Македонски сајт за книги

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Сакам книги е создаден од личност која е вљубена во книгите. Од личност која не пропушта саем, промоција, попуст или било каков друг настан поврзан со книгите.
Веб страната е изработена на тој начин што ќе овозможува максимално ниво на интеракција и ангажираност. Ова е место каде сите ние ќе можеме да коментираме, дискутираме, разговараме, предложуваме, оценуваме и критикуваме книги.
Она што секој одделно го има прочитано е капка во споредба со тоа што би можеле да го имаме доколку заедно го градиме и надополнуваме овој сајт.
Секој кој сака да учествува со свои содржини, може да стане корисник во неколку чекори. Доколку само сакате да коментирате, а да не учествувате со свои книги и содржини тогаш не мора да се регистрирате, само едноставно коментирајте во формите за коментар на крајот на секоја страница.

*Ова не е никаква реклама за сајтот, затоа што јас немам никаква врска со неговите уредници. Туку мислам дека би било добро и љубителите на книги кои го посетуваат форумов да бидат запознаени.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ok, нека стои. Сепак за книги се работи.

Ми се допаѓа како изгледа, само имам замерка за изборот на книги кои ги гледам, но, претпоставувам дека таму пласираат наслови самите читатели на сајтот, па затоа и не ме чуди.
Мислам дека набргу ќе има и други сајтови слични на овој, па ќе видиме конкуренција и како тоа може подобро да изгледа...
 

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Ова е една од најдобрите идеи во последно време. :vozbud::vozbud:
И да Викторгг членовите пишуваат статии за книги кои нив им се допаднале.:smir:
 

NIght_Elf

High Priestess
Член од
15 јуни 2007
Мислења
479
Поени од реакции
13
Ова е еден навистина добар сајт за книги http://www.goodreads.com не е македонски, но препорачувам сите љубители на книги што знаат англиски да се регистрираат :smir: Позз.
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
Книги подароци за читатели - одлична акција!

Еве инфо за една нова многу интересна акција на новиот портал http://www.sakamknigi.mk.
Станува збор за доделување награди или подароци книги, како сакате наречете го, на членовите кои ќе напишат текст за некоја книга која ја прочитале и им се допаднала. Во случајов бидејќи доделувачот на книгите е издавачката куќа Ѓурѓа, книгите за кои треба да напишете текст треба да се дел од понудата на Ѓурѓа, а ги има многу. Ништо страшно, се регистрираш на сајтот и почнуваш со пишување на краток осврт за книгата, твоите впечатоци и сл. Единствено не смееш да раскажуваш детали кои би го уништиле уживањето на оние кои планираат да ја читаат.:wink:

Па дечки, кој прочитал нешто од Ѓурѓа и сака да си добие подарок, може да се вклучи. Поздрав

 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.401
Поени од реакции
5.953
Го забележав сајтот пред некое време но како што рече и Виктор погоре, не им е баш среден изборот на книги.

Меѓутоа ко што прочитав интервју во едно списание уредничката е економист, не ѝ е специјалност литературата, туку онака обожава да чита. Вели дека токму затоа сајтот се вика „сакам книги“, а не „сакам литература“ или „сакам книги со уметничка вредност“.

Идеја за пофалба во секој случај може да се најде нешто интересно.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Малку е тешко да се среди ваков сајт, поради тоа што многу книги тешко може да се определи во која категорија спаѓаат, сепак прекрасен сајт, можеби најкорисниот сајт што последно време е пуштен во македонскиот сајбер простор, секоја чест на авторката за оваа страна, мислам дека сите читатели ќе се сплотат на едно место и оние кои што не прочитали ниту една книга ќе можат да прочитаат краток опис на книгите па можеби и тие ќе станат страсни читатели, а оние кои веќе се страсни читатели мислам дека страната ќе им помогне да ја изберат и да ја прочитаат вистинската книга.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom