Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Па постара е сигурно пред 9-10 години,кога селекцијата беше дозволена само за воени лица
Инаку сликата и ти што си ја ставил јас ја имам ставано на 400 страни позади.
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Знам дека поставувам некои слики што ги имало и порано, но јас ја прочитав одамна цела тема, и дали видов само 20 слики. Не можев и се уште проверувам одвреме на време да ги има сликите но не се гледаат, инаку и јас би сакал да не поставувам исти слики. Благодарам за информацијата:);)
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Инаку да имаш право не знам зошто ама сликите ги снемува од темата односно не може да се гледаат
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Еве нешто за Волците :
Со доделување на сертификатите заврши борбениот медицински курс. Курсот се реализираше во касарната „Илинден“ во периодот од 29 до 31.08.2017 година. Овој курс се реализираше согласно планот за билатерална соработка со Соединетите Американски Држави.

Инструкторите од Армијата на САД со припадниците на полкот за Специјални Операции,Баталјонот за Специјални Намени и Ренџерскиот Баталјон поминаа неколку теми како што се: медицинска поддршка на бојно поле, медицински преглед по повреда, пнеумоторакс и хематоторакс-згрижување, медевак известување, хипотермија итн. Темите беа реализирани низ теоретска настава и практична работа во теренски услови.

Ваквиот вид на специјалистичка обука ги унапредува знаењата и го зголемува искуството на припадниците на единицата.

Инструкторите од САД беа повеќе од задоволни од она што припадниците на единицата им го демонстрираа за време на курсот, особено од нивното знаење и залагање.





[DOUBLEPOST=1504298289][/DOUBLEPOST]
И една слика од календарот на Волците за 2016 год.
 
Последно уредено:
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Приметив една доста интересна работа
На 4-та слика дечкото од лево на грбот има застава м21,тие пушки пред 6-7 години заминаа во нивната резерва,не ги користат повеќе.А сега за обука ја извадил.Браво
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.369
Која година е сликава Семпер?[DOUBLEPOST=1504212736][/DOUBLEPOST]МНОГУ СЕ ЗБОРУВА, НО МАЛКУ СЕ ЗНАЕ!

Безрезервните македонски волци секогаш подготвени да го одбранат нај светото нај драгоценото,
нашата Татковина Република Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЛЦИ
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
Dobra slika ova e Mandrak.
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Припадниците на АРМ од полкот за специјални операции со приказ на своите вештини пред официјалните воени делегации секогаш крајно професионално ја покажуваат својата подготвеност во различни ситуации. Фото од денешниот приказ во неколку работни точки пред делегацијата на МО на Р.Бугарија.


[DOUBLEPOST=1505747546][/DOUBLEPOST]Денес 18.09.2017 година во посета на полкот за Специјални Операции беше делегација на Министерството за одбрана на Република Бугарија и припадници од специјалните сили на Армијата на Бугарија, предводена од Министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

Делегацијата беше пречекана од страна на командантот на полкот за Специјални Операции бригаден генерал Орце Јордев заедно со потесниот дел од командата. За време на посетата делегацијата беше брифирана за самата единица, нејзината структура и за досегашните стекнати искуства. Посетата продолжи со тактичко технички збор каде беше презентиран дел од опремата и вооружувањето кое се користи во единицата, а беа организирани и методско показни вежби на повеќенаменска алпинистичка кула, контролна точка, куќа за гаѓање и боречки вештини.

Министерот за одбрана на Р. Бугарија и министерката за одбрана Радмила Шекеринска на крајот од посетата го потенцираше високото ниво на спремност кое беше демонстрирано од припадниците на полкот.


 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732






Припадниците од специјалните единици е потребно да ги познаваат процедурите за медицинска самопомош и помош на своите колеги. За достигнување на потребните вештини стручните медицински лица им ги предаваат потребните знаења. Моменти од изведување на медицинска обука со припадници на АРМ од полкот за специјални намени
 

Kajgana Shop

На врв Bottom