Македонска фудбалска репрезентација

Член од
23 август 2010
Мислења
39.867
Поени од реакции
116.135
Одлично! Многу надеж ми влева новиот селектор и конкретно играта на нашата репрезентација. Не се секирајте прв натпревар му е ова, неможе се од одма да биде добро, верувајте со овој селектор ќе има и те како голем напредок. Играта беше одлична во првото полувреме, Пандев маестрален во целиот натпревар, исто и десниот бек, мислам Георгиевски се викаше. Судијата не оштети, али не ни е крив тој што изгубивме едноставно многу евтин гол примивме и тоа е тоа.
Можеа Шимунич и тој Вукоевич порано да одат на туширање, особено Вукоевич кој матер му еба на Пандев, 200 фаули му направи.
Одиме на победа сега во Шкотска, послаби се тие од Хрватите и доколку ја покажеме играта од вчера сигурен сум дека ќе ги добиеме.
П.с. Преку к*р веќе од тие изјави и коментари у стилот “Нам ни одговара и 0-0, Хрватите треба да напаѓаат“... Абе какви 0-0 бе, мора да одиме на победа на секој натпревар. Се додека не го смениме ваквиот менталитет нема да имаме успех во ниеден спорт. Али со Чеде иде на подобро, I can feel it. :)
 
В

Ваздух

Гостин
Пристапот ми се допаѓаше и тактиката поставена од Чеде. Пандев супер беше, со оглед на тоа колку го тепаа и затвораа. Демири исто така и десното бекче ама во второ полувреме.
Исто и Богатинов. Криво ми е, судијата не досуди чисти пенал, имавме пречка, ја извадија топката од гол линија од Шиков.
Не заслуживме пораз, макар бод да извадевме. Но ако играме вака на гости со Шкотска, сигурен сум дека ваѓаме добар резултат. Само да се пазиме од главоњите, зошто тие само играат со глава и по прекини.
 
Член од
22 мај 2012
Мислења
65
Поени од реакции
62
Ако се играше една утакмица да ќе бевме светски и европски шампиони. Абе квалитет се покажува со континуитет гледај Хрватите што прават последни 6-7 години, гледај ние кај сме. Како може по една утакмица да тврдите дека сме биле силни, едноставно почеток на квалификации сме, ќе видите кога ќе дојдат Хрватите во Скопје и кога ќе фатат победнички ритам и форма колку ќе биде тешко да се одбрани голот наш. На тој меч не очекувам ни реми со оглед на тоа дека ова беше прв меч во кој двете екипи имаа шанса да се изненадат. А ќе се игра за помалце од месец дена.
Судиските грешки немаат врска туку неискуството наше и нискиот квалитет, Хрватите одиграа толку колку што требаше и стигнаа до трите бода. Ако квалитетот е на високо ниво не може на секој меч да има судиски грешки само на наша штета, тогаш ајде нека победат следни три меча па да докажеме дека имаме квалитет. Бидејќи тоа нема да се случи на крај џабе плачеме голема е разликата меѓу нас и Хрватска и таа не се мери во еден едниствен одигран меч.
2 натпревара се , иако беше пријателска изигравме добро против Литванците а и резултиравме.
За континуитетот морам да се сложам , како што и претходно напишав тоа највеќе ме плаши знаеле нашите да се изгубат меѓу редови.
Никој не тврди дека сме силни туку сметаме дека нешто навистина се менува во репрезентацијата. Не знам кога последен пат со нетрпение сум ги очекувал да настапат и да ме интересира само играта на нашите , а 5 пари да не давам кој ни е противник што воопшто не беше случај до сега. Никогаш до сега не сме застанале вака позади нив . Тоа што го чувствуваме е само интуиција , многу скоро ќе видиме кој е во право.

Еве статистика од натпреварот.
statistika.JPG
Со 40% посед двојно повеќе упатени удари.:cuc:


П.С. Само заради зелениот текст се откажувам од постирање до следниот натпревар , оти ако песимистиве се во право ем ќе испаднам магаре ем ацид ќе се убие од бришење.
едит: ако испадне како што викаш си останувам на зборот , прати слика од магаре која 7 дена ќе ми биде аватар.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Абе што се менува освен вољата и амбициите на прв меч да се покажат? Ќе се вратиме ние во реалноста после мечов со Шкотска... Немаме квалитети за континуирани добри настапи факт е тоа ако сакаме да се смени нешто треба со младинскиве репрезентации да има повеќе успеси како овој во квалифкацииве да ги баталат сениорите, успех секако после неколку години кај сениорите.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.988
Поени од реакции
16.426
Ситуацијата кога падна Пандев во шеснајсетник, мислам дека не беше пенал, и добро што стана одма Пандев, иначе ќе добиеше жолт картон.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Со победа или нерешено против Шкотска и нерешено Белгија-Хрватска сите карти се отворени.Потоа имаме 3 дома во ред Хрватска,Србија и за крај Белгија.Тука ќе се реши најверојатно се.

Ако успееме од овие 3 натпревари со 5 бода да излеземе ќе биде супер.

Хрватите нема да се уиграат никогаш.Тренерот им форсира лоша формација.Вчера они играа со повеќе во одбрана одколку ние што игравме.Плус се изнаправија фаули.Вукојевич требаше уште во 60та минута да добие втор жолт а Ракитич за мајагерито во гради мораше да му даде црвен.Таква одбрана во Белгија или каде било освен дома нема шанси некој да им дозволи да играат .На крај ни дадоа гол од чиста случајност.Плус никогаш не немаат тепано со повеќе од 1 разлика а посебно во Скопје ги имаме изнамачувано секогаш.

Да завршиме сега на 4то или најдобро 3то место и да рипнеме малце на под 90то за да не бидиме повеќе во последен шешир и да може во квалификациите за Европско следно да добиеме некој како Андора,Фарски острови.


Ако ни се паднат со Шкотска фер судии да не ги теаат нашиве играчи како сега со Србиве што играат имаме шанса зошто Шкотска одбраната им е каша попара единствената опасност кај нив доаѓа од корни и прекини во игра а голманов со тоа што покажа вчера оптимитички е да се чекаат и 3 бода.


Ако со 3 бода ја почнеме серијата 3 домашни ( а Хрватска изигра нерешено или изгуби во Белгија ) тогаш има доста простор за оптимизам.


.


.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Ги гледам Шкотска - Србија и никоја репрезентација не е нај нај шо значи со онаква игра како вчера во првото имаме шанси против Шкотска.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Многу копачка репрезентација се шкотиве, Најсмит, Чарли Адам, Хатон има лом да ги направат нашиве.
Нека му ја мисли Пандев.
Според ова што го видов не дека се нешо особено, ама многу на сила играат. Рака на срце, ќе биде многу тешко да се игра против нив, особено сега у Шкотска.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Многу копачка репрезентација се шкотиве, Најсмит, Чарли Адам, Хатон има лом да ги направат нашиве.
Нека му ја мисли Пандев.
.
DON'T FORGET we got SHUMULIKOVSKI можат вода да му носат тие копачи на нашиот величествен :D :D бар за тоа го бива ако ништо друго хаха
 
Член од
13 септември 2005
Мислења
368
Поени од реакции
8
Против Шкотска сигурна победа зошто се враќа Македонскиот Џерард Величе -ствениот Шушумиговски :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom