F
fantomX
Гостин
Општествените норми немаат ама баш никаква врска овде за докторката која е на работно место.Тоа што општествените и етичките норми ни се испревртени однопаку не значи дека е тоа некое оправдување за постапката на сите инволвирани во случајот.
Колку што знам (не сум сигурен) , не пружањето на прва помош на човек е казниво дело, без разлика дали е доктор или не. А и да не е казниво тогаш е нехумано да можеш и знаеш да му помогнеш и да не поможиш само затоа што си бил на одмор или на си бил на работа.
Не за џабе во возилата е задолжително да имаш опрема за прва помош. Таа не е само за соопственикот на возилото, уште повеќе што истиот тој сам на себе не може да си даде прва помош посебно ако е во несвест. Таа е таму за да ти му поможиш на некој на кој му треба прва помош.
Да биде работата потрагична за некоја најобична џукела што била стапната од кола или така нешто ке се крене поголема прашина, борците за права на животните ке се испосерат по медиуми како тоа било нехумано или нечовечно, но кога се работи за човек тогаш се е дозволено.
За министерството за внтраешни работи кога вадиш некој документ не се работи за живот и смрт и не се во прашање минути, овде секундите се бројат. Не ке да ти е споредбата сосем на место. Или можеби сакаш да кажеш дека митото е сосема нормална работа и не треба да е казниво. Тогаш ништо чудно што некој смета дека се врши хајка према докторите, дека се демонизираат и има притисоци врз нив, уште кога за некој митото корупцијата треба да е составен дел во медицината, посебно докторите или студентите по медицина( нашите идни доктори). Некако не им се допаѓа идејата дека повеќе нема да бидат богови само затоа што носеле бел мантил и завршиле медицина.
Не ми мириса на арно работата.
Утре да им текни и на пожарникарите да почнат да бараат мито и тоа да го нарекуваат услуга. Ако сакате да дојдеме веднаш ке си доплатите.Ако сакате да дојдеме само со канти за вода имате една цена, со противпожарно возило друга цена, скалите спаѓаат во дополнителна опрема
Тоа законот можи да важи овде за тие сеирџиите, нив не ги ни спомнав претходно, зборував за докторот само, за кој и натаму не гледам проблем овде.
Неважно е ова со џукеливе.
Споредбата е сосема на место за мутирано општество кое цели кон капиталистичко. Сакам да кажам дека митото и кај лекарите треба да се легализира како „услуга“, како шо тоа го прави МВР на пример.
Не е битно како ти мириса тебе, така диктира државата и тоа е тоа. А би можеле и пожарникарите да бараат, зошто да не, јас ги поддржувам во таква работа.