Топ група!!
И претходно пишував да ни се падне Велс или евентуално Романија, па биднаа првите (Велс може и повеќе ни одговара). А баш пред ждребов си помислив и на Велс и на Казахстан и на Лихтенштајн.
Па ете капак на тоа и Белгија. Белгија е јака, ама со тој тренер што го имаат можат да паднат во Скопје. Формата им е отидена бајаги надолу (плус Де Брујне има слаба сезона во Манчестер Сити - а и сигурно до крај на сезона пак ќе се повреди, а без него се доста слаби). Помладиве играчи и не им се нешто посебно (генерацијата на Елмас ги шлакна во категоријата на У19 во Скопје). Да се дрзнам, мислам дека групава е и доста полесна од онаа од прошлите квалификации за СП.
Распоредов не ми е нешто по ќеиф. Ај Велс океј во Скопје во март, ама па не мораше одма наредната дома со Белгија. Како и да е, ако ги добиеме првите 4 утакмици, мислам дека 90% можеме први да завршиме во група. Ако сме имале идеална група да бидеме први и да идеме на СП директно, тогаш е оваа група. А и би било топ за мене ете да ја гледам Македонија во живо на СП тука. Па нема подобро од тоа!
Со оглед дека играме првата на гости со Лихтенштајн и втората дома со Велс, може Македонија серијата победи да ја достигне и до 7 победи по ред (а зошто па да не и повеќе). Лихтенштајн ни е таличен за квалификации за сП!
Нема ваљда да го сменат Милевски и да го стават оној трупот Седлоски...