П
Паспарту
Гостин
Во Прилеп: Ништо - Ништо (Македонија - Албанија)
Фудбалските репрезентации на Македонија и на Албанија на пријателскиот меч во Прилеп одиграа 0-0, без многу шанси и возбудувања, а на Илчо Наумоски му беше поништен регуларен погодок во првиот дел. Имаше и Албанија одлична шанса за водство во 13.минута, кога Роши излезе сам пред Пачовски и го промаши целиот гол, а Мојсов можеше да заработи црвен картон, кога во вториот дел играше со рака, а веќе беше „пожолтен“. Во завршницата, и Ибраими имаше шанса, но не ја скроти убаво топката, па затоа, секоја чест за борбеноста на играчите на двете селекции, се измачија на лошиот терен во Прилеп, но на резултатски план ефектот е „ништо-ништо“.
Без Пандев, Тричковски, Новески и Попов, Македонија го нема истиот лик, па селекцијата што како капитен ја предводеше Шумуликоски, одигра со многу жалба и борбеност, но и без премногу идеја и креација на теренот. Освен тоа, тревата на стадионот „Гоце Делчев“ едвај и да ја имаше, па репрезентативците на Македонија и на Албанија најчесто се бореа со топката.
Во 13.минута Албанија можеше да поведе преку Роши. По една грешка во нашата потесна одбрана, тој излезе сам пред Пачовски, но, за среќа, ударот беше крајно непрецизен. Во продолжение, игра меѓу двата шеснаесетника, без конкретна завршница. Така бесе се до 36.минута, кога Илчо Наумоски со удар со глава ја затресе мрежата на албанскиот голман Хиди. Но, со чудна одлука за офсајд позиција, на асистенција на првиот асистент Андреј Кокољ, судијата Славко Винчиќ го поништи погодокот.
Во вториот дел, повторно борбеност и многу грешки на средината од теренот, и само неколку конкретни акции за да се загрози противничкиот гол. Во 70.минута Лорик Цана се обиде од слободен удар, но Нурединоски ја избоксува топката, а десет минути подоцна Агим Ибраими имаше убава шанса, но не успеа да ја реализира. Никола Глигоров одзема топка, убаво го проигра Ибраими, но тој не ја прими најдобро, си даде долг „фор“, а голманот Хиди со пад в нозе успеа да спаси. Ибраими падна преку него барајќи пенал, но судијата Винчиќ денеска не и беше наклонет на Македонија. Сепак, мора да се признае, му прогледа низ прсти и на Даниел Мојсов, кој во вториот дел играше несмасно со рака, а претходно имаше добиено жолт картон. Во таа ситуација, лесно можеше да заработи и исклучување.
МАКЕДОНИЈА - АЛБАНИЈА 0-0
Стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Гледачи: 4.000. Судија: Славко Винчиќ (Сло). Ж. картони: Шиков, Мојсов, Демири (МКД), Лила, Далку, Цана (АЛБ).
Македонија: Пачовски (46’ Нурединоски), Тодоровски (46’ Георгиевски), Шиков, Мојсов, Димитровски (78’ Лазевски), Демири, Шумуликоски, Ѓуровски (46’ Ибраими), Хасани (68’ Глигоров), Наумоски (62’ Фетаи), Ивановски.
Албанија: Хиди, Лила, Далку, Цана, Аголи, Мива (90’ Велиу), Тели, Бакај (35’ Јанузи - Лика), Роши (57’ Музака), Салихи (57’ Каплани).
Почести за Гоце Седлоски
Фудбалерот со најголем број настапи во историјата на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, кој од оваа средба започна и кариера како асистент на Џон Тошак во стручниот штаб, доби награда од УЕФА за 100 одиграни мечеви во националниот тим. Наградата (специјална капа и орден) му ја предаде претседателот на ФФМ, Хари Хаџи - Ристески. Исто така, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, на Гоце Седлоски во чест на благодарност од градот му подари икона и златник. Пред мечот, и Џон Тошак доби подарок од градоначалникот на Прилеп, а на полувремето градоначалникот ја одбележа и 25-годишнината од формирањето на навивачката група „Мајмуни“, кои славеа токму на овој натпревар.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2644
У21: Младинците до реми со Данска
Младинската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година продолжува со солидни резултати од новиот квалификациски циклус. Во својот трет меч во овие квалификации избраниците на Бобан Бабунски одиграа 1-1 против своите врсници од Данска и веќе собраа пет бодови, што е добра увертира пред следните предизвици.
Иако настапија без својот главен играч, Ферхан Хасани, македонските репрезентативци не се исплашија од предизвикот против фаворитот во групата, одиграа храбро и на крајот заслужено стигнаа до бод. Мечот на стадионот „Борис Трајковски“ воопшто не изобилуваше со шанси, двете селекции вкупно упатија пет удари кон голот на противникот, па можеби и најреален исход е токму поделба на бодовите.
Данска прва дојде во водство преку Хелениус во 73. минута, кога ударот на данскиот голгетер го закачи Ристевски, го измами македонскиот голман и заврши во нашата мрежа. Слично како и на премиерниот меч со Србија, примениот гол не ги исплаши македонските репрезентативци, кои стиснаа заби и успеаја да стигнат до израмнување. Стефан Ристовски нафрли од десната страна, Несторовски со глава ја погоди пречката, но топката се одби до истиот фудбалер кој што од втор обид успеа да го совлада данскиот голман и да им донесе радост на македонските навивачи за конечни 1-1 на овој натпревар.
Македонија во моментов се наоѓа на третото место во групата со пет освоени бода, но и натпревар помалку од водечките Данска и Србија, кои што имаат по осум бода на своето конто. Својот следен предизвик избраниците на селекторот Бабунски ќе го имаат на 29 февруари 2012 година, кога ќе ја пречекаат селекцијата на Северна Ирска.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2643
У-19: Победа барем над Казахстан (2-1)
Младата фудбалска селекција на Македонија до 19 години го совлада Казахстан со 2-1 и го избегна последното место во групата на квалификацискиот турнир што се одржа во Струмица и во Турново. Во дуелот што не решаваше за врвот, туку за тоа кој ќе го избегне последното место во групата, избраниците на Менсур Јакупи смогнаа сили за да триумфираат против Казахстан. Повторно противникот поведе преку Искаков, но со головите на Алими и на Давид Бабунски, Македонија победи со 2-1.
Во првото полувреме се играше борбено, но мрежите на голманите Валон Незири и Станислав Павлов мируваа. Казахстан поведе во 53.минута кога Мурат Искаков, кој влезе како резерва на почетокот на вториот дел, успеа да ја погоди мрежата на Македонија. За среќа, набрзо и нашите млади фудбалери возвратија. Со погодокот на Исник Алими во 59.минута, кој влезе во игра само три минути претходно, Македонија стигна до израмнување. Потоа се врати живост во нашата селекција, а најдобриот поединец Давид Бабунски во 71.минута ја донесе нашата репрезентација во водство од 2-1, што на крајот беше и конечен резултат на натпреварот.
На крајот, Македонија го освои третото место во квалификациската група, пред Казахстан, а на првите две позиции се пласираа Украина и Швајцарија, со по седум освоени бодови. Но, Украина е првопласирана, откако на денешниот меч со Швајцарија одигра 1-1, но славеше по изведување пенали со 5-3.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2645