Стручњаков утре ќе каже дека сме немале среќа, не сме заслужиле да изгубиме, ама сепак имаме шанси за пласман доколку ја победиме Ирска на домашен терен (ПАМТЕТЕ ГИ ЗБОРОВИВЕ).
За натпреварот што да се каже, Ирска заслужено победи, никој не ни е крив што не можевме денес една ваква Ирска да совладаме. Зборот КАТАСТРОФА за да се опише нашата одбрана е мал, такви грешки ни играчите на Фљамуртари не прават. ОЧАЈ, БЕДА, МИЗЕРИЈА! Под итно оставка да поднесе дегенот Јонуз, а по него и цела неписмена тајфа од ФФМ!!! Време е за сосема нова репрезентација, репрезентација која ќе се смени од корен!
Го донесоа фудбалот на рамниште на оној од Андора и Фарски Острови... Сите напредуваат, само ние назадуваме, но не за џабе викаат, спортот е одраз на луѓето што ја водат државата.