Се зависи од пристапот, дали ќе се повикуваат играчи според форма и да нема лоши тензии во таборот. Не ме фаќа некоја еуфорија, ама Словачка по СП 2014 доста стагнира и оди чекори назад, Белорусија исто не е некоја константна репрезентација или нешто во подем изминатиов период. Не дека ние сме нешто посебно, но се од нас зависи моментално, како ќе пристапиме, тактички колку е Ѓуроски спремен да им одговори на овие репрезентации зошто тука можеби лежи тоа 3то место. Исто и со Украина можеме барем и до нерешено да дојдиме. Мора подобри припреми, не против Литванија и слични послаборангирани репрезентации од нас.