Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Интересно како никој не се запрашал зошто нема ниеден странски фонд да инвестира во државата и да апне од огромните добивки, туку напротив странците дезинвестираат, како нпр. Рамстор или Дајнерс. Исто така, и огромните домашни задолжителни пензиски фондови што управуваат околу 1,5 миљарди евра не вложуваат скоро па у ниедна домашна компанија освен Алкалоид. Еве може како шерифот и вие да им пратите некој имејл и да им препорачате некоја добра домашна акција да ја додадат у портфолиото.
Автоматски споено мислење:

Ајде ајде, паднал АЛК 2-3%, не е ништо страшно. Да стискаме палци барем продавачите да се пензиските фондовски крлежи од вториот столб коишто поседуваат дваесетина милиони евра вредни акции од АЛК. Минатата година Сава фондот продаваше по цирка 13.000, такашто можам да претпоставам како им изгледа сега на 18.000. Тотално би се разочарал у нив доколку во извештаите за третиот квартал не видам дека продавале.

Како и да е, нема потреба да се голтаат диазепами, туку започнете го викендот со вкусно пилешко голд филе :pijanco:
Па еве ќе ги пофалам Сава пошо не разочарале и навистина распродавале АЛК во третиот квартал:

Screen Shot 2021-11-05 at 20.20.23.png
 
Последно уредено:
Член од
19 октомври 2012
Мислења
296
Поени од реакции
252
Не го гледам ПКБ на списокот од акционерски друштва коишто имаат обврска за примена на Кодексот за корпоративно управување... ќе си тераат по старо. Рака настрана на листата ги нема ни Адинг, Бетон, Шпаркасе...
Какво црно Шпаркасе побогу... па они не доставуваат ни „обични“ квартални извештаи до МСЕ, а ни па до КХВ... што друго да се каже
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Тие кодекси служат само колку некој нивен човек да лапне сериозен кеш да ги напише и после да го делат хонорарот. Газдите закон не почитуваат, та ќе почитувале некаквиси кодекси тралалајки што ионака пи.дите од Берзата не се ни трудат да ги спроведуваат. Покрај министрите, клоца треба уште одамна да добие и деценискиот директор којшто само лапа по 4-5.000 евра плата, а нема апсолутно никакви подобрувања во функционирањето на институцијата.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305

Ова е ок, ама ова е целофанот. Со тоа што е внатре суштинското ем не се занимаваат и ми изгледа дека ниту сакаат да се занимаваат оти одма ќе излези нивниот тапа капацитет на виделина....не дека сега не се гледа и тоа од авион. Ако видиме за што се фалеа најмногу последниве 3 години како врвни достигнувања тоа беа: краудфундинг платформата, најдобрата година во промет на берзата (2018та), зголемениот корона промет и тек тук по нешто ситно како ова со кодексот, привремениот бесплатен е-трејдер или студентската берза (стар проект во нов целофан). Далеку од она што очекуваме да видиме како индикатори за мерење: број на компании кои котираат на берза, број на нови компании на берза, број на ИПОа, обем на промет (без блок трансакции), број на трансакции (без блокови), % на учество на домашни физички лица, движење на капиталот домашни vs странски пазари, поквалитетна веб страна со повеќе свежи податоци и пресемтани коефициенти, механизми за заштита на малите акционери и сл. Кога видов дека хрватската берза пополека го зголемува учеството на МСЕ ми беше надеж дека нешто можеби ќе ја биди. Прават некакви заеднички напори на балканско ниво кои ожеби имаат потенцијал нешто да подобрат, но со ова темпо на работа времео ги гази нив, а тие нас.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Со само една годишна бруто плата на вечниот директор, веројатно може да се изврши поврзување на базите на податоци на берзата, депозитарот и сметките за тргување во банките. На тој начин, само берзата ќе емитува универзален клиент како иТрејдрот и преку целосно автоматизирано оставање налози ќе се елиминираат брокерите и милионските провизии што тие секоја година ги наплаќаат.
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Главната иновација во новиот кодекс за корпоративно управување е водедувањето на пристапот ‘‘примени или појасни зошто не си применил‘‘ (comply or explain), и тоа во време кога за ефикасноста, ефективноста и оправданоста на овој пристап се водат сериозни дебати онаму каде што тој се применува. За земја во која владее култура на непочитување и неприменување на нормите и правилата, многу посоодветен е пристапот ‘‘примени или ќе бидеш приморан да примениш‘‘ (comply or you will have to), преку зајакнување на извршната функција (enforcement) на КХВ, на пример.

Но, за воља на вистината, за ниското ниво на корпоративната култура и непочитување на акционерските права најмалку е виновна Берзата, или пак, менаџментот на компаниите. Основните причини се недоволното познавање на правата на акционерите и нивната пасивност, кои чекаат зрелата крушка сама да падне од гранката. Позитивен пример за ефектите од акционерскиот активизам е доборо познатиот случај со ПКБ. Деновиве слушнав дека примерот на ПКБ го следеле и акционерите на БЕТОН кои се одважиле да покренат постапка за утврдување на ништовност на Одлука за наградување на Претседателот на Одборот на директори (од 29.07.2021), во која замислете не е наведен ниту износот на наградата!

Бавно, ама ‘‘Сепак се движи‘‘!
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Не дека пишувањето за ПКБ ми прави некакво особено задоволство, туку тоа е одличен инструктивен пример за прикажување на општи феномени. Пошто сѐ уште се чека второстепената правосилна одлука, нема да биде наодмет да се дотури уште некоја цепаница на акционерскиот активизам па следната недела да се пратат пак групни мејлови и ургенции до соодветните институции да им се освежи интересот за случајот.

И колкушто се сеќавам, веќе ги изгласавме истите ревизори на минатото собрание, па ме чуди зошто пак ќе има собрание со таа точка на дневен ред:

Ете тоа може да биде добар повод за неформална средба со раководството по собранието и разгледување на погонот. А у меѓувреме, конечно по неколку месеци пауза можеме да уживаме во мазниот вкус на Пекабеско пршутот! :pijanco:

FDgWj4MXsAQIUUs.jpeg
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
Бидејќи сме длабоко зацапани во енергетско производствени предизвици (еве од денес РЕК е во фалименто) кај шо се крстиме во донесената кризната состојба и каде шо би имало преветнивна мерка етапно терминско гаснење по региони и индустрии, нешо слично се дешава во моментот и на мсе. Компаниите од реален сектор, плановите за развој и функционирање ги имат поставено на импут цена на струја од 30-45 ЕУР по мегаватчас а сеа веќе и кој знае до кога принудени се да плаќаат по 200. ,,Гаснење'' се надзира во билансите и последично на пазарните цени на акциите на условно сите големи потрошувачи на струја за чии производствени процеси од есенција им е да имаат евтина енергија. Значи очекуваме дебакл во Q4. Само мала верификација на ова е погореизнесеното шо вториот пензиски Сава веќе бега од Алкалоид а веројатно и од останатите.
Банките остануваат, бар до формално кревање на каматните стапки позаштитени но и таму во наредни 2 години ,,бељата ќе си дојде по своето''.
Автоматски споено мислење:

1636364886731.png

Ајде браќа душегрижници и ова го дочекавме :)
 
Последно уредено:
Член од
26 март 2021
Мислења
58
Поени од реакции
93
Sell е препораката и за КМБ...отиде возот надолу :)

Беше потребно освестување во секој случај, мислам дека премногу еуфорија почна да лебди на MSE
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Ајде шитнувајте им тоа акциите уште денес, пошо веројатно маркет-мејкерите имаат некаква обврска да откупуваат со максимален дневен пад од 2-3%. Или пак нека подметне олигархијата грб да си ги брани.

И секако, со кешот натанкирајте си се квалитетен, 12 месеци зреен пршут од знаете веќе каде
 
mortum

Слобода или Смрт
Член од
5 ноември 2021
Мислења
107
Поени од реакции
83
Дечки извештајве шо ги глеате на Wood and Company шо ги глеате се со претплата? Претпоставувам од тука ги превземате, ама бара акаунт. https://research.wood.cz/login
Автоматски споено мислење:

Ајде шитнувајте им тоа акциите уште денес, пошо веројатно маркет-мејкерите имаат некаква обврска да откупуваат со максимален дневен пад од 2-3%. Или пак нека подметне олигархијата грб да си ги брани.

И секако, со кешот натанкирајте си се квалитетен, 12 месеци зреен пршут од знаете веќе каде
У Пекабеско да не работиш? Колку те плаќаат да го промовираш пршутот, се надевам добро ги распоредуваат средствата за промоција доклку ги натерша да натрупаат залихи од пршутот : )
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Дечки извештајве шо ги глеате на Wood and Company шо ги глеате се со претплата? Претпоставувам од тука ги превземате, ама бара акаунт. https://research.wood.cz/login
Автоматски споено мислење:

У Пекабеско да не работиш? Колку те плаќаат да го промовираш пршутот, се надевам добро ги распоредуваат средствата за промоција доклку ги натерша да натрупаат залихи од пршутот : )
Не знам кај виде спомнато Пекабеско...
 
10 декември 2008
Мислења
1.301
Поени од реакции
2.360
Sell е препораката и за КМБ...отиде возот надолу :)

Беше потребно освестување во секој случај, мислам дека премногу еуфорија почна да лебди на MSE
Штета овие што не ја покриваат UNI. Би сакал да знам која ќе им беше Targer цена...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.854
Поени од реакции
15.794
У Пекабеско да не работиш? Колку те плаќаат да го промовираш пршутот, се надевам добро ги распоредуваат средствата за промоција доклку ги натерша да натрупаат залихи од пршутот : )
не работи таму, ама полн е со нивни артии како куче со болви :cool:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom