Македонски менталитет

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Мене лично ми смета најмногу озборувањето,сите се лоши и никакви-е ова најмногу.
После ме нервира кога воопшто некој не е љубезен,пример во продавница.
Насмевката како дијаманти да им вреди.

И љубоморен народ сме-на свадба ке те канат ќе идеш и се,а после ке збориш колку било неубаво,невестата никаква,младоженецот за никаде...ова не чинело,друго,трето...од инат ке кажеш се лошо.
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Мешање во животот на другите, лечење комплекси, оговарање, гледање со потсмев и иронија кон другиот, завидување... премногу има негативни работи меѓу Македонскиот народ што позитивните особини незнам дали да ги пишувам бидејќи незнам дали ќе набројам макар и две со сила.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
„Комшика, да не имаш бибер во зрнца, правам зимница а заборавив да купам... Стварно никад вака не одам по куќи да прашувам ама да не се облекувам сега за до Веро... Ти заврши со зимницата? Колку тегли ти испаднаа? УУУУУ, машала! Убав пипер си нашла...Колку го зема? УУУУУУ, каде ма го најде толку евтино???! Ај земи ми и на мене 10-тина кила... Ако не ти е мака... За тие пари... Него, да не ти сметам, гледам алиштава ти се во двор... Мада, нема многу чад, убави дрва купивме годинава... А, кафе, може, може, таман пауза ќе направам...“

Ова е тоа?
 

Pliska

Самуил владетел Б'лгарски
Член од
10 октомври 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
дебели глави са македонците :)
 
Член од
26 ноември 2009
Мислења
72
Поени од реакции
12
лелеее овој македонски менталитет неам зборови за да го објаснам...облечеш ли црно, вампир си, убиец си, дома чуваш ковчези со мртви внатре, секоја вечер коа ке излезеш ти не излагаш како секој нормален туку идеш у некое забутано место за да се дрогираш и да праиш магии...комшиите ги прашуваат твоите дали некој ти умрел затоа што носиш црно... и ја сум македонец али со задоволство можам да кажам дека МАКЕДОНЦИВЕ СЕ НЕНОРМАЛНИ!!! :kesa: :tapp:
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
како и секој народ и ние сме со некои мани...пример абе аман со тие конзервативни сфајќања,себичност,оговарање
:nenene::nenene::nenene::nenene:
 
A

Antigona

Гостин
makedonskiot mentalitet go nemam oseteno na moja koza od pricina sto sum postojano vo kontakt so lugje nadvor od MK, taka da veruvam vo sekoj zbor kako drugite gi opisuvaat makedoncite , so makedonci se druzam samo vaka preku internet taka da ne bi mozela da go opisam mentalitetot
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Чуден менталитет имаме. Неможе да каже човек дека ни е вродено, едноставно - какви сите таков и ти. Ама колку и да има негативно страни - си го сакам. Незнам дали би се вклопил во некој мирен и пресофистициран начин на живот.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи?

Во ова реторичко прашање се состои менталитетот на Македонците. Малограѓанштина насекаде и замарање со тоа кој што носел, со кого одел, што правел, до кога одел. Просто се изненадувам од фактот колку некои луѓе знаат повеќе за мене и моите блиски од мене самата.

Македонецот обожава да биде во центарот на вниманието, по цел ден во кафана со крената чаша да ја елаборира филозофијата на животот на други „понеинтелегентни од него“ и потоа настанува спротиставеност на ставови и доаѓа до добро познатото пцуење, колнење и тепачка. Па околните маси коментираат после уште недела-две кој имал скршен нос и кој кого повеќе навредил.

Самоуништување, предавање на брат со брат, другар со другар и страдање поради истото. Цела нација страда поради тоа со години наназад. Предавството и лакомењето за странските пари и тоа дека ќе живееме како големци и богаташи ако го предадеме својот брат за одредена сума. Моралните вредности се исчезнати одамна. Ова многу добро е објаснето во драмата „Диво месо“ од Горан Стефановски, постои еден цел текст на странецот чие име моментално не ми текнува како беше во драмата. Тој укажува на сите македонски проклетства.

Да му умре козата на комшијата, најпознатиот македонски синдром, љубомора на сè што е туѓо, а нѝ се допаѓа.

Хипокрити сме.
Имаше на Зевзекманија многу убаво прикажано како двајца другари се оговараат еден со друг на различни места седнати и веднаш по муабетот се среќаваат на улица и се поздравуваат како живот да даваат еден за друг.

Ама и горди сме. Многу горди на тоа што го имаме, само кога ќе дојде некој од страна и треба да му ја покажеме убавината на нашата земја. Тогаш го величиме Охрид, природните убавини, водопадите, карневалите... А меѓусебно се караме кој е провинцијалец, а кој градско дете.

Македонче? Има ли нешто поконтрадикторно од тоа самите да се понижуваме. Македонче не е деминутив, Македонче е понижување, намалување на вредноста на поединец на една нација.
 

Sofist?

Ула
Член од
11 јануари 2010
Мислења
160
Поени од реакции
12
.......Педери и наркомани
разни глупости
овој жена имал немал пак ја оставил
озборувања, афери и измислици,
секој знае наредно што ќе ни се случи .........
.......Чудна работа е овој наш менталитет
завист, љубомора, криминалитет
себеси не се гледаат а другите да...........

мислам дека ова е доволно :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
демек само кај македонците има озборувања, сеир бла бла бла бла бла
ние сме загреови сите се поарни од нас ... бла бла бла :tapp:

па ако е така почнете од вас да се смените :toe: и почнете околу вас да ширите позитива .. да укажувате на тие мани ... кои пак ќе речам не се само кај нас ...
 

Sofist?

Ула
Член од
11 јануари 2010
Мислења
160
Поени од реакции
12
Знаеш што е едниствениот најголем проблем кај нас? Предрасудите!!! Ок ти ќе се смениш.. ќе влијаеш на другите околу тебе ... но таа магарешка тврдоглавост што ни е в корени тешко дека ќе ја искорениш... тргни од себе... не можиш да речиш дека немаш предрасуди или дека некогаш не си изоговарал некого...Ние сами меѓу себе не се сакаме па очекуваме другите да не сакаат...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
а кој не оговара ? Само Македонците ли оговараат?
кој не мава сеир ... само Македонците ли сеир маваат ?
глупости сте испонаредиле по темава ... и сите карактеристики кои сте ги навеле се ЧОВЕЧКИ на секој жив човек на планетава земја ... :toe:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
К’не сме, што вика една моја комшика.
Ако немаме, ќе кукаме што немаме, ако имаме ќе кукаме што немаме повеќе, кога ќе имаме повеќе ќе аздисаме и на крај, ништо не ни чини.
Млади умни мозоци се цедат на Запад. Зошто? Овде никој не ги вреднува, никој не им нуди услови за добра работа и живот. Значи, чекаме од надвор да ни кажат дека нештото вреди, па да го прифатиме. Не само за студенти, и за сите луѓе кои овде не нашле мотив а пробале да се снајдат. Тоа не го разбирам кај нас, лижењето газ на туѓите успешни луѓе, а нашите не ги бива по дифолт. Срамота.
Друго, некултура.
Од фрлање ѓубре по улици до нељубезност на шалтери и меѓупросторно сите ситни ама битни лоши навики што впечатокот го прават грд за нас како народ, а и земја.
Среде Охридско езеро кондом, на пример - случај лани. Да бев Финка или Норвежанка не знам што ќе помислев. Се клецаат сред езеро, ако убаво.:baeh:
Неорганизираноста, сејм. Дали е тоа синдром или хронична последица на бивша најмала република во бившо ју, не знам, ама кај нас се’ доцни, се’ се развлекува во процеси и спроведувања. Убаво рекоа на Буре Барут - кај нас се’ што е систем, на запад е инцидент и обратно.
Да, не бива за веселење, музика и песна, ама...
Прво треба да се воспитаме, да миеме раце пред јадење и да научиме кои сме.
Како Македонка, се срамам многу пати од народот свој. Се трудам да почнам со промени од себе, иако имам малограѓани и во фамилија (не знам зошто, ама мислам дека во постари години си доаѓа како врв на климаксот тоа), барем малку да го ублажам тој кодекс што јбг, врежан е во нас, но некои работи во него не чинат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom