Македонска политичка патетика

Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Ааа, сум рекол и порано? Старост, Гарфилде, знаеш, сенилност...
И не само на Тута Арифија! Има и други!!!
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
БЕЗ КРОКОДИЛСКИ СОЛЗИ, МОЛАМ!

Според Уставот, државата е унитарна, а влада формира оној што ќе собере минимум 61 мандат. Толку. Нема Албанци, нема МакедонциЦелокупната “внатреалбанска” дебата што деновиве, во најголем дел, се води на македонски јазик, околу невлегувањето на ДУИ во новата влада е, делумно, со промашени аргументи, а во останатиот дел се води од промашени мотиви. Аргументите дека ДУИ мора да влезе во владата не стојат, а ним не им помага ни фактот што Мендух Тачи, бездруго, е најнеомилениот албански политичар меѓу Албанците (а и значаен број неалбанци) во Македонија и пошироко. За да се мрази Тачи постојат отповеќе добри причини. Но, да се тврди дека без ДУИ новата влада на Груевски е “нелегитимна” е - глупаво. Од повеќе причини.

МАТЕМАТИЧКА ЗАВИСНОСТ Прво, очигледно е дека ДУИ ужива помали симпатии меѓу своите гласачи одошто се надеваше пред изборите. Сега е јасно дека подоста од ДПА/Тачиевата реторика за причините за кризата во 2001 г., за моралниот “лик и дело” на раководството на ДУИ или за работата на владата во која партиципираше и ДУИ, фатило добра поддршка меѓу гласачкото тело во Македонија. Можно е за тоа да придонеле и методите за убедување на гласачите што можеби ги применил Тачи, но за тоа сега е доцна да се спори. Треба да се респектираат 11-те освоени пратенички места на ДПА. Груевски, имено, не ја кани, на пример, ПДП, со тројца пратеници, да влезе во владата, а да ги маргинализира ДПА со 11 и ДУИ со 14 пратеници, па да ја доведуваме во прашање легитимноста и политичкиот опортунитет на таквиот избор. Поканети се ДПА, што, за ДПМНЕ, е логичен и легитимен избор - а колку е паметен, времето ќе покаже. Впрочем, ова е прва демократска македонска влада во која етничките македонски коалициони партнери немаат владино мнозинство во Парламентот без “помошта” од етничкиот албански коалиционен партнер. Со други зборови, власта на Груевски и математички ќе зависи од желбата на Тачи.
Второ, ако ДУИ отворено се гордееше со својата социјалдемократска ориентација, со партиската организација во Кочани и со придобивките од Охридскиот договор, ступидно е сега да се повикува на “победата меѓу Албанците” како главен аргумент за некаква легитимна партиципација во новата власт. Не може за влез во влада да се прикажувате како опасни националисти, за влез во историја да се прикажувате како наивни социјалдемократи, за влез на царина како битанги, а за влез во илегала како марксисти-ленинисти... Односно, може, ама затоа нема разлика меѓу вас и омразениот Тачи, за што се заслужува седењето во опозиција.

МИЛ НА ТЕТИН Трето, и ништо од погоре изнесеното да не важи, важи Уставот на Македонија. Според него, државата е унитарна, а влада формира оној што ќе собере минимум 61 мандат за поддршка во Парламентот. Толку. Нема Албанци, нема Македонци. Сите граѓани имаат исти права и секој еден пратеник има ист капацитет на застапување на тие права.
Притоа, ако тоа (унитарноста на државата) некому не му се допаѓа, пропишан е начинот за промена на Уставот, и тоа со специјални гаранции за заштита токму на интересите на албанското малцинство (затоа и го имаме Бадентеровото правило за “двојно мнозинство”). Има и насилни, вонуставни варијанти. Секој кој мисли дека тие варијанти ќе му донесат поголем политички успех, може да проба. Таман ќе се види дали домашната и меѓународната “Охридска инвестиција” вредела и дали може да го издржи тестот на времето и настаните. Цената ќе ја платиме сите, ама овојпат ќе биде многу, мнооогу поголема од 2001 г.
Според тоа, би било убаво угледни луѓе, Албанци, да престанат со јавни “прагматични” политички толкувања на законските и демократските стандарди во земјава, оти од македонска страна веќе се вклучија познатите “прагматици” (од експертите во апостолки, до оние во сукњи) од чиј “прагматизам” оваа земја само крв и насилство трпеше цела една деценија и повеќе.
Затоа, да го оставиме Груевски да си ја формира владата - ако може, оти на внукот на Тито Петковски, заедно со тетин му Маноли, плажата во Грција деновиве ептен му се погодила - да видиме колку таквата влада ќе трае, па следниот пат кога (и ако) ДУИ ќе биде партиципиент во некоја идна влада нека мисли како нејзиниот капацитет, кадровската политика и конкретните потези се одразуваат врз изборниот рејтинг на останатите (“македонски”) коалициони партнери. Зашто, во Македонија, без коалиција, очигледно, не се владее.

СКУТОТ НА ТАЧИ Сосема друга работа е што мисли да прави Тачи во новата влада. Тој е толку преокупиран да му се одмазди на ДУИ за сите понижувања што мораше да ги истрпи изминативе четири години, што не сум сигурен дека нема да ги искористи сите опции што му стојат на располагање за остварување на својата одмаздничка цел: од судските случаи што од Хаг ќе бидат вратени во Македонија (“Раководство на ОНА” итн.), преку блокирањето и пренасочување на сите бизниси и тезги што ги разви ДУИ во меѓувреме (особено со Косово), до отцепување на што повеќе УЧК-команданти и пратеници на ДУИ кон своите редови. Ова, последново, е мошне опасно, бидејќи ќе го доведе во прашање Бадентеровото мнозинство на ДУИ, сега единствениот политички механизам за институционално делување на интегративците. Затоа и мислам дека таа работа, меѓу Албанците, нема да ја биде без пиштоли. Проблемот е што Груевски, вака “седнат во скутот” на Тачи, ќе ја инволвира целата држава во таа меѓуалбанска пресметка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom