Добро кога прогнозирате раст на цените можете да кажете на што го базирате тој енормен раст? Се расфрлаат тука бројки со раст од по 100%. Зошто? Како дојдовте до тие бројки? Само немојте со тоа идиотското прошлите четири години растеа по 50%, значи и следните ќе продолжат да растат исто. Втф. Поголемиот дел од компаниите се повеќе или помалку преценети врз основа на сите параметри. Сите што знаат барем малку финансии ви го кажуваат тоа, и ќе се најде некоја легенда ќе лупне кмб на 30к и тоа може да залаже некој неискусен лик да си ги поебе парите читајќи го првиов. Не се работи за паника, туку за рационалност аман. Во моментов цените се на ath, има повеќе различни ризици by the book кои носат неизвесност и можат многу негативно да се одразат на цените. Купување сега на овие цени за мене е класично коцкање, да земам да се надевам дека ниту еден од постоечките ризици нема да се реализира и тоа нема да се одрази на берзата.
Порака до новите инвеститори е прво да научат како да ги анализираат акциите, па дури потоа нека прашуваат како и што да купат. Не секогаш тие анализи ќе испаднат точни ама барем ќе знаете што и зошто купувате, наместо да се ослонувате на рандом форумски ликови кои ќариле последниве 3 години па мислат дека го заебале ворен бафет.