Македонска политичка патетика

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
asterix_m напиша:
Сега како НП имавте деца у кавадарци, не многу ама имаше, ништо страшно.

Ама ако се земе дека Љубчо беше претседател на ДПМНЕ колку пати девојчиња мали во народни носии го пречекуваа со погача и сол
Поарно со погача и сол него со раширени нозе под дејство на опојни средства и под закана дека ќе заврши во најлон ќеса на некое буниште :wink:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
То, то, кажи му/им.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Macedalien напиша:
Поарно со погача и сол него со раширени нозе под дејство на опојни средства и под закана дека ќе заврши во најлон ќеса на некое буниште :wink:
na ova
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Народна ќе ја поддржи владата на ДПМНЕ

31.07.2006 Се сретнаа, директно очи в очи за да си ветат соработка. Весна Јаневска в.д претседателот на ВМРО Народна попладнево беше во ВМРО ДПМНЕ кај Никола Груевски. Прв пат откако се одвоија ВМРО ДПМНЕ и Народна.
Јаневска му ветила на Груевски дека ќе му даде подршка по принципот на малцинска влада, преку ДПА. Зошто не директно? За А1 таа вели, им дадовме збор на ДПА дека идната влада ќе ја има подршката, а тоа ќе го оствариме преку нив.
За ВМРО народна беше најбитно ДУИ да не биде во власта, откако тие излегоа од преговорите нашата партија односно пратениците ќе ги подржат предлозите на ВМРО ДПМНЕ и ДПА, вели Јаневска.
Сега Груевски има плус 6 пратеници за гласање во парламентот или вкупно 71 со НСДП, ДПА, ПЕИ и ДОМ. Во партијата на Груевски средбата со Јаневска ја нарекоа конструктивна, не дадоа детали од разговорот.
Дознаваме дека не биле поставени приоритети и дека Јаневска не барала помилување или успорување на процесите подигнати против нејзини функционери како Војо Михајловски, Ламбе Арнаудов.
Со овој потег Народна сака да покаже и единство на партијата. Јаневска останува на ставот дека се шпекулации тврдењата дека нејзините пратеници можат да заминат во редовите на ВМРО ДПМНЕ.
И двете страни не исклучија во иднина средба Георгиевски-Груевски, кога и каде не прецизираа.

ПАТЕТИКА И СМЕШКИ!!!
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Се виделе-не се виделе исто ти се фаќа.
Важно, ги нема ни ДУИ ни Тута Арифија!
Супер!
 
OBI VAN

Kenobi
Член од
5 мај 2006
Мислења
127
Поени од реакции
0
Земете го денешен Утрински Весник, не е излезен електорнски уште, ќе видите уште една политичка патетика.

Имено Антонио Милошевски пишува колумна за преговорите со ДУИ и во еден дел, споротивно на сите свои претходни мислења и написи дури ги барни ДУИ како инетлигентни, директни а говорот на Џафери Муса бил навистина изавден од ”контекст„

„Муса Џафери има многу логична мисла ( и покрај сето непријатно изненадување што го предизвика во јавноста со дадената изјава за калшниковите” :dudlac:

Од секогаш ми се повраќало од вакво лижење газови :pov:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Класика : Македонија е полна со такви.
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Пак ќе кажам, најважно е дека нема ДУИ и Тута Арифија!
Таа да беше, Косово ќе го признаеше уште њо првата минута по прогласувањето на независноста.
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Ставрно патетично

По завршувањето на изборите на 5 јули, изборните резултати ни го наметнаа прашањето (во ВМРО-ДПМНЕ) дали да се влезе во преговори со ДУИ, довчерашниот верен коалициски партнер на СДСМ. Многумина се сомневаа дека одговорот ќе биде однапред определен од сж уште силните негативни перцепции спрема активностите на дел од раководството на оваа партија за време на воениот конфликт во 2001 година. И не е тајна дека кај голем дел од македонската политичка јавност тоа сж уште се смета како најтемната дамка во досието на овој млад политички субјект. Резервата спрема луѓе со таков бекграунд за секого треба да биде разбирлива - и за дипломатите, и за медиумите, и за самите претставници на ДУИ. Сепак, одговорот на прашањето дали да се седне на преговарачката маса со ДУИ беше производ, пред сж, на еден прагматичен и рационален пристап спрема политиката и, пред сж, спрема одговорноста што беше добиена.

Првенствено, на секого му беше сосема јасно што значи тоа релевантен политички субјект и што значи изборниот легитимитет пресликан во 17-те пратеници на коалицијата ДУИ-ПДП. Второ, парламентарната математика која го бара збирот од минимум 61 пратеник како неопходност за преземање на извршната власт ги посочуваше побројните парламентарни групи како попожелни. Ваквата реална и зрела политичка процена беше основата за позитивната одлука да се почнат разговорите. И сметам дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ не ги затвори очите пред политичката реалност беше навистина трезвена постапка која покажа дека раководството на партијата има капацитет да носи рационални одлуки. Истовремено, водечка цел беше уверувањето дека ќе биде добро за државата спроти решавањето на статусот на Косово доколку се успее и ДУИ и ДПА да се седнат на заедничка маса. Сепак, тоа се покажа како невозможна мисија која, исто така, открива еден гол политички факт, а тоа е дека јазот на нетрпеливоста меѓу албанските политички чинители е неспоредливо подлабок отколку што е тоа случај со односот на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ, или спрема ДУИ. Латентниот конфликтен потенцијал е скриен тука. Следствено, политичкиот набој кој фрла искри на релацијата ДУИ - ДПА е она кон што, според мене, треба да се насочи конструктивниот дипломатски менаџмент за отворање на еден позитивен меѓупартиски дијалог. Тоа е предизвик кој не е неостварлив и на кој треба да се работи перманентно во следниот период. Ако ДУИ и ДПА не можат да бидат дел од една иста владина коалиција, тоа не смее да биде пречка тие да не можат да бидат дел од еден отворен дијалог за градење на меѓусебната доверба.

Сега да се вратам на преговорите со ДУИ. Секако, во колумнава нема да изнесувам подробности кои би ја откриле доверливоста во однос на преговорите за можната ресорска поделба на одговорноста во извршната власт, но ќе го истакнам она општото што сметам дека треба да се истакне. Првата резерва што ја имавме кога седнавме да преговараме со тимот на ДУИ беше дека тоа се довчерашните верни сојузници на СДСМ. Оние кои во изминативе четири години СДСМ љубоморно ги чуваше во својата властољубива прегратка. Оние со кои СДСМ помина и лошо и добро, со кои успешно менаџираше неколку владини кризи и со кои здружено се бранеше од јавните критики во врска со три-четири крупни корупциски афери (сетете се само на аферата со Буџаку). Втората резерва беше поврзана со уделот на министрите на ДУИ во однос на општиот економски неуспех што го произведе владата на Бучковски (но и на Костов и на Црвенковски). Голем знак прашалник. И третата резерва, впрочем, беше и најголемата, а тоа е како да се има доверба во луѓето кои воопшто не ги познавате. Седнавме да разговараме со луѓе што не ги познававме и што не нж познаваа. Чија би требало да биде одговорноста за ваквата ситуација беше најмалку важно. Како и да е, пред нас (Славески, Јанкулоска, Ѓорчев, Милошоски) ги сретнавме и ги слушавме излагањата на Муса Џафери, Теута Арифи, Ермира Мехмети и Фатмир Бесими. Почнавме со „добар ден, како сте", разменивме телефони, а продолживме со општите дискусии за изборните програми и принципи. И видовме дека тоа се интелигентни луѓе, луѓе кои знаат да дадат добра претстава за својата партија. Теута Арифи говори одлично македонски и има богат политички речник, Бесими поставува конкретни прашања, Ермира Мехмети знае да даде бистроумни коментари, а Муса Џафери има многу логична мисла (и покрај сето непријатно изненадување што го предизвика во јавноста со дадената изјава за „калашниковите"). Но, сепак не бевме сигурни дека запознавајќи ги нив ние ја запознаваме ДУИ во целост. Понатаму приказната е позната: прегласување, договор со ДПА, лоша изјава, лавини реакции во јавноста, скептичност, дипломатско посредување, недоверливо продолжување на дијалогот и епилог без заеднички договор.

Како и да е, разговорите, сепак, значеа политички успех. Зошто, па нели не се договоривме?! Да, не се договоривме, но почнавме да се запознаваме. Се поздравивме. Секој од нас може и утре да им се јави на луѓето со кои разговаравме и да ги покани на кафе за која било важна или неважна тема. Го скршивме мразот што изминатите четири години стануваше сж подебел и подебел. Разбивме едно табу кое најмногу му годеше на СДСМ, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не може, не смее или нема смелост да отвори политички дијалог со секого во Македонија. Не е така - за нас е важен политичкиот дијалог со сите во Македонија, особено со партијата што има 14 градоначалници. Токму затоа, не барајќи ништо за возврат, ветивме дека новата влада ќе се однесува кон овие градоначалници со посебна внимателност, а сж со цел да не се почувствуваат како субјект на политички реваншизам, туку како активен чинител во создавањето клима за позитивна соработка помеѓу локалната и централната власт. Сума сумарум: она што не било постигнато од икс причини во изминативе четири години, ние го постигнавме за четири дена - воспоставивме реален линк (со сите недостатоци) помеѓу два сериозни и релевантни политички субјекти во Македонија. Затоа секоја оцена за (не)успешните преговори со ДУИ која го превидува овој факт е неиздржана и нецелосна.

ОВА Е КОЛУМНАТА НА АНТОНИО МИЛОШЕВСКИ
 
Член од
28 јуни 2006
Мислења
403

И шо и фали на колумната?јас негледам дека антонио некаде ја предал македонија.убаво си кажува човекот дека работите за кои сдсм неверуваше дека ке ги направи дпмне во врска со дуи,не само шо се почна со една комуникација помеѓу две крајно спротиставени партии туку од тоа најповеќе полза има и самата дуи.па време и беше некој машки да и каже дека време и е за опозиција и доста ни е на сите нам од нивните уцени.
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Да не е ова некаков сон?
Или навистина сево ова ни се случува?
Бог да чува!
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
за бачило

asterix_m напиша:
, Првенствено, на секого му беше сосема јасно што значи тоа релевантен политички субјект и што значи изборниот легитимитет пресликан во 17-те пратеници на коалицијата ДУИ-ПДП.

Првата резерва што ја имавме кога седнавме да преговараме со тимот на ДУИ беше дека тоа се довчерашните верни сојузници на СДСМ. Оние кои во изминативе четири години СДСМ љубоморно ги чуваше во својата властољубива прегратка. Оние со кои СДСМ помина и лошо и добро, со кои успешно менаџираше неколку владини кризи и со кои здружено се бранеше од јавните критики во врска со три-четири крупни корупциски афери (сетете се само на аферата со Буџаку).

Како и да е, пред нас (Славески, Јанкулоска, Ѓорчев, Милошоски) ги сретнавме и ги слушавме излагањата на Муса Џафери, Теута Арифи, Ермира Мехмети и Фатмир Бесими. Почнавме со „добар ден, како сте", разменивме телефони, а продолживме со општите дискусии за изборните програми и принципи. И видовме дека тоа се интелигентни луѓе, луѓе кои знаат да дадат добра претстава за својата партија. Теута Арифи говори одлично македонски и има богат политички речник, Бесими поставува конкретни прашања, Ермира Мехмети знае да даде бистроумни коментари,

а Муса Џафери има многу логична мисла (и покрај сето непријатно изненадување што го предизвика во јавноста со дадената изјава за „калашниковите").
Па ти ако не можеш да сватиш тоа е друга проблематика, или си глуп или си заслепен од портокаловиот блесок, само малку размисли објективно и ќе видиш еден ист текст со два аршина.:wink:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
0405037957 напиша:
На онаа Тута Арифија сум алергичен!!!
Мислам дека на сите одамна ни стана јасно тоа. :):poss:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom