акција или?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Хихихи да да април месец 2010 година,акција на ЕСЗ против УЧК кај Блаце.Немаше загинат ниту од двете страни,информација имаше само дека еден од учките бил ранет и се повлекуваат во Косово.Акцијата беше за неутрализирање на учките и заплена на бункерите со оружје.Оружјето тогаш што го најдоа таму во бункерите беше доволно за да се опреми еден баталјон.Имаше и многу добро видео снимано веднаш после акцијата од А1 ама веќе со години го нема. :D
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Луѓе, знам дека ова не е поврзано со темата (иако по некои начини и може да се поврзе со општо МВР/АРМ во општ разговор, но сите ја знаеме таа трогателна судбина на бранителите.) но мислам дека има некој што би помогнал колку и како може.
Во прилог следуваат текстот и слики од еден наш Македонски бранител од 2001 кој патем и него како и другите Бранители не го избегнала грозната судбина на Бранителите во Македонија...!
ДО ФРАЕРИТЕ НА ФОРУМОТ, ВОЗДРЖЕТЕ СЕ ОД ПРВОКАЦИИ!!!


Споделете да помогнеме секој колку што може за овие добри љуѓе 076-708-060‬- -
Семејството Спасески дозволија бројот да се објави ‭ - - 076-708-060‬- -
Почитувани добри луѓе од Макеоднија и Дијаспората !
Пред малку разговаравме со Чичко Драган и неговата жена Виданка многу се израдуваа !
Храна , облека , парични средства и донации добродојдени се од сите нас , за повеќе инфо договорете се со нив на телефонот кој го објавивме .
Да бидеме хумани дека нема Љубов ако нема и дела .

Фамилија Спасески контакт -076-708-060‬-

Пет години живеат без струја, со социјална помош од само околу 1.900 денари. Јадат еднаш во текот на денот и живеат во куќа пред распаѓање. Ова е тажната животна судбина на Драган и Виданка Спасески од Прилеп. Спасески неможе да стане ниту од кревет. Поради дијабетесот едната нога му е комплетно помодрена, нема пари соодветно да се лекува.

„Претходно се движев малку со патериците, надвор ќе излезев, сега никаде. Ногата тука ми бешпе како изгорена. Докторот Аризанкоски ми рече брат Драган, брат, ова стигнато за на пила“, низ солзи раскажува Спасески.

Се хранат само од народната кујна која е оддалечена неколку километри од нивниот дом.

„За едно лепче и за две лажици манџа мојата сопруга оди од тука до народната кујна и назад пешки“, додава Спасески.




Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
642
Поени од реакции
2.076
Листам назад на темава и гледам како одредени членови од форумов ,споделуваат интерни , доверливи и небаре строго доверливи информации за единиците , конкретно БСН и општо ПсО и им порачувам да престанат да го прават тоа.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Гледам како одредени членови од форумов ,споделуваат интерни , доверливи и небаре строго доверливи информации за единиците , конкретно БСН и општо ПсО и им порачувам да престанат да го прават тоа.
Во тие одредени се пронаоѓам јас сигурно.Епа вака ќе ти кажам сум служел војска,во полициска резерва сум и знам што треба да се каже а што не така да те молам немој......
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
642
Поени од реакции
2.076
3/6 месеци служење у Велес, не е исто со 24 дневно ноќен селективен курс.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Безбедносна обука во АРМ и МВР надвор од посебно назначени безбедносни органи е чиста 0,а за тие што служат воен рок ако може минус поени да се даде ќе добијат.
Нема санкции како порано бидејќи се е политика,непотизам и слично така да тоа што си осетил кога си служел војска е 1% бидејќи страв им е да ве казнат како што треба бидејќи телефони ќе фрчат во 3 саат сабајле "како така ти на мој внук му се понашаш знаеш ли кој сум јас" и слични муабети,а додатно е тоа што касарната во Велес користи како казнено поправен дом и кој од АРМ сакаат да го сексаат го праќаат таму така да сами извлечете поука.

Ако некогаш конкурираш за во специјални и С2 работат како што треба поради тука што имаш пишувано нема да ти дозволат да работиш таму бидејќи си склон да издавање информации.

Филмови на други правете.
 
Последно уредено:
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Никој пат не сум рекол дека (селекција заедно со пСО) е исто или пак слично со служење војска значи никој пат,далеку од тоа.Ама и таму имавме безбедњак од военото разузнавање и убави санкции им даваше на тие што правеа не дозволени работи.Еднаш имам кажувано и сега пак ќе кажам сето тоа што сметам дека може да се каже сум го кажувал, го кажувам, и ќе го кажувам.Волчко ова на тебе ти го имам пишувано и пак ќе ти го напишам,според твоето мислење во Америка луѓето што зборуваат и знаат некои работи што не треба да се знаат поврзани за СФОД-Д и САД/СОГ кои се двете најтајни структури во Америка треба по затвори да се или одма ликвидација.Немој да ме ј....
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Се што се знае за америкачките или било кои други вооружени сили се застарени информации,информации односно дезинформации или пак информации кои однапред се одобрени да се изнасат во јавност многу ама многу е ретко да излезат информации кои што не се одобрени.

99% од дипломатските преставници што доаѓаат во касарните се разузнавачи,99% од инструкторите што доаѓаат да ја обучуваат нашата војска (или други во светот) на прво место се разузнавачи па потоа инструктори со измислени имиња и носат амблеми на единици од кои што не се членови.

Треба сите тие што знаат да се ликвидираат или затворат бидејќи поради неписмени цивили и необучени војници гинат професионалците.

Пример кој мене ме уче на факултет по еден предмет за како кинески или јапонски весник (не сум сигурен) објавува детален план за авион кој некоја западна држава сака да го пласира како нова технологија,а истите новинари во подолг период со собирање на информации од отворени извори (весници)сами си ја составуваат сликата што и каков авион другите направиле.

Сите информации од форум од кафани и лаф муабет по град ако се анализираат може да се добие многу добра слика за бројна состојба,обука,бројна состојба на оружје,колку знаат да работат,колку не знаат да работат,начинот на нивната работа,какви припадници имаат и дали се склони на алкохол,курви,коцкање дали се ментално стабилни или не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom