Македонска кошаркарска лига сезона 2015/16

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    36
  • Гласањето е завршено на .

DoYouEvenPitchBro

How you doin'?
Член од
10 август 2015
Мислења
444
Поени од реакции
273
Иако има повеќе од еден месец до почетокот на новата сезона во македонската кошарка ја отварам темава за тука на едно место да може да дискутираме за екипите,очекувањата,нови играчи и сл.
Од оваа сезона лигата е скратена и ќе брои 8 екипи три од Скопје(МЗТ Скопје,Работнички и Карпош Соколи), две од Гевгелија(Кожув и Бест) и по една од Куманово(Куманово),Кавадарци(Фени Индустри),Струмица(Струмица).Екипите горе доле ги склопија ростерите,повторно оваа сезона главен фаворит ќе биде актуелниот шампион МЗТ Скопје а најголем конкурент би требало да му биде ланскиот финалист Куманово кој оваа сезона ќе игра и во фиба еврокупот потоа следуваат Карпош,Фени и Кожув од позадина воедни овие пет екипи би требало да водат битка за четирите плеј оф места секако дека не смее да се отпише и Работнички кој иако влегува без некои амбиции и најави драстично подмладување сепак секогаш е можно изненадување и на крај Струмица и Бест најверојатно ќе се борат да го избегнат тоа последно место.
Сега за сега ростерите изгледаат отприлика вака:
МЗТ Скопје:1:Марко Љубичиќ-????
2:Дамјан Стојановски-Марко Симоновски
3:Ѓорѓе Дреновац-Горјан Марковски
4:Марко Луковиќ-Данило Мијатовиќ
5:Душко Буниќ-Лубомир Младеновски
Се очекува уште едно странско засилување на позиција еден, но не е исклучено и потпис на уште барем еден репрезентативец...
Куманово:1:Александар Костоски-?????
2:Димитар Караџовски-?????
3:Вукашин Мандиќ-Ентони Ли Инграм
4:Марјан Јанески-Бојан Радетиќ(најверојатно)
5:Урош Луковиќ-Игор Бјелиќ
Се очекува да потпишат најмалце уште еден бек
Карпош Соколи:1:Марко Болтиќ-?????
2:Дарко Соколов-????
3:Филип Шепа-Игор Пенов
4:Антон Кажарновски-Филип Бакоќ
5:Душан Кнежевиќ-Александар Петровиќ
Им фали најмалце барем уште еден комбо плеј/бек
Фени Индустри:1:Горан Самарџиев-Бобан Стајиќ
2:Карло Враговиќ-?????
3:Миладин Пековиќ-?????
4:Владимир Ивељја-?????
5:Кирил Николовски-????
Се очекува доаѓање на уште 3-4 играчи пред да биде затворен ростерот и пред да може да се даде било каков коментар за амбициите и квалитетот на екипата
Кожув:1:Алексеј Нешовиќ-????
2:??????-Горан Главчев
3:Владимир Брчков-?????
4:Златко Гоцевски-?????
5:Александар Штерјов-Томчо Соколов
Им фалат барем уште тројца играчи
Работнички:Освен Димитар Мираковски барем колку што јас знам немаат друг играч под договор ,најавија драстично подмладување но сеуште немаат излезено со конкретни имиња
Струмица:Немам никакви информации ако знае некој нека пише
Бест:Го потпишаја Никола Гајдаџиев од Левски се збореше и за Голубовиќ други информации немам најверојатно ќе одат со домашни играчи без некои странци
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.108
Поени од реакции
4.960
Ја само не знам како им е у план Марко Луковиќ на 4-ка ама ќе видиме кога ќе почне сезона.
Инаку сега за сега Соколи имаат подобар тим склопено од Куманово ама ќе видиме како ќе функционираат .
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.980
Поени од реакции
6.900
Струмица постои на хартија, ниту има играчи, ниту младинска школа, значи ништо.Ќе се направи нешто најверојатно да не пропадне местото и повторно ќе се борат за опстанок, и ќе губат од сите 30+ разлика (освен од Кожув, стални пациенти ни се :D).
 

DoYouEvenPitchBro

How you doin'?
Член од
10 август 2015
Мислења
444
Поени од реакции
273
Кожув потпиша со Брендон Пен крилo 203см лани играл за аполон имал просек од 12.1 поени и 4 скока по натпревар големо засилување за нив,без многу галама направија добар тим засега кожув дури и посилен од лани ќе имаат им фалат уште 2-3 играчи[DOUBLEPOST=1441358670][/DOUBLEPOST]
 

DoYouEvenPitchBro

How you doin'?
Член од
10 август 2015
Мислења
444
Поени од реакции
273
И Ивица Димчевски потпиша за Кожув и како што изгледа после МЗТ ќе имаат најсилен состав
 
Член од
14 февруари 2015
Мислења
199
Поени од реакции
82
Κуманово потпиша со Ρеган κρилен центаρ ваκа на пρв поглед делува κаκо под пρосечно засилување κолκу да пополни место иначе оваа ќе му е ρуκи сезона и аκо навистина κумановци го затваρаат ρостеρот со овај далеκу од тоа деκа ќе бидат κонκуρентни за титула
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.108
Поени од реакции
4.960
Ова му е руки сезона и сигурно е донесен за ефтини пари.
 

DoYouEvenPitchBro

How you doin'?
Член од
10 август 2015
Мислења
444
Поени од реакции
273
Кожув потпиша и со Џон Шарпер бек шутер кој пред 3 години играше во Работнички ,а Димчевски уште не е потпишан засега иако имаше такви информации
 

DoYouEvenPitchBro

How you doin'?
Член од
10 август 2015
Мислења
444
Поени од реакции
273
И Димчевски потпиша за Кожув официјално сега очекувам да го потпишат уште Трајковски на 4-ка и да го затворат ростерот евентуално уште еден странец ама не верувам,ќе имаат доста добра надворешна линија
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Ништо од мотивацијата.Немат Вива Сокови.

После ХуавеИ, супер купот го бројат од почеток :pos:

Победниците на Супер кошаркарскиот куп во Охрид ќе бидат наградени со најновите модели на Хуавеј-смарт телефони

Охрид, 24.септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Викендов Македонската кошаркарска федерација и општина Охрид ќе бидат домаќини на кошаркарскиот ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015.

Во првиот ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015 кој ќе се игра како турнир ќе учествуваат шампионот МЗТ Скопје, победникот на Купот Работнички и финалистите во двете национални натпреварувања Куманово и Кожув.

Во првото полуфинале в сабота од 17 часот и 30 минути ќе играат двете најдобри екипи од купот на Македонија, Работнички и Кожув, во 20:15 часот за вториот финалист во ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015, ќе решава дуелот меѓу шампионот и вицешампионот, МЗТ Скопје А. – Куманово.

Националниот телевизиски сервис МТВ ќе врши директни преноси од сите три натпревари. Натпреварите ќе се играат во салата „Билјанини Извори“.

Генерален спонзор и покровител на Супер Куп-от е глобалниот електронски гигант ХУАВЕЈ, најголем провајдер на телекомуникациска опрема во светот, преку која се пренесуваат телефонските разговори на преку 3 милијарди корисници.


ХУАВЕЈ, најдобриот играч и најефикасниот кошаркар на турнирот ќе ги награди со најнови модели на Хуањеи П8, односно Хуањеи П8 лите, смарт телефони, а исто така со најнов смарт телефон Хуањеи Г620 ќе биде награден и најсреќниот гледач на финалниот натпревар.

Целокупното сместување на сите учесници е во организација на Општина Охрид, која вторпат за неполн месец, е коорганизатор со МКФ на уште многу значаен настан во кошарката,со што Охрид прераснува и во центар на кошарката.

Дуелите на четирите најдобри екипи ќе бидат одлична најава на новата сезона, која стартува на 10. октомври, со учество на осум екипи, кои ќе играат четирикружен систем, по што ќе следува Плеј оф во кој ќе учествуваат шесте најдобри екипи од регуларниот дел од првенството.(Крај)


извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес
 
Член од
19 август 2015
Мислења
153
Поени од реакции
81
http://sportmedia.mk/kosharka/domashno-prvenstvo/feni-potseti-na-shampionskite-denovi-kumanovo-izgore-vo-kavadarechki Одличен старт на Фени 96-81 Куманово , покажаа дека и без огромен буџет како што беше претходно може да се игра и да се гине за својот дрес , Ивеља , пековиќ , кире николовски и самарџиев бомбардираа од сите страни ,самото тоа што кај кумановци само 3 играчи имаа двоцифрени поени а кај нашите 6 играчи покажува каква игра приредија ,а кај гостите дефинитивно Луковиќ ја носи цела игра и го држи тимот на ниво , класа играч , одличен центар, кумановци треба доживотно да му бидат благодарни за тоа што го прави за овој тим :) сепак како и да е рано е сеуште да се прогнозира но со ваква игра како денеска на Фени ако продолжат понатаки сигурно ќе се борат за титула ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom