Македонска политичка патетика

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Не само што ме насмеа, насловов којшто го прочитав ги потврди моите тези дека деца коишто уште гаќите си ги полнат со песок, наместо да се посветат на КРЕАТИВНИ НЕШТА, бистрат политика. А бе да земиш да ги стрелаш! Еве читајте : жал ми е ако ова во Македонија се случува.


Од Народна 15-годишници преминаа во ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ презентираше повеќе од 20 малолетни деца кои преминале од редовите на ВМРО-Народна во нивната партија. Довчерашни припадници на Унијата на млади сили на „народњаците" од скопската населба Кисела Вода, предводени од претседателот Стојанче Зафировски, вчера на прес-конференција соопштија дека имаат сериозни индикации оти нивната досегашна партија ВМРО-Народна се договорила за постизборна коалиција со СДСМ и поради тоа одлучиле да се вратат во матичната ВМРО-ДПМНЕ. Со исклучок на Зафировски и уште две-три постари лица, најголемиот дел од останатите присутни кои ги смениле партиски бои, беа малолетници. Дел од нив, облечени во партиски обележја, ни изјавија дека имаат по 15 години. Зафировски на прес-конференција тврдеше дека поголемиот дел од вкупно 300-те преминати членови биле полнолетни, но не можеле да дојдат на презентацијата.

ВМРО-Народна партија вчера побара од МВР, ДИК и другите надлежни државни органи да преземат мерки и активности за злоупотреба на децата во предизборни цели. „Мора да се спречи злоупотребата на деца во Гебелсовата кампања на ДПМНЕ", изјави портпаролот Александар Ѓорѓиев. Тој тврди дека Зафировски бил избркан од Народна уште во февруари годинава. (Б.Г.)
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Не се децата криви, туку медиумите. Се труби само за политика и ништо друго.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
JeCILaDy напиша:
Не се децата криви, туку медиумите. Се труби само за политика и ништо друго.
Не се ниту медиумите криви што РОДИТЕЛИТЕ не знаат како да се грижат за нивните деца. :pishtoldz
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Се мислев да ги спомнам и родителите...ама ај ..
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Исполитизирани родители - исполитизирани деца. Срамота. Во културниот свет се оди во апс за такви работи со деца. А кај нас? Па на митинзите е полно деца бе, луѓе. Уште од мали идеализираат лидери на политички партии! И тоа дете ке се развие во здрав човек? не верувам.
 
Член од
4 мај 2006
Мислења
34
Поени од реакции
0
Тоа што се исполитизирани и родителите и децата, би можело некако и да се голтне. Ама, што се пауперизирани...еее, тоа е веќе нешто друго!
Од сиромаштијата нема така лесно да излеземе, а за политизацијата, се зане...турска поговорка, Анархијата е мајка на редот!
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Овие од ДПМНЕ (бамбуча) сакаат да претстават слика пред народот дека еве сите идат кај нас, не бирајки средства и методи. Па макар тоа биле и деца
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
44
asterix_m напиша:
Овие од ДПМНЕ (бамбуча) сакаат да претстават слика пред народот дека еве сите идат кај нас, не бирајки средства и методи. Па макар тоа биле и деца
А си видел ти 5 годишни деца со маици СДСМ, со научени пароли и што пеат партиски песни? Па дури и се тепаат со комшиските деца ако нивните родители се од друга партија.

Затоа немој да зборуваш за слики и прикази.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
humanoid напиша:
А си видел ти 5 годишни деца со маици СДСМ, со научени пароли и што пеат партиски песни? Па дури и се тепаат со комшиските деца ако нивните родители се од друга партија.

Затоа немој да зборуваш за слики и прикази.

Си видел 14-15 годишни деца од СДСМ пред камера да изјавуваат “да еве ние се вративме од кај НСДП“:nenene:
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
44
asterix_m напиша:
Си видел 14-15 годишни деца од СДСМ пред камера да изјавуваат ”да еве ние се вративме од кај НСДП”:nenene:
Сум видел во живо и на телевизија многу работи за кои ти се правиш слеп. Но така ве пумпаат партиите, не може да се помогне додека не се самоосвестите.

Од причина што сум деполитизиран можам многу поубаво да ги видам сите ваши свињарии за кои вие велите дека се успеси.

Затоа не ми одговарај колку да бидеш последен во темата.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
humanoid напиша:
Сум видел во живо и на телевизија многу работи за кои ти се правиш слеп. Но така ве пумпаат партиите, не може да се помогне додека не се самоосвестите.

Од причина што сум деполитизиран можам многу поубаво да ги видам сите ваши свињарии за кои вие велите дека се успеси.

Затоа не ми одговарај колку да бидеш последен во темата.
Шефе дај докази кај си видел кого си видел. фактографија, слики видеозапис и сл
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
44
asterix_m напиша:
Шефе дај докази кај си видел кого си видел. фактографија, слики видеозапис и сл

:pos:

Не се прави паметен повеќе од она што си.

Врти малку по форумот, па ќе најдеш многу докази, па ќе најдеш и мои мислења.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Многу јасно со свои очи сум видел дека на секој еден митинг, на било која политичка партија, родителите - партиски војници, ги шараат децата со навивачки бои како во фудбалот, но партиски и такви ги носат по митинзи и др. партиски активности.
Таквата појава е злоупотреба на децата, и како таква, треба да биде сузбиена и казнива како што напишав и погоре. Што знае дете од 14-15 год. за политика? Ништо. Тоа е само труење на умот кој сеуште се развива. да не се самоцитирам, прочитајте и погоре.

П.С. Мислам дека партиите на Албанците во РМ водат во таа злоупотреба на децата. Уште ми е во сеќавањето една слика од митинг на некоја од овие партии, видена на ТВ каде на бината стојат деца облечени во албанска народна носија и во рацете ги држат албанското и партиското знаме. Поеклатантен пример - здравје.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јеботе идиотизам. Па Гебелс не им е рамен на ДПМНЕ.
Ајде, уште Гвујо Југенд нека направи следно и да се убиеме. А тоа родителите, за на клада се.
Јеботе.
 

MarthaGraham

Олд Скул
Член од
21 ноември 2005
Мислења
673
Поени од реакции
8
asterix_m напиша:
Си видел 14-15 годишни деца од СДСМ пред камера да изјавуваат “да еве ние се вративме од кај НСДП“:nenene:

Ова демек СДС-овските деца се паметни и принципиелни, ако се само деца од 14-15 години.:poss::tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom