Кој не знаел, Волците на 4то место во светот по спремност...после Американските S.E.A.L , Руските SPETSNAZ и кинеската единица...
па да,затоа се ЕБР-единица за брзо распоредување, а ги гледам идат и како придружба на кобмињата со пари шо носат,од пошта
ЕБР - единица за брзо распоредување, информативно, потребата од формирање ваква единица е неспорна во ерата на зголемените безбедносни нарушувања олицетворени во терористички акти од различен вид и потекло и криминални дејствија и банди кои ги надминуваат можностите на класичните полициски сили. Припадниците на ЕБР се обучени за потрага, блокирање и лишување од слобода на вооружени криминални групи, банди и поединци. Исто така, припадниците на оваа единица се подготвени да се вклучат во пообемни акции на МВР и давање поддршка за борба против организираниот криминал и секој друг пософистициран облик на криминалитет. При секое поголемо нарушување на јавниот ред и мир при поголеми и масовни собири, припадниците на ЕБР се обучени во најкраток можен рок да го воспостават нарушениот јавен ред и мир.
Централното јадро за должности во рурална средина е составено високо обучени полицајци кои извршуваат операции на набљудување, патролирање и приведување во руралните области, спасувачки мисии во високите плaнински предели и спасувачки мисии при елементарни непогоди, како и за обезбедување поддршка на сите полициски единици на територијата на Република Македонија.
Во случај на потреба, припадниците на ЕБР дејствуваат со поддршка на ЕСЗ и на единиците на АРМ.
Основна улога на Единицата за брзо распоредување е да се бори против организираниот криминал во руралните средини и да обезбеди јавен ред со цел да помогне во создавањето на стабилна безбедносна состојба и самостојно изведување на високоризични полициски операции во разни средини.
Најповеќе располагаат со најсовремено (изреалско) вооружување,комуникациски системи, борбени возила и тнт.